Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
2Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаСудењето за „Онкологија 2“ продолжи со сведочење за финансиски неправилностиСо сведочење на раководителка на одделението за финансиско, сметководствено и шалтерско работење на Клиниката за онкологија, денеска во Основниот кривичен суд продолжи судењето за случајот „Онкологија 2”.Со сведочење на раководителка на одделението за финансиско, сметководствено и шалтерско работење на Клиниката за онкологија, денеска во Основниот кривичен суд продолжи судењето за случајот „Онкологија 2” во кој за незаконско набавување лекови, прикривање преку фиктивни тендери и присвојување на дел од терапијата се обвинети поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Нино Васев и економскиот директор на Клиниката Нехад Нухи. На прашања на Основното јавно обвинителство кои се однесуваа за финансиското работење на Клиниката за периодот од 2018 до 2022 година, раководителката на финансиското, сметководственото и шалтерското работење на Клиниката наведе дека во овој период извршувала контрола, координација и подготовка на финансиски и статистички извештаи, завршни сметки и редовна комуникација со Фондот за здравство, Министерството за здравство и Државниот завод за статистика. Прашана дали овие ингеренции ѝ биле одземени, таа одговори „ингиренциите ми беа одземени од крајот на 2019 почетокот на 2020 година“. Објасни дека по тринеделен ковид-карантин открила дека дел од нејзините обврски ѝ биле пренесени на колешка без писмено решение. - Кога се вратив видов дека мојата обврска за подготвување на налозите за плаќање спрема набавувачите веќе ја имаше преземено моја колешка и бев комплетно тргната од таа работа. Писмено се обрати, се претставив која сум, меѓутоа тоа не се случи, рече сведокот. Раководителката сведочеше и за соработката со обвинетиот Васев, за кој рече дека до пред ковид периодот соработувале доста добро, нагласувајќи дека Клиниката немала никакви долгови дотогаш. - Соработувавме доста добро, Клиниката тогаш немаше никакви долгови, но пред да се разболам приметив дека Васев имаше поладен однос со мене и не можеше да го издржи таквото пресметување за плаќање спрема добавувачите што беше исправно, рече сведокот. Во делот на финансиското работење, таа потврди дека редовно доставувала извештаи до Министерството за здравство и Фондот за здравство. - Доставував два извештаја, еден за финансиското работење, другиот за тоа колку приход остваруваме и колку пациенти имаме кои не се државјани на Македонија или Македонци кои немаат осигурување, изјави сведокот. За долговите на Клиниката посочи дека како раководителка имала обврска да доставува месечни извештаи до Фондот за здравство, за што, му предложила на Васев да се обратат до ФЗОМ писмено за да го зголемат буџетот за Клиниката, бидејќи, како што рече, се зголемувал бројот на пациенти, а Клиниката имала сѐ помалку пари. Прашана дали Клиниката добила тужби од економски оператори таа одговори „имавме тужби од два економски оператори. Еден од нив поднесе тужба за неплатени фактури за периодот 2021/22 година со голема камата од приближно еден милион евра, по што на крај дојде до блокирање на двете сметки“. Во текот на расправата, обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, посочи дека дополнително ќе му достави на Судот материјални докази кои сведокот ги доставил денеска, по што адвокатот на Васев, Вељо Кадиев, приговараше дека не постои записник за тоа како се прибавени тие докази. Во таа смисла, рече, може да се работи и за незаконски прибавени докази. Судот оцени дека за да може одбраната да поставува вкрстени прашања до сведокот, потребно е претходно да добие примероци од документите. Поради тоа, на Јавното обвинителство му е наложено да обезбеди копии, а вкрстеното испитување на сведокот беше одложено за следното рочиште кое треба да се одржи на 11 декември годинава. Според обвинението, во периодот 2018–2022 година Васев и Нухи незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Двајцата обвинети ја негираат вината и тврдат дека станува збор за политички мотивиран процес. Покрај „Онкологија 2“, во тек е и процесот „Онкологија 1“ против Васев и уште двајца лекари за несовесно лекување пациенти. Тагови: Онкологија 2 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
БизарноДошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)Адилсон Марсаро (48) од Бразил го загуби животот во необична несреќа на гробиштата, кога пропаднал во гробот на сопствениот татко. Трагедијата се случила додека тој престојувал на гробиштата на погреб на пријател, а бетонската конструкција на која седел наеднаш се урнела. Несреќата се случила во средата, на 21 октомври, на градските гробишта Сао Хозе во Линхарес, во бразилската држава Еспирито Санто. Марсаро дојде тој ден да присуствува на погребот на пријател кој загинал во сообраќајна несреќа претходниот ден. Според гробарот Назаре Бравин, човекот пристигнал на гробиштата со мотор, ги поздравил присутните и прашал каде ќе биде погребан неговиот пријател. После тоа, тој ги оставил моторот и кацигата, а потоа се упатил кон гробот на својот покоен татко, кој се наоѓал на истите гробишта. Кога стигнал до гробот на својот татко, Адилсон седнал на бетонскиот надгробен камен. Во тој момент структурата наеднаш попуштила под неговата тежина и човекот пропаднал во гробницата. Силен тресок го привлече вниманието на луѓето во близина. Кога сфатиле што се случило, веднаш повикале брза помош. На местото на настанот пристигнале припадници на противпожарната служба и брзата помош, но несреќниот човек не можел да се спаси. Лекарите можеле само да констатираат смрт. Неговото тело е извлечено од урнатата гробница и пренесено на обдукција. Како што пишува Њујорк Пост, Марсаро бил погребан веќе следниот ден, на истите гробишта каде што го загубил животот. View this post on Instagram A post shared by Agora Brasil (@agorabrasilnews) Градските власти на Линхарес изразија сочувство до семејството и пријателите на жртвата. Во соопштението тие наведуваат дека вработените на гробиштата веднаш ги известиле надлежните органи, но дека обидите за спасување биле неуспешни. Воедно, тие ги потсетија граѓаните да бидат особено внимателни при посетата на гробните места, особено во пресрет на празникот Денот на мртвите, кога се очекува поголем број посетители. По трагедијата се отвори и прашањето за безбедноста на гробните градби. Градската управа соопшти дека е надлежна за одржување на заедничките површини, патеките и другите јавни делови на гробиштата. Сепак, одржувањето на поединечните гробови и надгробни споменици, според локалните правила, е обврска на семејството на починатиот. Бразилската цивилна полиција покрена истрага за да се утврдат сите околности на несреќата. Засега не е соопштено зошто попуштила бетонската конструкција или дали претходно имало знаци на нејзино оштетување.Тагови: гробот погреб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
СветТрамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора да престане да убива ирански лидери за да утврди со кого преговараат САД и го повтори својот став дека на Иран никогаш не смее да му биде дозволено да развива нуклеарно оружје.„Морам да престанам да убивам ирански лидери затоа што морам да сфатам со кого, по ѓаволите, преговараме“, рече Трамп на предизборен митинг во Џорџија, објави Дејли експрес. Трамп повтори дека Иран повеќе нема авиони, нема бродови и нема лидери. „Лидерот од прво ниво го нема, лидерот од второ ниво го нема“, рече Трамп. Тој, исто така, ја бранеше својата одлука од 2018 година да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, постигнат под тогашниот американски претседател Барак Обама, велејќи дека ја донел одлуката во клучно време за да го спречи Техеран да добие нуклеарно оружје. „Го раскинав еден од најлошите договори што некогаш биле склучени, Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) на Барак Хусеин Обама, познат и како нуклеарен договор со Иран, што доведе до тоа Иран да добие нуклеарно оружје. За среќа, го раскинав токму на време“, тврдеше Трамп. Тој повтори дека САД го уништиле капацитетот за збогатување ураниум на Иран во воените операции спроведени оваа и минатата година. „Ги победивме воено, финансиски и на други начини. Мора да се погрижиме тие никогаш, ама баш никогаш да не добијат нуклеарно оружје“, повтори Трамп.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаПет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)Повеќе од 5.000 патници кои очекуваа еднонеделен одмор на сончевите Бахами завршија во студената Канада откако Ројал Карибиан мораше да го пренасочи своето крстарење поради бура. Бродот „Оаза оф д Сис“ исплови од Њу Џерси на 18 октомври на планирано седумдневно патување, но патниците дури на половина пат дознаа дека пловат кон Халифакс, Нова Шкотска, наместо кон тропските острови, објави CTV. Неочекуван пресврт Ненадејниот пресврт значеше дека патниците се пакувале за сосема погрешни температури. Ситуацијата беше влошена од објавата дека нема да им биде дозволено да го напуштат бродот додека е закотвен во пристаништето. „Мојот сопруг ме праша: „Ова е шега, нели?““, изјави Мари Дурнинг од Њу Џерси за CTV News. „Донесов зимска капа и грејачи за уши, но го заборавив шалот.“ Патниците кои пристигнаа на крстарењето од подалечни земји немаа зимска облека со себе, ниту пак имаа каде да ја земат пред да се качат. @chelsea_davis21 Bahamas? Canada? Tomato, tomato 🤷🏼♀️ #royalcaribbean #Canada #oasisoftheseas #halifax #novascotia ♬ original sound - Chelsea Davis Разочарување на социјалните мрежи Актерката Микајла Ајверсон објави видео на Инстаграм снимено на аеродромот Њуарк кратко откако дозна за промената. Во него, таа се пожали на ситуацијата, а видеото стана вирално со 1,4 милиони прегледи. „Ни беше кажано, по слетувањето во Њуарк, дека нашето семејно крстарење до Бахамите, кое тргнува за само 12 часа, сега оди во Нова Шкотска? И нема да ни биде дозволено да се симнеме од бродот цела недела. @royalcaribbean, немаме облека за тоа“, напиша таа во објавата. Меѓу патниците имаше и Канаѓани, кои практично беа испратени дома поради промената на рутата. „Многу сум разочаран“, рече Николас Мели од Торонто. Тој и неговото семејство возеа седум часа до Њу Џерси за да се качат на бродот. „Јас сум од Канада и сакав да одам на Бахамите“. @katymarie923 It was a not so perfect day at cococay. Now it’s just me and my bonine against the seas. #royalcarribean #utopiaoftheseas ♬ Hoist The Colours (A Cappella) - The Wellermen & Eric Hollaway & Big Brev & Ebucs & Luke G. Taylor & Bobby Bass & Jesse Elkins & Davide Dalmonte Се обидоа да ги обештетат И покрај сè, дел од патниците решија да го извлечат најдоброто од ситуацијата. „Бидејќи потрошивме многу пари на ова патување, им реков на сите да ги надминат своите фрустрации пред да се качиме на бродот. Откако ќе се качиме на бродот, не сакам повеќе да слушам за тоа“, рече Двејн Хикс од Филаделфија. „Така се среди, но сум благодарен и ќе се обидам да го извлечам најдоброто од ситуацијата“, додаде Џим Метјуз од Њу Џерси. „Освен тоа, слушнав дека Халифакс е прекрасен град.“Тагови: Бахами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook