Судењето за „Пулс“ продолжи со сведоци и вештаци на одбраната - Канал 5

Судењето за „Пулс“ продолжи со сведоци и вештаци на одбраната

По речиси една година откако започна судскиот процес за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, предметот влезе во нова фаза.

Судењето за „Пулс“ продолжи со сведоци и вештаци на одбраната

Од денеска одбраната започна со изведување на своите вербални и материјални докази со предложени 244 сведоци. Градежен вештак кој го ангажирал првообвинетиот Дејан Јованов Деко, тврдеше дека во објектот биле изведувани лесни занаетчиски работи а не реконструкција.

-Објектот на лице место е поделен на две нивоа и приземен дел. Закупецот не преземал градежни активности во уредување на просторот кој го имал под закуп туку презел градежни зафати како ентериерно уредување на закупениот простор за потребите на стопанската дејност. Овие зафати не може да се именуваат како рекунструкција туку само градежно занатски работи,- -Петре Русески – Вештак.

Уште на смиот старт на исказот на вештакот во судницата стана тензично. Семејствата на загинатите бурно реагираа на неговите тврдења на што кон нив се сврте Дејан Јованов што дополнително ги вознемири. Судијката Диана Груевска Илиевска побара да ја напуштат судницата по што судската полиција ги спроведе надвор.

Пред да започне судењето семејствата порачаа дека иако одбраната започнува со изведување на своите докази тоа нема да ги промени утврдените факти за објектот. Јавно поставија повеќе прашања за кои очекуваат одговор во текот на доказната постапка на одбраната – за пренамената на објектот, паркингот, минимално-техничките услови и лиценцата со која работел објектот.

-Јавно прашуваме – кој од нив ќе докаже дека објектот имал законска пренамена, сопствен паркинг и исполнети минимално-технички услови? Кој ќе докаже дека лиценца за салон за теписи важела за дискотека? И кој ќе го оправда непостапувањето на Општината и институциите што го зави Кочани во црно? Обвинетите од обезбедувањето не се на обвинителна клупа затоа што по избувнувањето на пожарот спасувале или не спасувале, тука се поради сомнението дека не ги исполниле обврските пред трагедијата – кога таа требало да се спречи. Херојство откако сè било во пламен не ја брише одговорноста за она што не било направено претходно. Правдата можат да ја одолжуваат. Вистината – не! изјави – Александар Наунов – Татко на загинат во пожарот во Пулс.

Инаку денешното судско рочиште е последно на кое првообвинетиот сопственик на Пулс, Дејан Јованов Деко, е спроведен од притвор. Од 3 октомври тој ќе се брани од слобода со оглед на тоа што истекува законскиот рок од една година за определување притвор, а обвинителството може да побара поблаги мерки за да го обезбеди неговото присуство. Во меѓувреме неговата одбрана понуди 200 илјади евра гаранција а обвинителството се уште не дало мислење.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заминувањето на Роналдо предизвика драма во Португалија, се вклучи и премиерот

Кристијано Роналдо го напушти кампот на репрезентацијата на Португалија во Данска во пресрет на натпреварот од Лигата на нации поради судир со новиот селектор Хорхе Жесус. 

Заминувањето на Роналдо предизвика драма во Португалија, се вклучи и премиерот

Ситуацијата ескалира толку многу што во целата приказна се вклучи и португалскиот премиер Луис Монтенегро. Се започна по натпреварот од Лигата на нации против Норвешка. Португалија победи со 2:1, но Роналдо не влезе во игра иако селекторот го повика да се загрева. Тоа беше првпат по 2008 година да не игра на официјален натпревар на португалската репрезентација.

Што се случило?

Хесус по натпреварот објасни дека имал намера да го претстави Роналдо во второто полувреме, но во текот на натпреварот го променил планот. Роналдо по натпреварот веднаш отиде во соблекувалната наместо да ги поздрави навивачите со соиграчите.

Неколку дена подоцна ситуацијата дополнително ескалирала. Роналдо пристигна на тренингот на репрезентацијата, разговараше со Хесус, но не тренираше со остатокот од тимот. Португалската федерација соопшти дека тој требало да одработи индивидуален тренинг, по што се вратил во хотелот.

Тогаш во приказната се вклучи и претседателот на португалската фудбалска федерација, Педро Проенса. Според португалските медиуми, бил организиран разговор меѓу клучни луѓе за да се обидат да се смират тензиите. Сепак, Роналдо доцна синоќа го напушти хотелот во кој престојуваше репрезентацијата, а потоа од Копенхаген замина за Мадрид.

Селекторот се уште смета на Роналдо кој го контактирал на Инстаграм

Сега реагираше и португалскиот премиер. Луис Црна Гора контактирал со челниците на португалскиот фудбал, а според медиумите разговарал и со Хесус и Роналдо и бара целосно расчистување на ситуацијата.

И покрај се, Хесус тврди дека се уште смета на Роналдо. По натпреварот со Норвешка, тој ја отфрли можноста капитенот да биде вкрстен и објасни дека одлуката да не влезе во игра е исклучиво поврзана со развојот на играта. Роналдо на Инстаграм порача: „Во догледно време на сите Португалци ќе им ја кажам вистината за причините за моето заминување“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Во напредна фаза се активностите на новиот објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци

Во напредна фаза се активностите на новиот објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци. 

Јанчев: Во напредна фаза се активностите на новиот објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци

Проектот постепено добива своја форма на терен.

Новата инвестиција, која се реализира во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“, ќе се простира на површина од 1.000 м² во основа, со подрум, приземје и кат, а ќе содржи:

Куглана

Сала за гимнастика

7 апартмани за сместување на спортисти

Проектот е вреден 118.000.000 денари и целосно е финансиран преку Влада – втор повик.

Со оваа инвестиција Кавадарци продолжува да се развива како модерен, активен и спортски ориентиран град!, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Возач на камион од Македонија загина во тешка сообраќајка кај Лесковац

Возачот на камион, државјанин на Македонија М. Ј., загина синоќа во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Врање - Ниш, во близина на Богоевац во близина на Лесковац.

Возач на камион од Македонија загина во тешка сообраќајка кај Лесковац

Сообраќајната несреќа се случила околу 1:50 часот по полноќ, кога возачот, кој управувал камион со приколка, најверојатно поради несоодветна брзина, излетал од автопатот, објави Блиц.

По излегувањето од коловозот, возилото се запалило и целосно изгорело, а телото на возачот било пронајдено во камионот.

На местото на несреќата пристигнале пожарникари, екипи на брза помош и полиција. Пожарникарите интервенирале поради пожар во камионот, додека полицијата извршила увид на лице место за да ги утврди сите околности и точната причина за несреќата.

Истрагата е во тек, а повеќе детали за околностите под кои се случила трагедијата ќе бидат познати по извршувањето на проверките.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер