3АХВ: Земени нови мостри од повеќе локации во Гостивар, додека забраната за користење на водата останува во сила
1Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
МакедонијаСудењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со презентација на докази за државниот пазарен инспекторатСудењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со презентација на материјални докази од Обвинителството кои се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат.Судењето за трагедијата во кочанската дискотека „се одвива во судницата во „Идризово“. Обвинителството презентира материјални докази, вклучувајќи документи и снимки кои откриваат пропусти во безбедноста и контролите од институциите. “, во пожарот загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗапочна официјалната посета на претседателката на Индија, Друпади МурмуПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека Друпади Мурму, прв претседател на Република Индија во официјална посета на државава.По тет-а-тет средбата следеше пленарен состанок на македонската и на индиската делегација. Предмет на разговорот беа актуелните македонско-индиски односи, со акцент на можностите за соработка во економијата, образованието, науката, културата, туризмот, здравството и дигиталната трансформација. Соговорничките, исто така, разменија мислења за глобалните состојби, укажувајќи на потребата од почитување на меѓународното право и мирното решавање на споровите. За Сиљановска-Давкова, посетата е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на соработката. Во заедничкото хумано наследство на Света Мајка Тереза, како и во искуството од Движењето на неврзаните, таа препознава цврсти темели на новата ера во македонско-индиските односи. Според неа, македонската геостратешка положба, инфраструктурните коридори и лесниот пристап до европскиот пазар, може да бидат од особен интерес за индиските инвеститори. Друпади Мурму оцени дека нејзината прва посета на државава е историски момент и изрази волја за нова динамика во сестраното партнерство меѓу двата народи. Според обете, политичкиот дијалог и меѓуинституционалната соработка се претпоставки за продлабочувањето на севкупните односи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалДва милиона луѓе на улиците на Мадрид ги пречекаа светските шампиони! Шпанската фудбалска репрезентација беше пречекана од околу два милиона луѓе на улиците на Мадрид по освојувањето на титулата светски првак на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.Неверојатни сцени во Мадрид, два милиона луѓе ги пречекаа светските шампиони! Шпанските фудбалери пристигнаа во татковината 24 часа по триумфот по продолженија со 1-0 над Аргентина во финалето на Светското првенство и по вторпат во историјата ја освоија титулата светски шампион. Победничкиот гол го постигна Феран Торес во 106-тата минута. 🇪🇸 | Ferrán Torres con su gorra de «Make Spain Great Again» durante la celebración del Mundial en Madrid. pic.twitter.com/qvo9kpNhl1 — ʜᴇʀQʟᴇs (@herqles_es) July 20, 2026 По пристигнувањето во Мадрид, шпанскиот национален тим најпрво беше примена од кралот Фелипе Шести и кралицата Летиција во палатата „Зарзуела“, а потоа беше пречекана од премиерот Педро Санчез. По официјалните приеми, играчите и стручниот штаб тргнаа со отворен автобус низ централните улици на главниот град, поздравувајќи ги насобраните навивачи кои во голем број излегоа да го прослават историскиот успех. The amount of Spain fans at the parade in Madrid 🤯 pic.twitter.com/brlyPKmrp9 — FOX Sports (@FOXSports) July 20, 2026 Поворката заврши на плоштадот Сибелес – традиционалното место за прослава на најголемите спортски успеси во Шпанија – каде што беше поставена бина со музичка програма што му претходеше на пристигнувањето на новите светски шампиони. Според податоците објавени од шпанскиот бренд, кои се повикуваат на проценките на надлежните служби, на прославата на улиците во Мадрид присуствувале околу два милиона луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеНова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ успешно е изведена првата операција со роботскиот систем MedBot Toumai®, со што официјално започнува нова ера на напредна, прецизна и минимално инвазивна хирургија во болницата, во земјава и во регионотКај 57-годишен пациент беше изведена радикална роботски асистирана простатектомија со роботски асистирана лапароскопска лимфаденектомија. Станува збор за комплексна операција за лекување карцином на простатата, која со помош на роботскиот систем беше реализирана со исклучителна прецизност и максимална контрола во секој чекор од интервенцијата. Уролошкиот тим беше предводен од проф. д-р Сотир Ставридис, специјалист по урологија, со целосна поддршка од д-р Александар Мицковски и д-р Владимир Лозановски и тим анестезиолози, медицински сестри, техничари и болничари. Благодарение на нивната темелна подготовка, професионалност и беспрекорна координација, операцијата помина успешно и според планираниот тек. Пациентот е во добра општа здравствена состојба, а постоперативниот тек и закрепнувањето