3Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат
МакедонијаСудијата Ѓоко Ристов, во чиј дом беа пронајдени 350 000 евра, не е приведенКаде се наоѓа и дали е достапен на органите за прогон апелацискиот судија Ѓоко Ристов кој соѕидал 350.000 евра во домот на родителите во Неготино и е под сомнежи за корупција и трговија со влијание, засега останува непознато.Од ОЈО ГОКК велат дека повеќе детали во моментов не се откриваат во интерес на истрагата која се уште е во тек, а која ја оценуваат како една од најопсежните кои некогаш се спровеле во државата, поткрепена со информации и известувања од АНБ. -Станува збор за повеќемесечна постапка и исклучително сериозен предмет на кој се работи 24 часа и во интерес на истрагата во овој момент не можат да се откријат дополнителни информации – велат од ОЈО ГОКК. Во меѓувреме, додека се чекаат официјалните, неофицијалните информации говорат во станот на Ристов бил извршен претрес уште пред две недели, но ништо не било пронајдено. Една недела подоцна тој им најавил на колегите од Апелација дека е болен и дека ќе оди на боледување, а мобилен телефон не користел повеќе од еден месец откако се отвори истрагата против адвокатот Фехми Стафа за подмитување судија во скопската апелација, односно – Ѓоко Ристов. Според истрагата од 14ти декември, Фехми Стафа, кој е колега на сопругата на апелациониот судија, му дал поткуп на Ристов во име на обвинетиот бизнисмен Љупчо Пецов, викан Ѓаволот, кој до неодамна беше во бегство. -Во созидан простор во ѕидот се пронајдени 350.000 евра за кои постои сомнение дека биле незаконски стекнати и прикриени, постапувањето е како резултат на дејствија преземени во рамките на опсежна истрага, откако на 14ти декември 2025 година беше осомничен адвокат поради сомненија за кривично дело примање наградата за против законито влијание,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Во случај да се побара притвор за судијата Ристов, претходно дозвола ќе треба да даде Судскито совет, со оглед дека судиите имаат имунитет. Инаку, Ристов за апелациски судија беше избран во 2020 година, иако беше рангиран дури на 14-то место, прворангираните не го добија потребното двотретинско мнозинство, што тогаш предизвика бурни реакции во јавноста. Еден од најпознатите предмети во кои судел е „Таргет–Тврдина“, случајот за масовното незаконско прислушување, во кој обвинет беше Сашо Мијалков. Со укинувањето на пресудата на Кривичниот суд, предметот застаре, што резултираше со негово затворање без правосилна судска одлука... Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВиткоф и Кушнер на средба со Путин во МоскваПретставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин. Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров. Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници. Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев. По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.Тагови: Владимир Путин САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИскра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинителДенеска пред Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски патВо разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности. Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан. Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки. Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа. Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата. На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter