ФудбалСудиска анализа за 26. коло ПМФЛ: Катастрофални грешки на Качевски во КавадарциПредмалку од страна на Фудбалската Федерација на Македонија беше објавена анализата за судењето во изминатото 26. ПМФЛ коло .Од она што може да се прочита голем дел од судиите имаат направено грешки, а особено Јован Качески, кој што го водеше мечот во Кавадарци, помеѓу Тиквеш и Шкендија. Грешки има и на мечевите Беса – Гостивар односно Струга Трим Љум – Пелистер, објави Спортспорт. Комплетната анализа ви ја пренесуваме во целост. Струга Трим Љум – Пелистер (4:1) – Пропуштено да се додели црвен картон на домашниот играч со бр.27 (Кривањева), за намерно удирање со подигната нога во телото на противнчкиот играч кога истиот нема можност да игра со топката, за стартот главниот судија додели само жолт картон. – На интервенција на четвртиот судија погрешно (непотребно) доделен втор жолт картон на гостинскиот играч бр.70 (Филип Бошковски), со што гостинската екипа второто полувреме го играше со играч помалку. Играчот имаше минимален контакт со рамото со домашниот играч, но тоа е далеку да се окаратеризира за недозволен старт за кој би се доделил жолт картон,. Правилна одлука ќе беше да се опоменат усно и двата играчи кои и претходно имаа некои ситни провокации. ЗАКЛУЧОК: Главниот судија Александар Грујовски погрешил и е оценет со слаба 7,9 оценка за направените пропуст во 36. минута при резултат 0:0. Истата оценка 7.9 ја доделува контролорот Горан Спиркоски и за четвртиот судија Маријан Стојановски за доделениот втор жолт картон во 45+4. минута. Беса – Гостивар (2:1) – Играч на домашната екипа е во полн трк и со отворен простор кон гостинскиот казнен простор. Веднаш по влегувањето во казнениот простор е фаулиран од одбранбен играч кој со лизгачки старт се обидува да игра со топката, но не успева и го сопнува напаѓачот кој е во очигледна шанса за гол. Исправна одлука на главниот судија, кој без размислување досудува казнен удар, но прави очигледна грешка, бидејќи го исклучува играчот кој го прави прекршокот наместо да го опомене. ЗАКЛУЧОК: Главниот судија Влатко Илијоски неоправдано доделил црвен картон за гостинската екипа и поради тоа е оценет со слба 7,9 од контролорот Александар Ставрев. Спорниот момент е во 55. минута при резултат 0:0. Тиквеш – Шкендија (0:1) – Играчот со бр. 9 на домашната екипа доаѓа до една центрирана топка од негов соиграч, не успева да задржи контрола над топката, реагира несмасно и паѓа. Во истиот момент топката доаѓа до неговиот соиграч со бр. 77. Во моментот кога играчот со бр. 77 шутира кон противничкиот гол, главниот судија ја прекинува играта, досудува индиректен слободен удар заради симулирање на прекршок, а шутот на домашниот играч со бр. 77 во истиот момент завршува во противничкиот гол. Ценам дека главниот судија направи погрешна проценка, требаше да дозволи играта да продолжи од причина што не станува збор за симулирање на прекршок од страна на играчот со бр. 9 на домашната екипа, ниту имаше таква намера, а ниту пак истиот со било каква гестикулација или поглед побара прекршок од главниот судија. Главниот судија требаше да остане доследен на критериумот како во претходните две ситуации (2-ра и 9-та минута) и да дозволи играта да продолжи. Констатирам дека во оваа ситуација беше донесена погрешна техничка казна и погрешно доделена дисциплинска мерка. – Играчот со бр. 15 на домашната екипа е во посед и контрола на топката и во продор централно кон противничкиот гол, а пред себе го има само одбранбениот гостински играч со бр. 85. Главниот судија не е во најидеална поставеност и близина, но во полн спринт и има прегледност на ситуацијата и затоа правилно го препознава прекршокот од гостинскиот одбранбен играч со бр.85 и истиот првенствено го проценува како спречување на ветувачка акција и покажува жолт картон на гостинскиот играч со бр. 85, сметајќи дека другиот гостински одбранбен играч со бр. 2 е во близина и има можност да стигне и да игра со топката. Погрешно! Но, по доделувањето на жолтиот картон видлива е комуникацијата и консултацијата на главниот судија со првиот асистент судија, по што главниот судија ја менува првично доделената дисциплинска мерка (жолт картон) во директен црвен картон по сугестија на асистенот заради спречување на очигледна шанса за гол. Истото ми беше потврдено и во разговорот по натпреварот. Правилно! Ценам дека главниот судија во првиот момент правилно го препознава прекршокот, но доделува погрешна дисциплинска мерка. Домашниот напаѓач е во продор централно кон противничкиот гол и е спречен со недозволен прекршок од гостинскиот одбранбен играч, а притоа топката е веќе проиграна и позади грбот на одбранбениот играч кој нема