се одвиваат според очекувањата. Овој историски успех е резултат на континуираната посветеност на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ да им ги овозможи на пациентите најсовремените медицински иновации и здравствена услуга според највисоките светски стандарди. Воведувањето на роботската хирургија претставува значаен чекор напред не само за болницата туку и за развојот на македонското здравство. ХИРУРГОТ ЈА ИМА ЦЕЛОСНАТА КОНТРОЛА ВРЗ РОБОТСКИОТ СИСТЕМ Роботскиот систем не ја изведува операцијата самостојно. Секое движење на инструментите е целосно контролирано од хирургот, кој управува со системот преку специјализирана конзола. Роботот ги пренесува движењата на хирургот со исклучителна прецизност, овозможувајќи стабилна и детална работа и во анатомски тешко достапни региони. Тридимензионалната слика со висока резолуција му овозможува на хирургот повеќекратно зголемен и јасен приказ на оперативното поле. Проф. д-р Сотир Ставридис објаснува дека ваквиот минимално инвазивен пристап овозможува поголема безбедност за пациентите и значително побрзо закрепнување. „Имплементацијата на оваа софистицирана технологија ни отвора фасцинантни можности – ни овозможува да работиме со врвна, микроскопска прецизност и да изведуваме исклучително сложени хируршки зафати. Притоа, минимално инвазивниот пристап гарантира максимална безбедност за пациентите и значително побрзо закрепнување. Интервенцијата се одвиваше беспрекорно и целосно според планираниот тек, што е директен резултат на темелната подготовка и врвната координација на целиот оперативен тим“ - изјави проф. д-р Сотир Ставридис, специјалист по урологија. Во изведувањето на операцијата учествуваше и д-р Александар Мицковски, како дел од тимот уролози вклучени во интервенцијата. „Очекуваме примената на оваа технологија дополнително да ги унапреди можностите за минимално инвазивен третман во урологијата и да овозможи изведување сè покомплексни интервенции, со поголема прецизност и помала траума за пациентот. Во иднина, нејзината поширока примена ќе придонесе за пократок болнички престој, побрзо враќање на секојдневните активности и уште подобри функционални и онколошки резултати“, изјави д-р Александар Мицковски. ПРЕЦИЗНА АНЕСТЕЗИОЛОШКА ПОДГОТОВКА И ПОСТОЈАНА КООРДИНАЦИЈА Медицинската директорка на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, д-р Емилија Мирчевска, го предводеше тимот анестезиолози што учествуваше во операцијата. За д-р Мирчевска, реализацијата на првата роботски асистирана операција претставува историски значаен момент за болницата. Таа изрази голема благодарност до сите членови на медицинскиот тим за нивната професионалност, посветеност и напорна работа, благодарение на кои овој значаен медицински исчекор стана реалност. „Горди сме што можеме да понудиме напредна хируршка грижа за нашите пациенти и современите медицински технологии да ги доближиме до сите граѓани. Како анестезиолог, ми беше голема чест и професиoнална гордост да бидам дел од првата роботски асистирана хируршка интервенција во нашата болница. Анестезијата во роботската хирургија има свои специфики, бара прецизна подготовка,внимателно следење и менаџирање на сите можни промени во организмот, кои настануваат поради положбата на пациентот за време на операцијата и инсуфлацијата на јаглероден диоксид. Ваквите процедури бараат високо ниво на координација и постојана комуникација меѓу сите членови на оперативниот тим. Овој успех е доказ дека располагаме со знаење, искуство и капацитет за примена на најсовремените медицински технологии“ - објаснува д-р Мирчевска. ПРИДОБИВКИ ОД РОБОТСКИ АСИСТИРАНАТА ХИРУРГИЈА Роботски асистираната хирургија претставува револуционерен напредок во современата урологија. Благодарение на тридимензионалната HD-визуализација, зголемената прецизност и флексибилноста на инструментите, кои ги надминуваат природните ограничувања на движењето на човечката рака, роботската технологија овозможува исклучително прецизна дисекција и максимално зачувување на виталните анатомски структури. За пациентите, ваквиот пристап значи помали оперативни резови, помала загуба на крв, намалена постоперативна болка, помал ризик од компликации, пократок престој во болница, побрзо закрепнување и враќање на секојдневните активности, како и поголема прецизност при зачувувањето на околните нерви, крвни садови и ткива. Воведувањето на роботскиот систем не претставува само технолошки напредок, туку почеток на сосема ново поглавје во секојдневната хируршка практика на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и во иднина ќе продолжи да инвестира во иновативни медицински технологии, знаење и континуирана едукација на своите тимови, со единствена цел - подобро, побезбедно и поефикасно лекување и најдобар можен исход за секој пациент. Со проширувањето на примената на оваа технологија, се очекува роботски асистираната хирургија да стане нов златен стандард во лекувањето на сè поголем број пациенти и во изведувањето на најсложените хируршки интервенции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter