Судот го одби барањето на Диди за слобода со кауција - Канал 5

Судот го одби барањето на Диди за слобода со кауција

Судија му ја одбил кауција на раперот Шон „Диди“ Комбс  за слобода, откако поротата го ослободи од најтешките обвиненија - рекетирање и трговија со луѓе.

Судот го одби барањето на Диди за слобода со кауција

Адвокатите на Комбс тврдеа дека Шон не претставувал ризик од бегство, но судијата на Окружниот суд во Њујорк, Арун Субраманијан, ја зеде предвид неговата историја на насилство и ја одби кауцијата, наредувајќи му да остане во притвор до изрекувањето на пресудата, која е закажана за подоцна оваа година, објавува Би-Би-Си.

Комбс се соочува со можна максимална казна до 20 години затвор.

На речиси двомесечно судење во Њујорк, обвинителите тврдеа дека Комбс го користел својот статус и бизнис империја за да води криминална мрежа што тргувала со жени.

Иако поротата го ослободи Комбс од обвиненијата за рекетирање и трговија со луѓе, го прогласи за виновен за подведување, што носи казна до доживотен затвор.

Пресудата беше донесена еден ден откако поротниците изјавија дека не можат да се согласат за обвинението за рекетирање, кое е „најсложено“.

За обвинението за рекетирање, обвинителите мораа да докажат дека Комбс ја користел својата мрежа на соработници за организирање криминални активности, вклучително и трговија со луѓе за секс.

За време на седумнеделното судење беа повикани повеќе од 30 сведоци, вклучувајќи ги поранешните вработени и раперот Кид Куди

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силно торнадо уништи 300 домови во јужна Франција

Силно торнадо го погоди селото помас во југозападниот дел на Франција, при што се повредени 41 лице, а стотици куќи претрпеле штета.

Силно торнадо уништи 300 домови во јужна Франција

Локалните власти соопштија дека 15 лица биле пренесени во болница, меѓу кои и бремена жена која била повредена откако врз неа се урнале делови од куќа. Ветровите достигнувале брзина до 117 километри на час, корнеле дрвја, носеле покриви и оштетиле околу 300 домови. Повеќе од 120 припадници на итните служби биле испратени на терен за справување со последиците од невремето. Околу 2.800 домаќинства во десет населени места останале без електрична енергија, а властите издале портокалово предупредување за грмотевици во голем дел од југозападна Франција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Од 140 контроли кај мотоцикли, 102 не носеле кациги

Од 140 направени прекршоци од возачи на мотори, мотоцикли, велосипеди 102-ца од нив не носеле заштитен шлем – кацига.

МВР: Од 140 контроли кај мотоцикли, 102 не носеле кациги

МВР контролата ја извршиле на територија на целата држава и акцијата била насочена кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При контролата кај двајца возачи на мотор било потврдено дека возеле под дејство на алкохол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравството

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со сериозни инвестиции во здравството, со цел граѓаните да добијат современи установи, подобра опрема и поквалитетни услуги.

ВМРО-ДПМНЕ: Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравството

Се реализираат Клиничките болници во Штип и Тетово, проширување на Здравствениот дом во Кичево, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, за кои веќе има интерес од потенцијални финансиери.

Паралелно се работи и на нов Клинички центар во Скопје, за кој се разгледува кај „Борис Трајковски“. Планот опфаќа современ здравствен комплекс поврзан со „8 Септември“ преку топол подземен премин, а во целината се вклопуваат и ПЕТ центарот и поликлиниката „Букурешт“.

Во меѓувреме, резултати има и во постојните установи. Во „8 Септември“ се реконструирани оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, лабораторијата и кровот, а обновена е и трауматологија во Старата градска болница.

Во ГАК се вложени 110 милиони денари за реконструкција и опрема. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се обновени 6 операциони сали, а уште 4 се очекува да бидат ставени во функција. Вкупно се реконструирани над 10 здравствени објекти и клиники, со набавена современа опрема вредна неколку милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер