ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
3Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?
МакедонијаСудењето за „Онкологија 2“ започна одново Судењето за случајот „Онкологија 2“ во Основниот кривичен суд Скопје започна од почеток поради промена на поротник. На денешното рочиште странките останаа на воведните зборови и се согласија исказите на досега испитаните сведоци да бидат прочитани, по што процесот продолжи со сослушување на сведоци. Во воведниот збор, бранителот на обвинетиот Никола Васев денеска додаде дека дејствијата кои му се ставаат на товар на обвинетиот не претставуваат кривични дела, туку, како што рече, административни постапки согласно законските акти, за кои биле задолжени други работници во клиниката, а не директорите. Тој побара обвинетиот да биде ослободен од обвинение. Обвинети во случајот се поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Нино Васев и економскиот директор Нехад Нухи. Јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска го застапува обвинението, кое беше одобрено во јуни годинава. Според обвинението, Васев и Нухи во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Двајцата обвинети ја негираат вината, тврдејќи дека обвинението е неосновано и политички монтирано, засновано врз економско вештачење од лица кои и самите се инкриминирани. Покрај „Онкологија 2“, против Васев и уште двајца лекари се води и друг процес – „Онкологија 1“, за несовесно лекување пациенти.Тагови: Онкологија 2 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Елегантната Ирина Шајк Таа е сонот на секој маж, а со ова издание покажа зошто луѓето „полудуваат“ по неа.Една од најбараните манекенки на светот руската убавица Ирина Шајк се појави на еден настан во Њујорк и покажа како блеска природната убавина. Дали можеби знаете за која убавица станува збор? Руската манекенка Ирина Шајк блесна на доделувањето на наградите „Иноватор“ (Innovator Awards) на списанието WSJ во Њујорк. За таа пригода, таа се одлучи за модна комбинација која, иако делува скромно, сепак открива многу. Како што може да се види, таа избра бела креација од јапонскиот бренд „Исеј Мијаке“ (Issey Miyake), која е дел од колекцијата за есен/зима 2026 година. Станува збор за структуриран фустан со корсет, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува витата фигура. Оваа минималистичка креација е украсена со интересни, лелеави детали во горниот дел, кои на целокупниот изглед на Ирина му дадоа женствена нота. Сепак, не смееме да го изоставиме отворениот грб – впечатлив елемент во дизајнот што на ова софистицирано, речиси ненаметливо издание му даде привлечна нота.Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизПочина легендарниот хрватски пејач Мишо КовачНа 85 годишна вораст попладнево Почина легендата на балканската музичка сцена, хрватскиот пејач Мате Мишо Ковач –, човек кој продаде над 20 милиони носачи на звук во текот на кариерата што траеше речиси половина век.Веста за неговата смрт за хрватските медиуми ја потврдија извори блиски до пејачот. Мишо починал околу 15:30 часот во својот дом во Сплит. Пред смртта, тој изразил желба да биде погребан во Загреб. Покрај неговите безвременски хитови и бројни успеси, личниот живот на Мишо Ковач беше одбележан со голема трагедија. Деведесеттите години од минатиот век донесоа најтежок период за прочуениот пејач. Во 1992 година, неговиот шеснаесетгодишен син Еди почина во Загреб под нејасни околности. По смртта на Еди, Мишо Ковач одржа голем концерт насловен „Ноќ на свеќи“ (*Noć svijeća*) на стадионот „Пољуд“ во Сплит. Настапи пред 50.000 луѓе, а по концертот изјави дека повеќе нема да настапува. Сепак, тој не го одржа зборот. Покрај синот, во 1990-тите години тој ги загуби и мајка си и помладиот брат. По неколкугодишна борба со депресијата, Мишо се обиде да изврши самоубиство во Загреб во 1999 година, но преживеа. Подоцна, тој се врати со концерт во Спортскиот центар, сними нови албуми и дуети со својата ќерка Ивана, а повторно победи и на Сплитскиот фестивал. Од тој период најмногу се издвојува песната „Далматино“. Во 2012 година, тој ја доби наградата „Порин“ за животно дело.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотКои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?Две водечки фирми специјализирани за анализа на технологија поврзана со криптовалути објавија дека поседуваат цврсти докази што го поврзуваат хакерскиот напад врз Binance, во кој беа украдени 6,3 милијарди долари, со група поддржана од Северна Кореја.Како што пренесува BBC, TRM Labs и Chainalysis – со висок степен на сигурност – ја идентификуваа групата „Лазарус“ (севернокорејски хакерски колектив, познат и како TraderTraitor) како најверојатен извршител на нападот врз најголемата берза за криптовалути во светот. Овој напад далеку го надминува претходниот рекорден грабеж – инцидент од 2025 година поврзан со берзата Bybit, при што беа украдени 1,5 милијарди долари. Овој инцидент е најновиот во низата напади поврзани со Северна Кореја – една од најсиромашните земји во светот, каде што пристапот до интернет е строго ограничен. Експертите ја обвинуваат владата на Ким Џонг Ун дека се потпира на сајбер-криминал за финансирање на државата – обвинување што Пјонгјанг долго време го негира. Според извештаите, земјата систематски ги развива своите сајбер-операции. За таа цел, таа регрутира елитни студенти и ги насочува кон хакерски групи што се под надзор на севернокорејската разузнавачка служба. Анализите на технолошките компании покажуваат дека дел од овие операции се одвиваат во соседна Кина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37