Ова е прашањето кое екипата на Канал 5 им го постави на граѓаните.
Дел од нив оценија дека кампањата била добро искористена, иако својата одлука за кого би гласале ја донеле уште пред нејзиниот почеток.
- Ми се допадна и многу беше фино и немаше никакви проблеми.Па треба да се направи промена, претседател да има за сите луѓе во државата, нема врска кој ќе биде само да биде како што треба за сите.
- Добро е искористена кампања како кампања има и позитивни и негативни страни. Воглавно е добро во однос на други некои збиднувања во светот овдека е сосема мирно. Па кампањата не влијае многу кај луѓето сите си се определени уште пред тоа.
- Сосема нормално. Дали ќе влијае врз вашиот глас? Не пошто знам за кого ќе гласам.
Сепак има и такви кои сметаат дека наместо за претставување на реални проекти, кампањата била користена за меѓусебни обвинувања и дека тоа нема да влијае врз нивната конечна одлука.
- Во ништо не верувам, што да ти се допадне од лошите доаѓаат уште полоши.
- Кампањата е досадна и сувишна не знам овие партиите што се замислуваат, јас мислам не влијае на никој тоа.
-По фаците или по програмите кои што ги немаат, по што?
- Не гласам и не сакам да гласам нема за кого да ви кажам искрено едните проверени, вториве и тие се мењаваат 30 години, што ќе гласам.
Инаку, на првиот круг на претседателските избори своето право на глас го искористија 905.958 граѓани, односно излезноста изнесуваше речиси половина.