БалканСудир меѓу полицијата и демонстрантите на протестот во Белград (ВИДЕО)Припадници на српската жандармерија формираа кордон и се упатија кон демонстрантите пред зградата на парламентот во Белград.Припадници на српската жандармерија формираа кордон и се упатија кон демонстрантите пред зградата на парламентот во Белград, по што полицијата почна да ја потиснува толпата. Sukobljavanje u centru Beograda nakon protesta na Slaviji pic.twitter.com/zfrMQyxDB9 — Mašina (@MasinaRS) May 23, 2026 За време на интервенцијата, неколку млади мажи беа соборени на земја, а демонстрантите фрлаа факели кон полицијата, додека одекнуваа петарди и истрели. Počela je intervencija kod Pionirskog parka pic.twitter.com/bZ024HDydu — Mašina (@MasinaRS) May 23, 2026 Полициските сили ги потиснуваат демонстрантите по улицата Таковска кон зградите на Поштата и РТС. Во исто време, интервенцијата е во тек и на булеварот Краља Александра. Полициска бригада интервенираше на улицата Краља Милана во Белград откако беше нападната. Ситуацијата беше мирна околу 20:15 часот, а полицијата, првично не постави кордон ниту на улицата Краља Милана во близина на Лондон, ниту на улицата Кнеза Милоша. Сепак, група луѓе почнаа да фрлаат камења, стаклени шишиња и други предмети кон полицијата, по што полицијата постави кордон. Се слушнаа и неколку гласни детонации што личеа на топовски истрели. Сè се случи во близина на зградата на српското претседателство, спроти зградата на Народното собрание. pic.twitter.com/2z207tyEXB — Kostja (@kostja_r) May 23, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПОЦ: ЈП Паркинзи на Општина Центар го унапредува работењето со меѓународни ISO стандардиЈП „Паркинзи на Општина Центар" продолжува со унапредување на своето работење преку воведување и примена на меѓународно признати стандарди. По успешно завршениот процес на сертификација за ISO 9001:2015 – Систем за управување со квалитет и ISO 14001:2015 – Систем за управување со животната средина, со што се потврдува посветеноста на ЈП ПОЦ кон воспоставување високи стандарди во работењето. Сертификатите му беа официјално врачени на директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски, од страна на претставник на сертификациското тело „Интерцерт“, кое го спроведе процесот на сертификација. На примопредавањето присуствуваа и дел од вработените во ЈП ПОЦ кои беа директно вклучени во воспоставувањето и имплементацијата на системите. „Овие сертификати се резултат на конкретна работа и ангажман на повеќе служби и вработени во претпријатието. За нас тие не се само формално признание, туку воспоставен систем според кој треба да продолжиме да работиме – со јасни процедури, мерливи резултати и постојано подобрување. Особено ни е важно што паралелно со квалитетот на услугите воведуваме и повисоки стандарди во односот кон животната средина“, истакна директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски. ISO 9001:2015 претставува потврда за воспоставен систем на управување со квалитет, насочен кон ефикасност, подобрување на работните процеси и задоволството на корисниците. Неговата примена придонесува кон поголема организираност, јасно дефинирани процеси и континуирано унапредување на услугите. Од друга страна, ISO 14001:2015 ја потврдува определбата на ЈП ПОЦ за одговорен однос кон животната средина. Преку примената на овој стандард, претпријатието се насочува кон унапредување на еколошките практики, поодговорно управување со ресурсите и намалување на влијанието врз животната средина. Имплементацијата на меѓународните стандарди е дел од определбата на ЈП ПОЦ за создавање современо и ефикасно јавно претпријатие, кое континуирано ги следи современите практики и ги унапредува своите услуги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаПанел-дискусија за годишнината од охридскиот договорПод покровителство на Министерството за односи меѓу заедниците и министерот Агон Ферати денеска и утре со низа активности и панел-дискусии ќе почне одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор информираат од ресорОхридскиот договор е потпишан на 13-ти август 2001 година и со него запре неколкумесечниот конфликт во Македонија. Токму во деновите пред потпишувањето меѓу 8-ми и 12-ти август, се случија и некои од најкрвавите настани во текот на конфликтот - нападот на конвојот на армиските сили на автопатот Скопје - Тетово кај месноста „Карпалак, случајот „Љуботенски бачила“, а потоа и полициската акција во Љуботен. Договорот постави рамка за унапредување на меѓуетничките односи, еднаквоста и учеството на заедниците во политичкиот и општествениот живот. По четврт век, Охридскиот рамковен договор и натаму е еден од клучните политички документи во современата историја на земјата, но неговата имплементација и денес е предмет на политички дебати и различни толкувања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМОН: Партнерскиот однос со младите, клуч за иднината на државатаМладите се двигател на општествениот развој, а нивното знаење, креативност и енергија се најголемата инвестиција во иднината на државата. Затоа, континуирано работиме на создавање повеќе и подобри можности за образование, личен развој и професионална реализација на новите генерации во сопствената земја. По повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, Министерството за образование и наука уште еднаш ја потврдува својата заложба младите да бидат во фокусот на образовните политики и реформите, како најважен ресурс за развој на државата. Посветено работиме на јакнење на ученичкиот и студентскиот стандард преку мерки што обезбедуваат подобри услови за учење и поддршка за секој млад човек. Инвестираме во подобрување на образовната инфраструктура, дигитализација на образовниот процес, квалитетни наставни програми и учебници и создавање средина која ги поттикнува знаењето, иновативноста и креативноста, но и почитта, толеранцијата и единството. Особено внимание посветуваме на поддршката на талентираните ученици и студенти, затоа што веруваме дека секој млад човек треба да добие можност да го достигне својот полн потенцијал. Од минатата година низа нови стимулативни мерки се дел од системот за поддршка на талентираните млади кои ја претставуваат државата на големи меѓународни натпреварувања. Во креирањето на образовните политики имаме одлична соработка со ученичките и студентските организации. Нивните ставови, идеи и предлози се важен дел од процесот на носење одлуки, а многу од нивните барања веќе се преточени во конкретни системски мерки и активности. Ваквиот партнерски пристап ќе продолжи и во иднина, затоа што најдобрите политики се создаваат во заедништво со младите. Честит 12 Август - Меѓународен ден на младите! Министерство за образование и наукаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00