ЈП Комунална хигиена-Скопје-Во текот на месецот октомври се подигнати и транспортирани 14 000 тони комунален отпад
1ЈП Комунална хигиена-Скопје-Во текот на месецот октомври се подигнати и транспортирани 14 000 тони комунален отпад
СветСудири на иранските универзитети поради протестите против ХамнеиИранските безбедносни сили и полицајци во цивилка се обидоа синоќа да ја преземат контролата врз универзитетите низ Иран за да ги задушат студентските протести кои се одржуваат четврти ден против врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.Иранските безбедносни сили и полицајци во цивилка се обидоа синоќа да ја преземат контролата врз универзитетите низ Иран за да ги задушат студентските протести кои се одржуваат четврти ден против врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, додека во Женева се подготвува нова рунда разговори за нуклеарната програма на Иран. Според извештаите од теренот, на некои факултети избувнале судири, а на социјалните мрежи биле објавени видеа од тепачки меѓу членови на паравоената милиција Басиџ и студенти на Универзитетот за наука и технологија во Техеран, објавува Гардијан. Возила со митралези биле фотографирани пред Универзитетот во Техеран, додека протести биле снимени и во Машхад. На другите универзитети, на студентите кои претходно учествувале во протестите им е забранет влез, а администрациите објавија прекин на наставата во живо. Речиси 80 проценти од иранските универзитети веќе се префрлија на онлајн настава, делумно за да се спречат студентите да се собираат и да протестираат против владата и сузбивањето на јануарските демонстрации. На снимки од Универзитетот за уметности во Техеран, може да се слушнат слогани како „Ќе се бориме, ќе умреме, ќе го вратиме Иран“, „Политичките затвореници мора да бидат ослободени“ и „Хамнеи Захак, ќе те закопаме жив“, алудирајќи на митски тиранин од персиската традиција, објаснува британскиот весник. Генералниот обвинител на Иран, Мохамед Мохеби Азад, повика на решителна акција против демонстрантите. „Надлежните институции мора брзо да ги идентификуваат поврзаните елементи и да преземат решителни и законски мерки против нив. Секогаш кога системот е на патот на преговори, одредени струи, под водство на непријателот, се обидуваат да ја запалат внатрешната атмосфера“, рече Азад. Демонстрациите се случуваат пред третата рунда разговори за нуклеарната програма на Иран, закажана за утре во Женева помеѓу иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф. Разговорите, посредувани од Оман, се сметаат за клучни, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп го засилува своето воено присуство во регионот, вклучително и распоредување дополнителни поморски и воздушни сили. Аналитичарите велат дека успехот на разговорите зависи од тоа дали САД се подготвени да му дозволат на Иран да збогатува ураниум за ограничени цивилни цели, како што се медицински материјали. Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Фудбал30-годишен шпански фудбалер почина по ужасен прекршок Шпанскиот фудбалер Хесус де Мигел Аламеда (30) починал денес, по тешка повреда здобиена за време на натпревар во шпанската втора лига помеѓу Тенерифе и Андора. Тажната вест ја соопшти неговиот клуб, Тенерифе, потврдувајќи дека напаѓачот починал во 8:00 часот наутро по локално време. „Скршени од тага, со стегнати грла и не можејќи да поверуваме дека ова е вистина, ЦД Тенерифе ја објавува трагичната вест дека Хесус де Мигел Аламеда починаво вторник, 3 ноември 2026 година, во 8:00 часот наутро. Не постојат зборови за утеха, нема апсолутно ништо што може да ја ублажи оваа огромна тага. Стоиме покрај неговото скршено семејство, неговите блиски и сите навивачи на Тенерифе, кои денес тагуваат поради овој суров исход. Семејството на Хесус де Мигел изразува благодарност за секој гест на поддршка, а истовремено упатува и искрена молба за максимално почитување на нивната приватност во овие ужасни моменти“, соопштија од Тенерифе. Rotos de dolor, con un nudo en la garganta y sin poder creer que esto sea verdad, desde el CD Tenerife comunicamos el trágico fallecimiento, este martes, día 3 de noviembre de 2026, a las 8:00 horas, de Jesús de Miguel Alameda. No hay palabras de consuelo; no hay absolutamente nada que mitigue este sentimiento repleto de tristeza. Estamos junto a su desolada familia, junto a sus seres queridos, junto a todo el tinerfeñismo que hoy llora por este cruel desenlace. La familia de Jesús de Miguel agradece todas y cada una de las muestras de apoyo recibidas, e igualmente solicita, de corazón, máximo respeto a su privacidad, en estos terribles momentos. 🖤 DEP — CD Tenerife 🏴 (@CDTOficial) November 3, 2026 Трагедијата се случила по натпреварот помеѓу Тенерифе и Андора, одигран во понеделникот на стадионот „Хелиодоро Родригез Лопез“. Во судиското надополнување, при нерешен резултат 2–2, Де Мигел тргнал кон топката, обидувајќи се да организира контранапад за домашниот тим. Голманот на Андора, Хесус Овоно, истрча далеку од својот гол за да ја пресече акцијата, при што дојде до судир со напаѓачот на Тенерифе. Во обидот да интервенира, Овоно несреќно со нога силно го удри Де Мигел во глава играчот падна на теренот и ја изгуби свеста. 😱 Así fue el golpe de Owono sobre Jesús de Miguel que dejó fulminado en el suelo al jugador del Tenerife #LALIGAHYPERMOTION https://t.co/6xWHg7OwRF — Diario AS (@diarioas) November 2, 2026 Фудбалерите од двете екипи веднаш побараа лекарска помош, а глетката на теренот предизвика голема загриженост и кај играчите и кај гледачите. Медицинскиот тим му пружи помош на Де Мигел на самиот терен, по што тој беше изнесен на носила и внесен во возило на брза помош. Според извештаите на шпанските медиуми, фудбалерот доживеал срцев удар, но медицинскиот персонал успеал да го реанимира. Натпреварот беше прекинат и не продолжи. Поради прекршокот, на Овоно му беше покажан директен црвен картон. Де Мигел беше примен на одделението за интензивна нега во Универзитетската болница „Нуестра Сењора де Канделарија“ во Санта Круз, Тенерифе. Во понеделникот вечерта, клубот соопшти дека неговата состојба е стабилна, но сепак сериозна. Сепак, во текот на ноќта неговата состојба се влошила. Во раните утрински часови денес од Тенерифе известија дека невролошката состојба на фудбалерот се влошила. Неколку часа подоцна, клубот ја објави трагичната вест за неговата смрт. Де Мигел е роден во Мадрид, а во Тенерифе пристигна во летото 2025 година од Кастељон. Претходно настапуваше за неколку шпански клубови, при што особено се истакна за време на престојот во Кастељон, каде што му помогна на тимот да избори пласман во втората шпанска лига. Во Тенерифе пристигна како клучно засилување во нападот и набрзо стана еден од најистакнатите играчи во тимот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето на Ѓоко Ристов09:15Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ТенисЃоковиќ за промената на власта: Секогаш сум го претставувал својот народ, а не ВладатаНајтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ зборуваше за политичките промени во неговата земја на прес-конференција пред почетокот на Мастерсот во Париз.Ноле истакна дека во текот на својата кариера го претставувал својот народ и изрази надеж дека неговата земја ја очекува подобра иднина. Повод за тоа било прашање од новинар кој претходната недела престојувал во Србија. Тој го пренесол впечатокот дека никогаш нема видено толку многу среќни луѓе, но и ставовите на соговорниците кои сметаат дека Ѓоковиќ претходно бил изложен на неправедни критики и обиди за дискредитација од страна на државниот врв. Новинарот се интересирал како тој се справува со еден таков однос, особено со оглед на успехот што ѝ го посвети на Србија и патриотизмот што го истакнуваше. Ѓоковиќ одлучи одговорот да го насочи кон иднината. – Нема да зборувам за минатото, ниту пак ќе го коментирам. Минатото е минато и се надевам дека ова е нов почеток за нашата земја. Да, јас сум патриот, но секогаш сум го претставувал својот народ, а не Владата. Тука постои голема разлика. Среќен сум поради овие промени и се надевам дека нашата земја ќе напредува и ќе има добра иднина – рече Ѓоковиќ. Во продолжение на конференцијата, фокусот се префрлил на неговите спортски амбиции. Ѓоковиќ беше прашан за неговиот пристап кон натпреварувањата и за мотивацијата за настапи надвор од четирите најголеми турнири. По „Ју-Ес Опен“, тој почесто излегуваше на теренот, па новинарите се заинтересираа дали ги променил своите приоритети. Неговиот одговор покажа дека грен слем турнирите сè уште заземаат посебно место во неговите планови. – Грен слем турнирите, се разбира, сè уште се најважните турнири што ги имаме. За мене, а верувам и за 99 отсто од играчите. Тоа се историските столбови на нашиот спорт, турнири на кои сакате да го прикажете својот најдобар тенис и да го запишете своето име во историјата. Сè уште сакам да го дадам својот максимум на грен слем турнирите, но, секако, би сакал да играм добро и на другите турнири – изјави Ѓоковиќ.Тагови: Балкан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје-Во текот на месецот октомври се подигнати и транспортирани 14 000 тони комунален отпадВо текот на месецот октомври, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 14 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.Во истиот период, од јавни и сообраќајни површини се отстранети и 950 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад. Најголемо количество отпад од диви депонии -200 кубни метри- е подигнато во општината Чаир. Во текот на минатиот месец, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 83 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти што биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 47, се врачени на територијата на скопската општина Чаир. ЈП Комунална хигиена-Скопје преку рачно и машинско метење и миење секојдневно ја одржува јавната хигиена на скопските булевари и улици, како и плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода" и целокупниот простор на Старата скопска чаршија. Вработените во администрацијата на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во текот на месецот октомври земаа учество и во масовната еколошка акција „Не оставај ѓубре, остави пример“, организирана од Градот Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook