Судиите утре избираат член на Судскиот совет од немнозинските заедници - Канал 5

Судиите утре избираат член на Судскиот совет од немнозинските заедници

 Судиите утре на непосредни избори гласаат за нов член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20 отсто од населението. 

Судиите утре избираат член на Судскиот совет од немнозинските заедници

Право на глас имаат сите 418 судии запишани во Судскиот изборен именик. Гласањето започнува во 8 часот и трае до 15 часот во изборните места во сите судови во земјава, по што на јавна седница се објавуваат резултатите.

На кандидатската листа Судиите на непосредни избори ќе гласаат за еден од шестмината кандидати: Африм Јакупи (судија на Апелационен суд Гостивар), Садула Иазири (судија на Основен суд Тетово), Улбер Хасани (судија на Основен граѓански суд Скопје), Хасан Асани (судија/претседател на Основен суд Тетово), Џемали Саити (судија на Врховен суд) и Шпреса Граинца Османи (судија на Основен кривичен суд Скопје).

Претседател на Комисијата за спроведување на изборот, Судскиот совет го избра судијата Осман Шабани, од Апелациониот суд Скопје, а за негов заменик судијата од Основниот кривичен суд Скопје Илија Трпков.

Огласот за избор на член на Советот од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението, Судскиот совет го објавен на 20 ноември 2025 година.

Изборот е на местот на судијата Ханиф Зендели, од Апелациониот суд Гостивар, чиј шестгодишен мандат истекува. Зендли за член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението беше избран на 22 јануари 2020 година.

Судскиот совет го сочинуваат 15 члена, од кои осум се избираат од редовите на судиите, тројца избира Собранието и двајца членови се на предлог на претседателот на државата. Членови без право на глас се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда. Тие се избираат со мандат од шест години, со право на уште еден реизбор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Исламскиот младински форум со демант на тврдењето дека се терористичка организација

Исламскиот младински форум – Скопје ги отфрла обвинувањата во кои се поврзува со организација од Македонија што се најде на египетската листа на терористички организации. 

Исламскиот младински форум со демант на тврдењето дека се терористичка организација

Во допис насловен како јавен демант, скопското здружение најави дека ќе поведе судски постапки и ќе бара надомест на штета од оние за кои ќе се утврди одговорност за ширење невистинити и штетни тврдења.

„Нагласуваме дека споменувањето во документи на странски институции не претставува правен доказ дека станува збор за организацијата на која се однесува една таква неоснована одлука. Таквата идентификација бара официјална документација и прецизна проверка на правниот идентитет на организацијата“, се вели во демантот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ веќе неколку години активно се префрла од тенисот на работните места што ќе ги работи по завршувањето на неговата неверојатна кариера. 

Новак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)

Србинот продолжува да им пркоси на физиката и се обидува да освои уште еден голем трофеј на 39-годишна возраст.

Од друга страна, тој е вклучен и во развојот на ATMA, нов луксузен бренд на Aman Group, кој има план да направи нешто навистина големо во Мајами.

Имено, идејата е да се комбинираат сместување, спортски објекти и програми што ќе помогнат во здравјето, закрепнувањето и долговечноста. Централната фигура на сè ќе биде облакодер во Брикел, во една од најпознатите и најлуксузните области во Мајами. Се наведува дека кулата ќе достигне висина од 320 метри, што е три пати повисоко од Белградската кула...

Ѓоковиќ и Aman Group започнаа соработка во 2024 година. Српскиот тенисер треба да учествува во планирањето на програмата и идеите што луѓето ќе ги користат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно.

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

- Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек се зафатите за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање надвор од државава.

- Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер