Судијата Мери Дика Георгиевска денеска започна со работните обврски во Уставниот суд - Канал 5

Судијата Мери Дика Георгиевска денеска започна со работните обврски во Уставниот суд

Судијата Мери Дика Георгиевска денеска ги започна своите работни обврски во Уставниот суд.

Судијата Мери Дика Георгиевска денеска започна со работните обврски во Уставниот суд

Во рамки на првиот работен ден, судијката Георгиевска оствари работен состанок со претседателот д-р Дарко Костадиновски кој ја запозна со внатрешната организација и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со судиите и вработените во стручната служба. На судијата Георгиевска и се доделени работни материјали за претстојните активности на Судот.

Во наредниот период на судијата Георгиевска ќе ѝ бидат распределени предмети по кои ќе постапува како судија-известител.

Мандатот на судијата Мери Дика Георгиевска во Уставниот суд трае девет години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вториот пензиски стоб е безбеден – уверуваат од Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови

Подолг стаж, повисоки придонеси, времето поминато во осигурување се трите клучни елемнти кои влијаат врз висината на пензии кои се исплаќаат од вториот пензиски фонд.

Вториот пензиски стоб е безбеден – уверуваат од Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови

Колку стажот е подолг а придонесите повисоки толку ќе биде поголем и и исплатата. Од асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови уверуваат дека осигурениците во овој втор столб кои брои вкуппно 630 илјади осигуреници од кои во моментов на околу 150 им се исплаќа пензија се безбедни. Од асоцијацијата на брифинг со новинарите коментирајќи ги најави за евентуално укинување на вториот столб и национализација на средствата велат доколку дојде до такво нешто според нивните анализи тоа ќе го реши проблемот само краткорочно и ќе остави огормна штета врз сите.

„Воведувањето на вториот столб е токму заради релаксирање на обврските на првиот столб..... во моментот кога ќе дојде време да се исплаќаат пензиите од двата столба во исто време оврската некаде половина ќе падне на терет на вториот столб... “- Маријан Николовски .

Според асоцијацијата за поголеми придонеси потребни се и реформи и промени, една од опциите според нив е воведувањето на така наречени мултифондови.

„Тоа се портофолија кои се прилагодуваат на животната возраст. Предлгот е оние кои се помлади да имаат поаргесивно фолио изложено на акции, да се балансира кај оние кои се на средна возраст и да се заштити создадениот имот кај оние кои се повозрасни со воведување на конзервативно портфолио.... “- Маријан Николовски.

Инаку според анализа на МАПАС заклучно со 30.06 годинава, вкупно 147 лица добиваат пензија од вториот столб.

Во категоријата корисници со минимална пензија се опфатени 113 лица. Од нив, 75 корисници остваруваат месечна исплата над 8.000 денари, додека 38 корисници остваруваат исплата од 4.001 до 8.000 денари. Во категоријата корисници над минимална пензија се опфатени 34 лица....

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум случаи со западно нилска треска потврдени во земјава, двајца се борат за живот

Двајца скопјани на 66 и 76 годишна возраст се борат за живот откако по убод од комарец во Скопје имале невроинвазивна форма на инфекцијата „западен нил“, односно воспаление на мозокот и мозочните обвивки.

Седум случаи со западно нилска треска потврдени во земјава, двајца се борат за живот

Останатите петмина кај кои е потврдена западно-нилска трска се стабилни, иако сите имаат и други хронични болести, потврдува Директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана. Освен потврдените, има уште три суспектни на „западен нил“ за кои се чека лабораторска потврда.

Иако само кај еден процент од заразените може да има ваков исход по каснување од заразен комарец, состојбата од стабилна може брзо да се влоши, како што е случајот со 66 годишникот, поради што е неоходна хоспитализација во болница, појаснува д-р Цана.

Освен еден што патувал надвор од државата, сите останати се заразени дома, односно од комарец заразен со „западен нил“ кој е присутен во Скопје. Од Центарот за јавно здравје за Канал 5 потврдуваат излегле на терен и решиле дека мора за заштита од комарци да се прска цело Драчево и Ченто, а поради еден потврден и од Аеродром, да се изврши дезинсекција во неговото живеалиште во радиус од 200 метри.

Оваа зараза не се пренесува од човек на човек, туку преку комарци, па затоа апелот е да не се остава застоена вода дождовница и да се обрати поголемо внимание за заштита од убоди, со спрееви против комарци, мрежи и соодветна одблека.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на апелација, Тања Милева доби само два гласа

Судијата Зоран Герасимовски е определен да ја извршува функција вршител на должност претседател на Апелацискиот суд Скопје, објави на денешната седница претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски.

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на апелација, Тања Милева доби само два гласа

Герасимовски доби поддршка од девет члена на Судскиот совет, а двајца беа против. Претходно, членовите на Судскиот совет го разгледаа предлогот судијката Тања Милева да биде назначена за в.д. претседателка на овој суд, но тој не го доби потребниот број гласови.

За неа гласаа двајца членови на советот, додека другите девет беа против. Герасимовски ќе ја извршува функцијата в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје до изборот на нов претседател на судот во редовна постапка. До избор на в.д. претседател на скопска апелација на денешната седница дојде откако вчера досегашната претседателка на овој суд, Мери Дика-Георгиевска, беше избрана за уставна судијка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер