3Со настaпи на Хозе Карерас и Дејвид Гета, над 200 илјади граѓани ја прославија 35-годишнината од независноста
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаСудењето за случајот „Онкологија“ се одложи за 8 октомври, одбраната бара Коцевски да ја преземе постапкатаСе одложи судењето за случајот „Онкологија“, причина за одложувањето е барањето на адвокатите на обвинетиот Нино Васев до државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да го преземе предметот или да го делегира на друго јавно обвинителство. Судијаката Снежана Марковска судењето го одложи за една недела. „Со оглед предлогот упатен до државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски со кој се бара преземање на кривично гонење, по кој поднесок е потребно да одлучи јавниот обвинител на РСМ, судот констатира дека не се исполнети законските услови за водење на постапката од кои причини главната расправа се одложува за 8 октомври“.-Судија Снежана Марковска Основен Кривичен суд. Според новиот тим адвокати на васев обвинителините акти биле не стручно направени. „Дејствијата што се ставаат на товар не се кривични дела, не направил никаква штета ниту можел да направи. За овие драстични работи побаравме мислење и повторна реавулација на двата обвинителни акти од државниот јавен обвинител кој тоа право го има според законот со аргументи. И очекуваме на комплетна реавулација“, вели Боби Спирковски адвокат. Јавната обвинителка Ана Гоговска-Јакимовска, побара одложување и посочи дека не може да се произнесе по ова барање и мора да го достави до надлежната институција. На денешното рочиште требаше да продолжи со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството. Првообвинетиот Нино Васев заедно со онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, се обвинети за продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување. Постапката првично се водеше и против онкологот Мери Пешевска, која призна вина пред судот и беше осудена на две години затвор, но казната нема да се изврши доколку во наредните пет години Пешевска не стори друго кривично дело. Тагови: Клиниката за онкологија Нино Васев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патиштаЗа 35 лица е намален бројот на загинати во сообраќајни несреќи во првите осум месеци годинава, споредено со истиот период лани. Од 96 жртви во 2025, бројот годинава е намален на 61. Бројките ги сподели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при денешниот старт на „Безбеден град“ во Велес. Тој посочи дека намалувањето на бројот на жртви е резултат на повеќе фактори, меѓу кои и зголемената контрола и санкционирањето на сообраќајните прекршоци. Со пуштањето во функција во Велес, системот го опфаќа целото подрачје на СВР Велес – Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Само за ден и пол системот во Велес веќе регистрирал 151 сообраќаен прекршок. Од нив, 124 се регистрирани во саботата, а уште 27 денеска до пладне. Најголем дел се за прекумерна брзина, додека три до четири прекршоци се за минување на црвено светло. -Вчера (сабота) регистрирани се 124 казни, а денес до пладне 27 казни, односно за ден и пол вкупно 151. Ова е многу помалку во споредба со бројките што ги имавме во некои претходни периоди. Велес доби и команден центар за овој систем, сместен во поранешните простории на Министерството за одбрана, кои се целосно реконструирани. Тој го покрива подрачјето на СВР Велес, односно градовите Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Најголем дел од овие 151 казна се за брзо возење, а само три-четири се за минување на црвено светло на семафор. – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи Но, црниот биланс на патиштата и натаму е присутен. Само во изминатите два дена во две тешки сообраќајки загинаа три лица – двајца кај Илинден, меѓу кои татко и неговиот 17-годишен син, и 21-годишен млад фудбалер во несреќата на патот Гостивар–Стража. Во двете несреќи има и повеќе повредени. Во сообраќајката кај Илинден повредени беа две лица, едното повредено 17 годишно момче е во кома, а 17 годишната девојка е тргната од респиратор, велат од Ургентен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Ќе се намалува ДДВ-то за дизел гориватаНа владина седница денеска ќе се донесе мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти – информира премиерот Христијан Мицкоски.Во продолжение погледнете ја целосната изјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо настaпи на Хозе Карерас и Дејвид Гета, над 200 илјади граѓани ја прославија 35-годишнината од независностаНад 200 илјади граѓани присуствувле на настаните кои во текот на еден месец се одржуваа на повеќе локации по повод 35 години од независноста на Македонија, посочи премиерот Мицкоси. Тој оцени дека државата достоинствено ја одбележала независноста и дека прославата била од светски калибар. Најави дека вакви настани ќе се организираат секоја година и дека Владата ќе поддржува ваков тип културни и спортски манифестации. На обвинувањата од СДСМ за сумата одвоена за концертот на Дејвид Гета, Мицкоски одговори дека се од општествено одговорни компании и дека резервите на Државната лотарија сега се насочувле назад кон граѓаните, а не во приватни џебови како што тоа било случај во минатото. „Ја следам оваа естрада што ја прави опозицијата. Мислам дека се единствени коишто во овој период не се задоволни затоа што прославата на 35-годишнината, којашто траеше повеќе од еден месец, помина навистина прекрасно. Имаше мнигу среќни и многу задоволни граѓани. Оние кои очајуваа на времето парите ги трошеа во приватни џебови кај Перпарим и останатите, а ова влада сето она кое што е дел од резервите на Државна котарија го враќа назад кај граѓаните, кај културата и кај уметниците. Има разлика не сме исти, владата на СДСМ и ДУИ добивката од Лотарија најчесто преку сомнителни тендери и јавни набавки ги враќаше во приватни џебови на неколкумина виоски функионери, за кои има судски просеси“– Христијан Мицкоски, претседател на Владата Од опозиоциската СДСМ пак бараат јавно да се објаваат договорите И исплатите на добавувачите и на секој изведувач поединечно кој настапил за време на одбележувањето на независноста. Во спротивно бараат да се отвори истрага кој ќе утврди каде завршил секој денар. „Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски. Сомнежите за дилови се оправдани, поради начинот, одлуката, криењето информации и отворањето на јавниот повик, кој траел само пет работни дена и на кој пристигнала само една понуда. Значи условите биле однапред приспособени за конкретен организатор бил договорен. Колку точно чинел настапот на Дејвид Гета – неговиот хонорар, продукцискиот пакет, сцената, техниката, транспортот и меѓународниот тим. И кога бил договорен и исплатен“- Маја Борозан, портпаролка на СДСМ 35 годишнината од незавиноста се одбележуваше повеќе од еден месец ширум земјава. Прославата стартуваше на 9-ти август од стадионот Билјанини извори во Охрид, а карванот насловен „Силно светнал ден“ помина низ 11 градови. На 1-ви септември на градскиот плоштад во Скопје настапи и светската оперска ѕвезда Хозе Карерас. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45