можност, ниту намера да игра со топката, но затоа намерно го соборува напаѓачот кој би стигнал прв до топката доколку не е направен прекршокот, со што всушност е спречена очигледна шанса за постигнување на гол. Дополнително, другиот одбранбен играч со бр. 2 во моментот на прекршокот е на оддалеченост од најмалку 20-ина метри и нема можност да влијае на било кој начин во развојот на акцијата доколу напаѓачот не беше спречен со прекршок. Констатирам дека на крајот е донесена правилна и храбра одлука од асистентот судија да сугерира промена на првичната погрешна одлука на главниот судија за дисциплинската мерка. Напоменувам дека исклучениот играч со бр. 85 на гостинската екипа со негодување го напушти теренот за игра, со непристојни и вулгарни гестикулации кон домашната публика, провоцирајќи и држејќи се за половиот орган. Го советувам главниот судија во вакви ситуации кога е сторен прекршок со кој се спречува очигледна шанса за постигнување на гол на клучни три моменти: 1) да не избрзува со дисциплинската мерка, туку да оствари брза и јасна комуникација со асистентот судија за истото; 2) во истиот момент на прекршокот да има фотографска меморија каде и каква е поставеноста на другите играчи; 3) кога веќе станува јасно дека ќе се прават дополнителни консултации меѓу судискиот тим, да размисли околу целокупното менаџирање на ситуацијата, односно истото би требало и би можело да биде побрзо, од причина што од моментот на прекршокот до моментот на продолжувањето на играта, натпреварот е во прекин скоро 4 минути (од 62′:57” до 66′:48”) – Гостинската екипа започнува акција длабоко од нивната половина на теренот. Додадена е долга топка до гостинскиот напаѓач со бр. 7. Домашниот одбранбен играч со бр. 5 стигнува прв до топката и пробува да ја избие, но во моментот на избивање топката завршува во раката на гостинскиот напаѓач со што истиот всушност ја смирува и ја исконтролирува топката пред себе, се здобива со предност во фазата на нападот, непречено ја проигрува до својот соиграч со бр. 77, кој го постигнува првиот и единствен гол на натпреварот. Ценам дека асистентот судија не е во идеална поставеност и нема јасна прегледност за да ја забележи играта со рака од гостинскиот напаѓач, но исто така и главниот судија не е во идеална позиција и на оддалеченост од околу 25 метри и оттука ниту едниот, ниту другиот не го забележаа овој момент. Требаше и очекувам вакви ситуации да бидат воочени пред се од главниот судија во фазата на напад. Од оваа погрешна судиска проценка гостинската екипа разви ветувачка акција и постигна гол. ЗАКЛУЧОК: Јован Качевски прави катастрофална грешка во 45. минута при што е поништен гол на домашната екипа при резултат 0:0. Во 64.минута доделен погрешен картон за гостинската екипа. По асистенција на асистентот и четвртиот судија покажан е директен црвен картон за гостинскиот фудбалер Адили и е преиначена одлуката на главниот судија кој во таа ситуација додели само жолт картон. -Истиот судија и во 69. минута со неговите асистенти не гледаат очигледна игра со рака на гостите при што е развиена акција од која падна и единствениот погодок. ЗАКЛУЧОК: Контролорот Дејан Јакимовски со многу слаба оценка 7.5 ја оцени арбитражата на Јован Качески за трите спорни моменти на штета на ФК Тиквеш.Тагови: судии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваКога обврските ја потиснуваат романтиката – Како повторно да внесете блискост во односотСтресот поради работата, семејните обврски и секојдневните проблеми не влијаат само на сонот и расположението, туку може да ја ослабат и желбата за блискост. Кога сме исцрпени и постојано размислуваме на обврските, тешко ни е да се опуштиме и да уживаме во времето што го минуваме со партнерот. Зошто стресот влијае на желбата за интимност? Кога сме под притисок, организмот се подготвува да се соочи со предизвиците, па тешко се опуштаме. Повишеното ниво на кортизол и адреналин влијае на сонот, расположението и енергијата, што се одразува на партнерскиот живот. Долготрајната напнатост често носи умор и раздразливост, и чувство дека немаме доволно време за себе. Кога сме исполнети со грижи, често немаме енергија за нежност, романтика и заеднички моменти. Хормонaлните промени, особено симптомите на перименопауза и менопауза, промените во нивото на естроген, како и физичките тегоби за време на односот, кои не треба да се занемаруваат, влијаат на желбата, Сепак, намалената желба не значи автоматски дека привлечноста исчезнала или да врската е во криза. На неа влијаат и здравствената состојба, квалитетот на сонот, одредени лекови и емоционални проблеми поради што важно е да се согледа целокупната ситуација. Како повторно да се разбуди блискоста? Првиот чекор е да најдете начин да ја намалите секојдневната напнатост. Прошетка, вежби со дишење, јога или активност која ви причинува задоволство, сето тоа може да ви помогне да се опуштите и да се одвоите од проблемите што ве преокупираат. Важно е да разговарате со партнерот без обвинување и создавање дополнителен притисок. Објаснете како се чувствувате, сослушајте ја неговата перспектива и заедно размислете што би можеле да промените за да имате повеќе време еден за друг. Не мора веднаш да планирате големи романтични гестови. Заедничката прошетка, вечера, прегратка или разговор без телефони може да ви помогне повторно да се поврзете. Нежноста не мора секој пат да води кон интимен однос, а токму отсуството на очекување може да помогне во опуштањето. Обидете се да го подобрите квалитетот на сонот и да најдете рамнотежа помеѓу обврските и одморот. Редовното движење, сонот и времето посветено на себе може да придонесат за подобро расположение и поголема енергија, што позитивно се одразува на односот со партнерот. Ако намалената желба трае, предизвикува незадоволство и влијае на вашиот однос, разговарајте со лекар за можните причини. Особено е важно да побарате помош ако се јавува болка и изразена непријатност во текот на интимниот однос. Блискоста не се мери со честите интимни односи, туку со чувството на сигурност, разбирање и поврзаност. Кога ќе си дадете доволно време себеси и на партнерот, ќе разговарате отворено без да создавате дополнителен притисок, полесно ќе најдете начин повторно да уживате во заедничките моменти, пренесува Ordinacija.hr Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЗаборавете на изгледот и мускулите – Еве какви мажи посакуваат женитеМаж со овие особини кај жената буди најголема страст.На сексуалното задоволство кај жената не влијаат само физичкиот изглед на партнерот или неговите сексуални вештини; туку за успешно сексуално задоволство заслужни се и други особини... Според истражувањата на оваа тема, важна улога играат личните квалитети на мажот, начинот на кој се однесува кон својата партнерка, како и чувството на блискост и сигурност што тој ги создава. Издвојуваме неколку карактеристики кои често се поврзуваат со поголемо сексуално задоволство кај жените. Хуморот е привлечен Честопати на жените им се привлечни мажите кои знаат да ги насмеат. Добрата смисла за хумор може да биде знак дека е друштвен, самоуверен и способен да ѝ посвети внимание на партнерката во конкретна ситуација. Исто така, важно е да се знае кога да се пошегува, а кога да биде сериозен. Токму ваквата комбинација создава поопуштена атмосфера меѓу партнерите. Креативност и спонтаност Монотонијата може негативно да влијае на врската, додека креативноста и подготвеноста за прифаќање промени можат да донесат повеќе возбуда. Не е неопходно мажот да биде физички совршен за да биде привлечен. Жените можат особено да ја ценат неговата креативност, спонтаност и подготвеност заедно со партнерката да истражуваат што најдобро им одговара. Креативноста често се поврзува и со одредена доза на мистериозност, што за некои жени може да биде особено привлечно. Топлината создава чувство на сигурност Љубезноста, вниманието, чувството на блискост можат да бидат многу важни за сексуалното задоволство. Кога жената се чувствува сигурно и прифатено од својот партнер, полесно може да се опушти и препушти на моментот. На тој начин, довербата игра значајна улога во сексуалниот однос. Сигурната и опуштена атмосфера, исто така, им овозможува на партнерите поотворено да разговараат за своите желби, граници и за она што им причинува задоволство. Верноста гради блискост Довербата и чувството на посветеност можат дополнително да ја зајакнат врската меѓу партнерите. Кога жената знае дека нејзиниот партнер е верен и ја цени, таа може да се чувствува посакувана и сакана. Таквата емоционална поврзаност може да биде клучна за сексуалното задоволство. За некои жени, ова чувство на блискост и доверба игра поголема улога од физичкиот изглед на партнерот. Мирисот исто така може да игра улога Мирисот може да влијае на привлечноста и да предизвика разни емоционални реакции. Затоа природниот мирис на партнерот може да игра важна улога во создавањето привлечност. Кога постои привлечност, доверба и емоционална блискост меѓу партнерите, поверојатно е сексуалната интимност да биде попријатна и поисполнета. На крајот, не постои еден единствен тип на маж кој гарантира најдобро сексуално задоволство. Привлечноста и сексуалното задоволство зависат од бројни фактори, вклучувајќи емоции, доверба, комуникација и меѓусебна поврзаност. Извор: una.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44