Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
1Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
МакедонијаСудењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евраРасправата на денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“ во Кривичниот суд, беше прекината.Расправата на денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“ во Кривичниот суд, беше прекината откако адвокатката Анита Бегова, бранителка на обвинетиот Нехад Нухи, ја напушти судницата, незадоволна од начинот на презентирање на материјалните докази на Обвинителството, по што судот и изрече парична казна од 500 евра. На денешното рочиште Обвинителството започна со изведување на материјални докази – околу 180 страници документи поврзани со набавки на лекови, договори за јавни набавки и финансиски извештаи. Дел од одбраната инсистираше доказите да се презентираат поединечно, додека обвинителството сметаше дека тие веќе се опфатени во економското вештачење и не е потребно повторно детално читање. - Јас ќе одам архивска папка по папка со тоа што деловите кои се однесуваат на материјална евиденција по лек, нарачки, број на документи што се однесуваат за набавка на лекови, договори вклучени за јавни набавки, аналитички картички итн. се документи кои се дадени на вештите лица при изготвување на вештиот наод и мислење од областа на економското финансиско работење и тие материјални докази се анализирани и прегледани од нивна страна, а со оглед дека се дел од тоа вештачење, истите се доставени како материјални докази. Неѓутоа ако ги читаме еден по еден, ниту е целисходно, ниту е економично, а се наведени и во економското вештачење и затоа сметам дека не треба да се читаат и анализираат сите засебно бидејќи вештите лица ќе бидат испитувани и ако има одбраната доказ за кој смета дека треба да биде предочен и продискутиран при испитувањето на вештите лица, можам тоа да го направам при нивното испитување - рече обвинителката. Адвокатката Бегова реагираше дека судот не овозможува минимални стандарди за фер постапка и изјави дека нема да учествува во процесот додека доказите не бидат презентирани пред јавноста и поротата. - Пракса на обвинителството во многу предмети, па еве и овој е всушност дека се однесува дека со самото обвинение кое е поднесено и влегло во правна сила го добило предметот и воопшто не чувствуваат за потреба уважените колеги да се потрудат пред судот, пред поротата, да ги изведат соодветно доказите, анализирајќи го секој доказ поединечно и со тоа докажувајќи ја нивната теорија на случај. Точно дека во текот на истрагата на нашата одбрана ни беа презентирани доказите и овие докази ги имаме, ги добивме на усб преснимани, мене како одбрана ништо од тоа не ми алудира на некаква противправност. Дополнително, одбраната достави алтернативно мислење на вештиот наод и мислење, што исто така е поткрепен со илјадници докази кои се однесуваат на набавки, фактури, плаќања, движење на лековите од клиничката аптека во оддели, требувања итн кој што ја докажува нашата теорија на случај дека овде нема кривично дело кое обвинителството го тврди а за кое денеска дознаваме дека не сака да го докаже со изведување соодветно на доказите. За волја на вистината, согласно новиот КЗ, и претседателот и членовите на судот сега ќе се запознаат со доказите и за нив се непознати - рече Бегова. Судот оцени дека со ваквото однесување се нарушува редот и дисциплината, па донесе решение за парична казна. -Судот оценува дека со ваквото однесување на бранителот Анита Бегова не само што се нарушува редот и дисциплината во судницата, туку во наводите дека не се даваат минимални права за одржување на расправа во одреден степен се навредува судот, па во смисла на член 361 и 88 од ЗКП, судот донесе решение бранителот Анита Бегова се казнува со парична казна од 500 евра во денарска противвредност, против ова решение дозволена е жалба до советот по член 25 став 5 по писмени изготвување на решението - рече судијката. Поради потребата да се назначи нов бранител по службена должност за обвинетиот Нехат Нухи, расправата беше одложена и ќе продолжи на 7 април 2026 година. Во предметот „Онкологија 2“, Никола Васев и Нехат Нухи се обвинети дека во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Двајцата ја негираат вината и тврдат дека процесот е политички мотивиран. Паралелно со ова, во тек е и постапката „Онкологија 1“, каде Васев и уште двајца лекари се обвинети за несовесно лекување пациенти. Тагови: Онкологија 2 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“Новиот „Mustang Cobra“ доаѓа во 2027 година, но потенцијалните купувачи ќе мора брзо да дејствуваат.„Ford“ го подготвува враќањето на значката „Cobra“ на „Mustang“, а новиот спортски модел треба да продолжи таму каде што застана „Shelby GT350“. Се очекува да има атмосферски V8 мотор, мануелен менувач и моќност од најмалку 550 КС. „Ford Racing“ објави кратко тизер видео со кое се потврдува пристигнувањето на нов „Mustang“ со мотор развиен врз основа на искуството од трките. Премиерата е најавена за 2027 година, а сè укажува на враќање на значката „Cobra R “. You’ll want to hear this. For the drivers, with an all-motor heart born from racing. Ford Mustang Cobra, a Legacy Reborn. The story continues in 2027. https://t.co/fogI982jfl — Ford Racing (@FordRacing) November 10, 2026 Според информациите објавени од „Ford Authority“, новиот модел ќе биде духовен наследник на „Mustang Shelby GT350“, а треба да пристигне во салоните како модел од 2028 година. Производството би можело да трае релативно кратко, до моделската година 2029 година. Под хаубата се очекува атмосферски 5,2 или 5,4-литарски V8 мотор, поврзан со шестстепен мануелен менувач „Tremec“. Официјалните бројки за моќност сè уште не се објавени, но се проценува дека моторот би можел да развие помеѓу 550 и 575 КС. За споредба, претходниот „Mustang Shelby GT350“ користеше 5,2-литарски „Voodoo V8“ со 533 КС и 582 Nm вртежен момент. Сегашниот „Mustang Dark Horse“ со 5,0-литарски V8 мотор развива 508 КС, додека „Dark Horse SC“ има дури 806 КС. Враќањето на името „Cobra“ има и финансиска позадина. „Ford“ повеќе не сака да му плаќа на „Shelby American“ за користење на неговото име. Според текстот, „Ford“ претходно плаќал околу 800 долари за секој продаден „Shelby Mustang“, што вкупно изнесувало повеќе од 30 милиони долари трошоци за лиценцирање. Затоа, новиот модел би можел да се нарече „Cobra“ наместо „Shelby GT350“. Последен пат кога „Ford“ ја користеше оваа ознака беше на почетокот на 2000-тите, на моделот „Mustang SVT Cobra“ со V8 мотор со компресор. Извор: Б92Тагови: Ford Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаКирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок.На состанокот на европските либерали во Даблин за време на неформалниот самит на ЕУ, претставникот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок, истакнувајќи дека времињата на безусловно следење на европските лидери се минато, а граѓаните во регионот сè погласно ја гледаат хипокризијата и недостигот на конкретни резултати. Кирјас ги повика европските колеги да ја прифатат новата глобална реалност, нагласувајќи дека четврт век подоцна светот е далеку покомпетитивен и дека Европската Унија повеќе не е единствениот „производ“ на светската сцена. „Мораме да сфатиме и да прифатиме дека 2026 година не е 2001 – 25 години подоцна светот изгледа многу поразлично и е далеку покомпетитивен. Ако порано единствената опција и модел што можеа да го видат граѓаните беше европскиот модел, денес на пазарот постојат и кинески, и руски, и турски модел, па во последно време и американски модел кој е различен од европскиот. За нас, особено за либералите, европскиот модел на благосостојба, економски развој, слобода на говор, просперитет и гарантирање на правата е најдоброто решение. Но, не можеме да очекуваме дека граѓаните секогаш слепо ќе ги слушаат своите лидери, нема да ги следат вестите и нема сами да носат одлуки за тоа кој е способен да преземе решенија, да го исполни ветеното, да гледа визионерски и да проектира моќ на светската сцена“, порача Кирјас во Даблин. Тој предупреди дека европските институции се наоѓаат во состојба на самоодрекување од глобалната реалност и веќе не се доживуваат како морализирачка сила во регионот. Како што објасни пред присутните, дури и во Македонија веќе не се зборува само за формално членство во ЕУ, кое за многу граѓани стана непривлечен поради долгогодишните блокади и неисполнети ветувања, туку за градење држава според стандардите на земји како Бенелукс, Данска, Ирска или Естонија. „Ако не направиме сѐ во наша моќ за повторно да ги направиме европската идеја и европскиот проект атрактивни, ќе имаме огромен проблем – не само со граѓаните, туку и со иднината на нашиот континент. Време е да престанеме да гледаме на нашиот проект како на единствена солуција во светот. Нашите граѓани сакаат да живеат просперитетно, да говорат слободно и да имаат правна држава, но тоа значи дека и на европско ниво сите мора да бидат подеднакво почитувани – без надменост, без надредување, без второкласни граѓани и без наметнување каде што само еден одлучува и ги суди другите, туку систем каде што сите си помагаме еден на друг. Колку побрзо го направиме тоа, толку ќе биде подобро за сите нас во Европа“, заклучи Емил Кирјас во своето излагање пред европските либерали на состанокот на АЛДЕ. Либерално-демократска партијаТагови: Емил Кирјас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на МицкоскиЕден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори. Еден ден се фали со економси раст, друг ден признава дека државата нема пари. Неговите противречни изјави ја разобличуваат целата владина пропаганда, сите негови лаги. И ММФ ги разби бајките на Мицкоски. Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа. Според проекциите на ММФ, Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии по БДП по жител, со 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија, Црна Гора и Албанија. Разликата со најбогатите европски економии останува огромна. Ова е реалната состојба на македонската економија. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите. Ова е сè она за што СДСМ предупредува последната година. Сега потврдено и од ММФ. Реалноста е дека има 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е дека луѓето живеат полошо. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата – само бајки. Пари во буџетот нема, пари за граѓаните нема. Но знаеме каде има – кај Мицкоски и неговата банда. Вистината е сега на виделина, и со скандалот со Алта банка, и со неговите врски со Вучиќ. За сè ова, одговорност ќе има. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook