Кос најави нови правила за проширување на ЕУ – постепена интеграција, построги проверки и нова методологија
1Кос најави нови правила за проширување на ЕУ – постепена интеграција, построги проверки и нова методологија
3Владата донесе одлука од денеска до 30 септември трговците да ги намалат цените за 10 до 15 проценти за училишниот прибор
1.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
11.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
ФудбалСудијата Иштван Ковач суспендиран по жалбата на Барселона!УЕФА експресно ја прифати жалбата на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, за судијата Иштван Ковач по првиот четвртфинален дуел со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. Романскиот судија со знакот на УЕФА, Иштван Ковач нема да суди на европски натпреварувања до крајот на сезоната. Судењето на Иштван Ковач на натпреварот меѓу Барселона и Атлетико Мадрид предизвика многу полемики во светскиот фудбал, а романскиот судија сега е суспендиран од УЕФА. Барселона веднаш по поразот од 0:2 упати жалба до УЕФА на судењетона Ковач, поради низата спорни одлуки на штета на каталонскиот клуб, а челниците на Европската куќа на фудбалот го информираа Ковач дека нема да судат европски натпреварувања до крајот на сезоната. Шпанската пресметка во четвртфиналето на Лигата на шампионите ја одбележа црвениот картон на Пау Кубарси и таа ситуација е главната причина за суспензијата. Ковач прво му покажа жолт картон на Кубарси, но по интервенцијата од ВАР собата, Романецот ја смени одлуката во црвен. Преставниците на УЕФА веруваат дека непокажувањето црвен картон веднаш е сериозна грешка. И додека УЕФА се фокусираше на ситуацијата, тренерот на Барселона, Ханси Флик, го истакна вториот момент и недосудениот пенал за Барселона, бидејќи Марк Пубил ја допре топката во шеснаесетникот по кратко додавање од голманот Хуан Муса. - Не знам зошто ВАР не интервенираше. Сите правиме грешки, но која е поентата на ВАР? Не можам да го разберам тоа. Треба да има пенал, втор жолт картон и црвен картон. „Ова не треба да се случува“, рече Флик.Тагови: БАРСЕЛОНА УЕФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаКос најави нови правила за проширување на ЕУ – постепена интеграција, построги проверки и нова методологијаСветот се промени, а проширувањето мора да се промени со него. Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, ги претстави клучните елементи за сеопфатната реформа за проширување, која треба да биде усвоена на 30-ти септември. Планот кој Кос го презентирала на Конференцијата на амбасадори во Загреб, а чија содржина писмено ја објави Европската Комисија предвидува постепена итеграција, построги проверки на земјите кандидати и нова методологија. За Кос за да им се каже добредојде на нови членки, клучно е да се постигне консенсуз за четири столба, внатрешни реформи, демократски заштитни мерки, методологија на проширување и транзициски мерки. Во говорот на Кос доминираат прашањета како Унијата да се заштити од можноста една земја да ги блокира сите други или да отстапи од демократските стандарди, како искуствата со Унгарија, што сугерира на идејата новите земји членки одреден период да немаат право на вето. -Мора да бараме поамбициозни начини за постепена интеграција. Но, Прво треба да го разбереме влијанието што новодојденците можат да го имаат. А кога влијанието може да биде штетно за нашите земји-членки, мора да дејствуваме за да ги заштитиме нивните интереси. Мора да се осигураме дека нема да дозволиме да влезат тројански коњи. Ниту денес, ниту за 10 или 20 години од сега. , изјавила Кос во Загреб. Во мисија на која треба да ги чуе ставовите на сите земји членки и за проширувањето, денеска тргна првиот човек на Европскиот Совет, Антонио Кошта на таканаречената „тура низ главните градови“, на која во наредните недели ќе се сретне со лидерите на сите земји членки. Прва дестинација му беше Братислава и средба со словачкиот премиер Фицо. Поддршката за Западен Балкан, Молдавија и Украина на нивниот пат до членство во ЕУ е инвестиција во Европската, но и словачката безбедност и просперитет. Ние треба да продолжиме да работиме со кандидатите врз основа на процес на заслуги и почитувајќи ги сите подеднакво. , изјави Антонио Кошта, претседател на Европскиот Совет Во изминатиот период на маса беа ставени неколку нон пејпери, како постепено членство со одредени бенефити, пристап до единствениот европски пазар и статус на привилегиран набљудувач, во кој многумина препознаа членство од втор ред.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
МакедонијаЈанчев: Кружниот тек на Северен булевар во завршна фаза [☑️]Кружниот тек на Северен булевар во завршна фаза [☑️], објави на Фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Денес на кружниот тек на Северен Булевар се реализираа завршните активности – се обележуваше хоризонталната сообраќајна сигнализација и се поставуваа сообраќајните знаци. Со асфалтирани 5.300 м², проектот е во својата финална фаза и наскоро кружниот тек ќе биде целосно ставен во функција. Продолжуваме со работа до целосна реализација! [🏗️], стои во објавата на првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВладата донесе одлука од денеска до 30 септември трговците да ги намалат цените за 10 до 15 проценти за училишниот приборВо пресрет на почетокот на учебната година, владата донесе одлука од денеска до 30 септември трговците да ги намалат цените за 10 до 15 проценти за училишниот прибор.Дополнително трговците се задолжуваат покрај новата, на производите да ја прикажат и старата цена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook