Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
СветСудот ја отфрли тужбата на Трамп од 10 милијарди долари во врска со Епштајн Судот ја отфрли тужбата поднесена од американскиот претседател Доналд Трамп против „Волстрит џурнал“ и милијардерот Руперт Мердок поради нивното известување за врските со Џефри Епштајн, покојниот милијардер педофил.Окружниот судија Дарин П. Џајлс во Флорида во својата пресуда рече дека Трамп не успеал да докаже дека статијата е објавена со злонамерна намера, но му дал можност на американскиот претседател да поднесе изменета тужба. За потсетување, во спорниот напис од 17 јули минатата година се наведува дека името на Трамп било на честитка за роденден на покојниот финансиер и сексуален престапник Епштајн од 2003 година. Во својата пресуда, судијата рече дека Трамп не го исполнил стандардот за тужби за клевета поднесени од јавни личности, кој бара од нив да докажат не само дека јавната изјава за нив била лажна, туку и дека медиумот или лицето што ја дало изјавата знаело или требало да знае дека таа е лажна. 🚨 BREAKING: A judge has dismissed President Trump’s $10bn lawsuit against the Wall Street Journal and Rupert Murdoch over the reporting on Trump’s ties with Jeffrey Epstein [@SkyNews] — Politics US (@PolitlcsUS) April 13, 2026 Судијата, исто така, рече дека Трамп може повторно да поднесе изменета верзија на тужбата до 27 април. Во својата тужба, која беше отфрлена, Трамп тврдеше дека веста за неговата наводна честитка за роденден до Епштајн била „лажна“ и бараше 10 милијарди долари отштета за штетата што тужбата ја предизвикала врз неговиот углед.Тагови: Доналд Трамп Џефри Епштајн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook