Судот на БиХ ја продолжи мерата забрана за Додик, Стевандиќ и Вишковиќ во случајот напад врз уставниот поредок - Канал 5

Судот на БиХ ја продолжи мерата забрана за Додик, Стевандиќ и Вишковиќ во случајот напад врз уставниот поредок

Мерките за забрана против Додик, Стевандиќ и Вишковиќ беа утврдени во јули годинава, откако се појавија на рочиште пред Судот на БиХ во случајот напад врз уставниот поредок.

Судот на БиХ ја продолжи мерата забрана за Додик, Стевандиќ и Вишковиќ во случајот напад врз уставниот поредок

Судот на Босна и Херцеговина денеска ја продолжи мерата забрана за лидерот на владејачката коалиција во Република Српска, Милорад Додик, за претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ и за поранешниот премиер на РС, Радован Вишковиќ, кои се осомничени за напад врз уставниот поредок на БиХ, според која тие ќе мора периодично да се јавуваат во надлежната полициска станица во следните два месеци.

Мерките за забрана против Додик, Стевандиќ и Вишковиќ беа утврдени во јули годинава, откако се појавија на рочиште пред Судот на БиХ во случајот напад врз уставниот поредок.

Претходно, Судот на БиХ, поради нивното одбивање да бидат испрашани, издаде централна потерница по нив и им одреди едномесечен притвор, кој беше поништен откако се јавија на поканата да бидат сослушани во Државното обвинителство.

Додик, Стевандиќ и Вишковиќ се обвинети за сторено кривично дело „напад врз уставниот поредок“, бидејќи предложиле во Народното собрание на БиХ да се донесе закон со кој на територијата на ентитетот БиХ се забранува работата на некои судски и полициски државни агенции. Уставниот суд на Босна и Херцеговина ги поништи тие закони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица пингопонгари ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство

Групната фаза на програмата на 15-ти Јуни, четворица наши ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство.

Четворица пингопонгари ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство

Мартин Ристески и Бојана Јовевска во категоријата до 15 години и Александар Јакимовски и Софија Хасану до 19 години ги играат првите натпревари на 15-ти Јули од 10 часот.

Во категоријата до 15 години Мартин Ристески се сретнува со Матејус Адамонис од Литванија.

Бојана Јовевска ќе игра против Солек Натиа од Полска

Во категоријата до 19 години настапуваат Софија Хасану против Ковалова Дариа од Украина, а Александар Јакимовски ќе ги одмери силите со Дусине Нејтан од Франција.

Европското пинг-понг првенство се одржува во Гондомар, Португалија, од 10 до 19 Јули.

Пинг-понгарска федерација на Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево

Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево поради „злоупотреба на службената положба и овластување“

Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 13.07.2026 поднесе кривична пријава против С.С.(61) од Делчево, поранешен директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,„злоупотреба на службената положба и овластување“, по член 353 ст.1 во врска со член 45 ст.1 од КЗ.

С.С. како службено лице - директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево ја злоупотребил службената положба и овластување со пречекорување на границите на своите службени овластувања, при што во периодот од 2023 до 2025 година, на вкупно 112 вработени во ЈКП „Брегалница“-Делчево им издал вкупно 92 решенија за зголемување на основната плата поради работна успешност, при тоа без да има предлози од непосреден раководител на работникот и без согласност на непосреден раководител на работникот, со што постапил спротивно на член 51 ст.1 од Колективниот договор за комуналните дејности и спротивно на член 81 ст.2 од Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите од работниот однос на работниците од ЈКП „Брегалница“- Делчево и предизвикал вкупна материјална штета на јавното претпријатие од 267.873 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ денеска го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона.

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона

На заедничка прес-конференција ги најавија музичките настани што ќе ја одбележат летната програма, како и ексклузивните поволности што ќе бидат достапни за клиентите на НЛБ Банка, со посебен акцент на пакетот **nlb next**, наменет за младите.

На прес-конференцијата присуствуваа и членовите на дуото „Дупер“ и Слаткаристика, кои ги најавија претстојните настапи и ја поздравија иницијативата за поддршка на домашната музичка сцена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер