Судењето на Алек Болдвин за убиство од небреќност е закажано за 10 јули - Канал 5

Судењето на Алек Болдвин за убиство од небреќност е закажано за 10 јули

Судењето на актерот Алек Болдвин за убиство од небрежност е закажано за 10 јули, одлучи вчера судијата од Ново Мексико.

Судењето на Алек Болдвин за убиство од небреќност е закажано за 10 јули

На Болдвин ќе му се суди за фаталното пукање на снимателката Халина Хачинс во 2021 година за време на снимањето на вестернот Раст. Обвиненијата против Болдвин веќе еднаш беа отфрлени.

Хачинс умрела кога бил испукан вистински куршум од револверот Colt .45 со кој вежбал Болдвин во црква надвор од Санта Фе, ранувајќи го и режисерот Џоел Соуза.

На актерката Хана Гутиерез од „Раст реквизити“ ѝ се суди за наводно носење на вистински куршум за „Колт 0.45“ на снимањето и за она што обвинителите го нарекоа „невешт и непрофесионален труд“. Таа на полицијата ѝ рекла дека го наполнила пиштолот на Болдвин со вистински куршум, помешувајќи го со лажен.

Како Болдвин, и Гутиерез се соочува со обвинение за ненамерно убиство. Нејзините адвокати тврдат дека таа е жртвено јагне за непочитувањето на правилата за безбедност на огненото оружје од страна на актерот и хаотичното, нискобуџетно производство, кое ги игнорирало безбедносните упатства на индустријата.

Вчера членот на екипажот на Rust, Рос Адиего, им кажа на поротниците дека Гутиерез и првиот помошник директор Дејв Холс не извршиле безбедносни проверки за огненото оружје. Халс склучи договор за признавање вина минатата година и бил осуден за несовесна употреба на смртоносно оружје.

„Се движевме со луди брзини“, рече Адиего, додавајќи дека Гутиерез „не бил толку професионален“ како другите реквизитерки со кои работел.

Болдвин ја негира одговорноста за смртта на Хачинс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот.

Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Бугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата.

Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23.

Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда..

Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер