Судот нареди итно отстранување, болниците немаат место за пациент со шизофренија - Канал 5

Судот нареди итно отстранување, болниците немаат место за пациент со шизофренија

62 годишниот кумановец со дијагноза шизофренија се уште е во својот дом, иако Основниот суд во Куманово донесе одлука со итна мерка да се отстрани на 30 дена од домот. 

Судот нареди итно отстранување, болниците немаат место за пациент со шизофренија

По донесената одлука кумановската полиција веднаш постапила и го однела во психијатрискиот оддел во кумановската болница, каде му дале упат и го пратиле во Клиниката за психијатрија. Но, од таму бил вратен повторно назад во Куманово со образложение дека немаат место, но од болницата им рекле дека и во решението на судот не стоело која инстуција требало да го згрижи. Семејството е во шок, бидејќи тие биле со него до Скопје и по пет часа од врата на врата по сите психијатрски установи бил вратен дома. Тие стравуваат по нивната безбедност и безбедноста на малолетните деца кои биле и полово нападнати од нивниот чичко.

Канал 5 доби одговор од Министерството за здравство каде побарале надзор од ДСЗИ. Од психијатрската болница посочиле дека немаат одделение за пациенти со судска пресуда и тоа го прави психијатриската болница во Скопје која ќе се реновира во наредните три месеци и останува болницата за психијатрија Демир Хисар. Но, засега се уште е нејасно зошто пациентот не бил пратен во болницата во Демир Хисар.

„Државниот санитарен и здравствен инспекторат информираат дека по изјава на одговорното лице на Клиниката за психијатрија Скопје, во текот на вчерашниот ден сите пациенти кои се јавиле за преглед биле преглeдани, но клиниката не располага со судско одделение за пациенти со судска пресуда со мерка безбедност, лекување и чување во затворена психијатриска установа. Тие се прифаќаат во Психијатриска болница Скопје и Специјална болница за психијатрија во Демир Хисар“.-Извор МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО.

Според Законот за кривична постапка доколку не се постапи по судска одлука каде треба да се смести пациент кој е опасен за околината може да има парична за казна за установата, судот може повторно да нареди итно постапување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Тепачот“ Паредес конечно проговори по хаосот во финалето против Шпанија

Аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес даде изјава по драматичното финале на Светското првенство.

„Тепачот“ Паредес  конечно проговори по хаосот во финалето против Шпанија

Паредес беше иницијатор на агресивните напади на Аргентинците кон шпанските фудбалери по последниот судиски свиреж.

Тој ја шокираше јавноста со своето прегрубо и „валкано“ однесување, физички напаѓајќи го Гави и упатувајќи навреди кон другите фудбалери од противничкиот тим.

Сега, тој се огласи на социјалните мрежи. „Ти благодарам, Аргентина; Те сакам сега и засекогаш. Денес пишувам со длабока тага во душата, бидејќи не успеавме да ја донесеме радоста што нашата земја толку многу ја заслужува, но сепак срцето ми е полно со гордост знаејќи дека го дадовме максимумот и уште еднаш гордо го кренавме нашето знаме! Ви благодарам на сите што беа дел од оваа репрезентација – на оваа група играчи кои дадоа сè од себе за да го претстават овој дрес, борејќи се до последната секунда од секој натпревар! Беше чест да се биде дел од најдобрата аргентинска репрезентација во историјата!“, напиша Паредес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата спроведува темелни реформи во социјалната заштита и обезбедува поквалитетни услуги за граѓаните

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на создавање поефикасен, поправеден и социјално поодговорен систем за социјална заштита, преку реализација на конкретни реформи и мерки што директно го подобруваат животот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата спроведува темелни реформи во социјалната заштита и обезбедува поквалитетни услуги за граѓаните

По наследените системски слабости, целосно е реформиран начинот на функционирање на системот за социјална заштита преку воведување ново софтверско решение за интегрирано администрирање на паричните права, социјалните услуги и јавните овластувања.

Преку новиот систем на стручните лица во центрите за социјална работа им се овозможува дигитализирано следење на состојбата и ризиците на секое домаќинство, со што се обезбедува поефикасна и попрецизна поддршка за оние на кои им е најпотребна.

Истовремено, се спроведува темелна анализа на условите за остварување на правото на гарантирана минимална помош и правото на социјална сигурност и доколку се утврдат законски пропусти или злоупотреби од претходните решенија, Владата ќе предложи соодветни законски измени во интерес на правичен и одржлив систем.

Во завршна фаза е подготовката на Законот за вработување на лица со попреченост, а паралелно се работи и на воспоставување унифициран систем за проценка на попреченоста, со цел обезбедување еднаков третман и подобра институционална поддршка.

Владата веќе има склучено над 80 управни договори со општини и лиценцирани даватели на социјални услуги за обезбедување услуги во домот и во заедницата, додека мрежата на даватели континуирано се проширува за да се зголемат квалитетот и достапноста на услугите.

По долгогодишен застој, откочен е и процесот за полагање на стручниот испит за негуватели и воспитувачи, со што се решава проблем што со години го попречуваше функционирањето на институциите и професионалниот развој на вработените.

Едно од најзначајните ветувања на Владата е целосно реализирано линеарното зголемување на пензиите за сите пензионери. Со оваа мерка, пензиите се зголемени за 7.000 денари за повеќе од 330.000 пензионери, што претставува директна поддршка за подобрување на животниот стандард.

Воедно, интензивно се инвестира и во зголемување на капацитетите за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст преку изградба на нови и реконструкција на постојните детски градинки, при што се обезбедуваат услови за прием на дополнителни 3.515 деца низ државата.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги реализира реформите и проектите што носат конкретни резултати за граѓаните. Наместо празни ветувања, Владата испорачува мерки, инвестиции и политики кои создаваат посилен систем на социјална заштита, повисок животен стандард и посигурна иднина за сите.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ - а не слепо црево

Тимчо Муцунски вчера изјави дека Македонија им нуди на индиските компании „конкурентен влез во регионот и на европскиот пазар“.

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ - а не слепо црево

Прашањето е: како?

Како ќе им понудиме излез на стоки кон европскиот пазар кога сме целосно изолирани?

Како од слепо црево на Балканот да се стигне до европскиот пазар - освен преку шверц, како што видовме со петте тони дрога што поминаа низ земјата?

Владата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја држи Македонија надвор од европскиот пат веќе две години.

Реформите се блокирани, а самиот премиер јавно кажува дека ќе чекаме децении.

Во меѓувреме, Тимчо нè убедува дека сме „подготвени да бидеме долгорочен партнер“ на инвеститорите.

Какво владеење на правото?

Европската комисија објави еден од најлошите извештаи досега токму за политизираноста на правосудството и директното влијание на Мицкоски врз институциите. А Тимчо зборува за „зајакнување на владеењето на правото“.

Каква бизнис клима?

Странските инвестиции паднаа за над 60% откако ВМРО-ОКГ е на власт. Ниту еден сериозен инвеститор не доаѓа во земја каде што владее криминал, корупција и политичка контрола врз институциите.

Тимчо зборува за „подобрување на бизнис климата“, додека реалноста е дека климата е таква што ги брка инвеститорите.

Горди сме на НАТО, вели Тимчо. До вчера ВМРО се бореше против влезот во НАТО, а денес Мицкоски преговара за БРИКС како руски proxy играч.

Гордоста доаѓа откако веќе сме внатре. Додека сме во НАТО, Мицкоски и неговите луѓе градат врски со оние кои се спротивставуваат на европскиот и евроатлантскиот пат.

Кога зборува за иновации, образование и дигитална трансформација, Тимчо очигледно мисли на „иноваторите“ од типот на градоначелникот Орце.

На препишувањето на историјата како што тоа го правеше будимпештанскиот романописец - Груевски, и на дигитална трансформација преку билборди и вештачка интелигенција во служба на графички дизајн.

А кога зборува за култура, веројатно мисли на Латас и неговата српско-националистичка, геобелсова пракса, антиевропска и проруски ориентирана култура на тајните служби.

Каква е таа порта, со 10 часа чекање на граница?

Ова е вистинската понуда на ВМРО-ОКГ: изолација, криминал, политизирано правосудство и бегање од Европа кон БРИКС.

А Тимчо тоа го нарекува „нови перспективи за соработка“. Само не знаеме со кого… можеби со Вучиќ.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер