Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
1Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
МакедонијаСудот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“Кривичниот совет на Основниот кривичен суд - Скопје денеска го одби предлогот на одбраната за укинување на притворот на обвинетите Нино Васев и Нехад Нухи во предметот „Онкологија 2“ иако беа понудени имотни гаранции во вредност од над 350.000 евра. Судот оцени дека не се промениле околностите за применување поблаги мерки, а истовремено појасни дека нема надлежност да одлучува за гаранција во оваа фаза од постапката. На истото рочиште беше сослушан и претставник од Државниот завод за ревизија, кој детаљно ја образложи ревизијата на Клиниката за радиотерапија и онкологија за 2021 година посочувајќи слабости, неправилности и неусогласености со законските прописи и одговараше на серија прашања од Обвинителството, одбраната и самите обвинети. Во образложението за одбиениот предлог за укинување на мерката притвор судијката Славица Наумова-Јосифовска на денешното рочиште наведе дека не се измениле околностите во постапката за да може да се применат поблаги мерки. - Не се прифаќа предлогот на одбраната во оваа фаза од постапката да биде укината мерката притвор и заменета со куќен притвор со оглед дека нема променети околности што укажуваат дека истата цел поради која била определена мерката притвор може да се постигне и со поблага мерка, односно смета дека сѐ уште опстојуваат причините поради кои мерката притвор е определена, а потоа продолжена само во согласност со член 165, став 1 точка 1 од ЗКП во однос на двајцата обвинети дотолку повеќе што кривичниот совет на судот на секои 30 дена ја испитува потребата од негово продолжување - рече судијката. Во однос на понудената имотна гаранција, судот појасни дека нема надлежност да одлучува за гаранција во оваа фаза од процесот. - Во согласност со одредбата од член 154 од ЗКП, надлежноста за носење решение на гаранција по потврдување на обвинителниот акт е на советот од член 25 став 5 од ЗКП, па оттука судечкиот совет нема овластување во согласност со ЗКП за носење решение за гаранција во текот на постапката, меѓутоа странките не го губат правото ваков предлог повторно да изнесат пред судечкиот совет - дополни таа. ЈО претходно се произнесе негативно на ова барање. На денешното судење сведочеше претставник од Државниот завод за ревизија, кој на прашања од Обвинителството детаљно објасни како и зошто била извршена ревизијата на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) за 2021 година и посочи на слабости и неусогласености со законските прописи. Тој одговараше и на вкрстените прашања од одбраната и на прашањата на обвинетите Нино Васев и Нехат Нухи, кои се однесуваа на улогите, надлежностите и практиките во работењето на клиниката. На прашањето од одбраната дали му е познато дека за лековите што се набавувале на реверс постоело барање за предвремена испорака, сведокот изјави „Не сме зазеле став во делот на комуникацијата помеѓу Клиниката и економските оператори во делот на овие барања за предвремена испорака“. Во однос на тоа дека во текот на 2021 година докторите одлучувале кои пациенти ќе примаат биолошка терапија, за што одобрение давал медицинскиот директор, прашан дали му е познато дека д-р Васев и Нухи ја наследиле праксата што важела долг временски период претходно, сведокот одговори дека го анализирале само периодот кога тие биле на функција. Одговори позитивно на прашањата дали ги познава организациската структура на Клиниката и овластувањата на Управниот одбор. Прашан дали му е познато дека Управниот одбор ги донесувал завршната сметка и другите финансиски извештаи, одговори дека „завршната сметка е доставена и потпишана од страна на директорите на Клиниката“. - Од она што нам ни е познато во 2021 година, Управниот одбор на Клиниката ги усвојува финансиските извештаи за работењето на Клиниката, кои на УО му се доставени од страна на директорите на Клиниката. Завршната сметка на Клиниката до Државниот завод за ревизија како законска обврска е доставена и потпишана од страна на директорите на Клиниката - рече сведокот. За јавните набавки рече дека ДЗР го ревидирал „целокупниот процес“ и дека „немаме забелешки за годишниот план за јавни набавки, не сме напишале наод и не сме дале препорака“. Кога му беше посочено дека ДЗР во извештајот не навел конкретен закон што ја забранува набавката на лекови на реверс, тој објасни: „Во согласност со Законот за јавните набавки, без да биде спроведена постапка, забранета е набавка на какви било стоки, работи или услуги“, дополнувајќи дека ДЗР се повикува на „член 5, начелото на конкуренција“. Кога беше прашан дали му е познато дека практиката да се набавуваат лекови на овој начин била одамна воспоставена и дека ДЗР веќе има препорака во однос на ова, сведокот рече: „Таа препорака и во моментот на вршењето на ревизијата не беше спроведена“. На прашање на обвинетиот Никола Васев во врска со тоа „при смалување на количината на лекот кога ќе дојде на нула, ние не можеме да ја користиме законската можност за 20 проценти зголемување на количината на лекот бидејќи ние не сме ја направиле набавката, туку Министерството за здравство, дали ви е ова познато“, сведокот одговори „20 проценти регулирани со Законот за јавните набавки, член 119, кој ги регулира измените и дополнувањата на договорите“, на што Васев дополни дека тие не можеле да ја користат таа можност бидејќи не го распишувале тендерот, туку Министерството за здравство. Во делот за медицинските протоколи, Васев праша дали е познато дека само докторите одлучуваат на кој пациент му следува биолошка терапија, на што сведокот одговори: „Познато ни е, токму тоа е наведено во извештајот - доктор одлучува, директор одобрува“. Во однос на тоа дека не се донесени медицински протоколи и дека тие не зависат од УКРО, туку од Министерството за здравство, и дека работат во 11 посебни единици на Онкологија со свои шефови на оддел, каде што има и професори и доценти, кои, како што рече Васев „сигурно јас нема да се мешам како и кому тие ќе му ги даваат терапија“, сведокот одговори „никаде во извештајот немаме на едно дека медицинскиот директор се мешал во медицинските одлуки“. Кога Васев праша за зголемениот буџет за 2023 година, сведокот појасни дека ДЗР го зел предвид тоа дека „во соработка со Фондот обезбеден е повисок износ на одобрен условен надоместок, со кој се очекува намалување на преземените обврски, како и набавка на биолошка терапија во поголеми количини“. Обвинетиот Нехат Нухи праша дали Министерството реализирало набавка без согласност од Фондот, но Обвинителството стави приговор за претпоставка и прашањето не беше дозволено. Нухи побара информација дали ДЗР констатирал поднесени барања за зголемување на условениот надоместок, а сведокот објасни „од страна на Клиниката во 2021 година до Фондот се доставени барања во два наврата, и тоа во јануари 2021 година доставено е барање на износ од 1 милијарда 503 милиони и 408 илјади денари и во јули 2021 година во износ од 797.568 илјади денари. Фондот, по разгледување на барањата, одобрил буџет за условен надоместок во износ од 481.589 илјади денари, ова е истакнато како фактичка состојба и не сме се произнеле, ниту сме можеле да знаеме зошто Фондот не ги одобрил барањата на Клиниката во целост“. На крајот, на дополнително прашање од Обвинителството, сведокот сумира: „ДЗР има изразено неповолно мислење по однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и неповолно мислење за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива“. Судењето продолжува на 3 март со сослушување сведоци на предлог на Обвинителството. Во случајот „Онкологија 2“, Васев и Нухи се обвинети дека во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Двајцата обвинети ја негираат вината и тврдат дека процесот е политички мотивиран. Покрај овој предмет, во тек е и постапката „Онкологија 1“, во која Васев и уште двајца лекари се обвинети за несовесно лекување пациенти. Тагови: Онкологија 2 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“Новиот „Mustang Cobra“ доаѓа во 2027 година, но потенцијалните купувачи ќе мора брзо да дејствуваат.„Ford“ го подготвува враќањето на значката „Cobra“ на „Mustang“, а новиот спортски модел треба да продолжи таму каде што застана „Shelby GT350“. Се очекува да има атмосферски V8 мотор, мануелен менувач и моќност од најмалку 550 КС. „Ford Racing“ објави кратко тизер видео со кое се потврдува пристигнувањето на нов „Mustang“ со мотор развиен врз основа на искуството од трките. Премиерата е најавена за 2027 година, а сè укажува на враќање на значката „Cobra R “. You’ll want to hear this. For the drivers, with an all-motor heart born from racing. Ford Mustang Cobra, a Legacy Reborn. The story continues in 2027. https://t.co/fogI982jfl — Ford Racing (@FordRacing) November 10, 2026 Според информациите објавени од „Ford Authority“, новиот модел ќе биде духовен наследник на „Mustang Shelby GT350“, а треба да пристигне во салоните како модел од 2028 година. Производството би можело да трае релативно кратко, до моделската година 2029 година. Под хаубата се очекува атмосферски 5,2 или 5,4-литарски V8 мотор, поврзан со шестстепен мануелен менувач „Tremec“. Официјалните бројки за моќност сè уште не се објавени, но се проценува дека моторот би можел да развие помеѓу 550 и 575 КС. За споредба, претходниот „Mustang Shelby GT350“ користеше 5,2-литарски „Voodoo V8“ со 533 КС и 582 Nm вртежен момент. Сегашниот „Mustang Dark Horse“ со 5,0-литарски V8 мотор развива 508 КС, додека „Dark Horse SC“ има дури 806 КС. Враќањето на името „Cobra“ има и финансиска позадина. „Ford“ повеќе не сака да му плаќа на „Shelby American“ за користење на неговото име. Според текстот, „Ford“ претходно плаќал околу 800 долари за секој продаден „Shelby Mustang“, што вкупно изнесувало повеќе од 30 милиони долари трошоци за лиценцирање. Затоа, новиот модел би можел да се нарече „Cobra“ наместо „Shelby GT350“. Последен пат кога „Ford“ ја користеше оваа ознака беше на почетокот на 2000-тите, на моделот „Mustang SVT Cobra“ со V8 мотор со компресор. Извор: Б92Тагови: Ford Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок.На состанокот на европските либерали во Даблин за време на неформалниот самит на ЕУ, претставникот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок, истакнувајќи дека времињата на безусловно следење на европските лидери се минато, а граѓаните во регионот сè погласно ја гледаат хипокризијата и недостигот на конкретни резултати. Кирјас ги повика европските колеги да ја прифатат новата глобална реалност, нагласувајќи дека четврт век подоцна светот е далеку покомпетитивен и дека Европската Унија повеќе не е единствениот „производ“ на светската сцена. „Мораме да сфатиме и да прифатиме дека 2026 година не е 2001 – 25 години подоцна светот изгледа многу поразлично и е далеку покомпетитивен. Ако порано единствената опција и модел што можеа да го видат граѓаните беше европскиот модел, денес на пазарот постојат и кинески, и руски, и турски модел, па во последно време и американски модел кој е различен од европскиот. За нас, особено за либералите, европскиот модел на благосостојба, економски развој, слобода на говор, просперитет и гарантирање на правата е најдоброто решение. Но, не можеме да очекуваме дека граѓаните секогаш слепо ќе ги слушаат своите лидери, нема да ги следат вестите и нема сами да носат одлуки за тоа кој е способен да преземе решенија, да го исполни ветеното, да гледа визионерски и да проектира моќ на светската сцена“, порача Кирјас во Даблин. Тој предупреди дека европските институции се наоѓаат во состојба на самоодрекување од глобалната реалност и веќе не се доживуваат како морализирачка сила во регионот. Како што објасни пред присутните, дури и во Македонија веќе не се зборува само за формално членство во ЕУ, кое за многу граѓани стана непривлечен поради долгогодишните блокади и неисполнети ветувања, туку за градење држава според стандардите на земји како Бенелукс, Данска, Ирска или Естонија. „Ако не направиме сѐ во наша моќ за повторно да ги направиме европската идеја и европскиот проект атрактивни, ќе имаме огромен проблем – не само со граѓаните, туку и со иднината на нашиот континент. Време е да престанеме да гледаме на нашиот проект како на единствена солуција во светот. Нашите граѓани сакаат да живеат просперитетно, да говорат слободно и да имаат правна држава, но тоа значи дека и на европско ниво сите мора да бидат подеднакво почитувани – без надменост, без надредување, без второкласни граѓани и без наметнување каде што само еден одлучува и ги суди другите, туку систем каде што сите си помагаме еден на друг. Колку побрзо го направиме тоа, толку ќе биде подобро за сите нас во Европа“, заклучи Емил Кирјас во своето излагање пред европските либерали на состанокот на АЛДЕ. Либерално-демократска партијаТагови: Емил Кирјас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на МицкоскиЕден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори. Еден ден се фали со економси раст, друг ден признава дека државата нема пари. Неговите противречни изјави ја разобличуваат целата владина пропаганда, сите негови лаги. И ММФ ги разби бајките на Мицкоски. Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа. Според проекциите на ММФ, Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии по БДП по жител, со 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија, Црна Гора и Албанија. Разликата со најбогатите европски економии останува огромна. Ова е реалната состојба на македонската економија. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите. Ова е сè она за што СДСМ предупредува последната година. Сега потврдено и од ММФ. Реалноста е дека има 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е дека луѓето живеат полошо. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата – само бајки. Пари во буџетот нема, пари за граѓаните нема. Но знаеме каде има – кај Мицкоски и неговата банда. Вистината е сега на виделина, и со скандалот со Алта банка, и со неговите врски со Вучиќ. За сè ова, одговорност ќе има. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter