Судење против тројца полицајци за „Пулс“ – сведок тврдеше сопственикот не соработувал, а внатре имало малолетници - Канал 5

Судење против тројца полицајци за „Пулс“ – сведок тврдеше сопственикот не соработувал, а внатре имало малолетници

Сопственикот на дискотеката Пулс Дејан Јованов Деко одбивал да соработува со полицијата кога при контроли биле утврдувани прекршоци. 

Судење против тројца полицајци за „Пулс“ – сведок тврдеше сопственикот не соработувал, а внатре имало малолетници

Ова беше посочено на денешното рочиште по предметот во кој им се суди на тројца полициски службеници кои според обвинителството при акциски контроли за присуство на малолетници во Пулс во 2023 година, наместо за правното лице во чија сопственост била дискотеката, пишувале прекршоци за „Класик“ кое било неактивно. Полицаец сведочеше дека во една од контролите учествувал заедно со обвинетиот Горан Лазаров.

-Личните карти му ги предадов на одговорниот Горан Лазаров и му кажав дека во објектот се затекнати две малолетнички. На тоа почна да реагира сопственикот Дејан Јованов – Деко. Рече „правете што сакате“ затоа што и претходно со него за малолетници во објектот имавме дуел. Затоа излеговме надвор, не сакаше да соработува со нас. Одговорниот побара и документи од сопственикот на дискотеката но тој не сакаше да соработува и беше одбивен кон нас.- Ерхан Хаџиминтас – сведок

Прашан дали тоа било запишано во записникот, сведокот рече дека тој не го пополнувал записникот. Барањата за прекршочна постапка ги потпишувал третообвинетиот во случајот Александар Темелков и покрај тоа што според обвинението, имал увид во документацијата од Централен регистар. Токму овие пресуди одбраната ги бара од кочанскиот суд и ги предлага како докази.

Овој предмет од денеска го застапува обвинителката Спасенка Андонова откако на обвинителката Ивана Алексова Трајчева не и беше продолжен мандатот во ОЈО ГОКК. На следното рочиште закажано за 20 април обвинетите треба да дадат исказ пред судот а веќе е закажано и рочиште за завршни зборови со што се поизвесно е дека ова ќе биде прв предмет кој ќе добие пресуда а е поврзан со дискотеката Пулс во Кочани каде на 16 март во пожар загинаа 63 лица а над 200 беа повредени. Обвинителката Андонова ќе го застапува и обвинението за 13те полицајци кои кобната вечер биле во дискотеката но не презеле ништо за да се спречи внесување и активирање на пиротехниката. Прво судско рочиште за нив е закажано за утре.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Важни избори за членови на Претставничкиот дом на САД за два дена

Во вторник, на 3 ноември, Американците ќе излезат на гласање за конгресните избори, кои ќе го одредат односот на силите во Вашингтон во текот на последните две години од мандатот на претседателот Доналд Трамп. 

Важни избори за членови на Претставничкиот дом на САД за два дена

Повеќе од 200 милиони граѓани имаат право на глас на овие избори, кои доаѓаат по две години одбележани со високи трошоци за живот, војни и обвинувања за корупција.

Гласачите ќе ги изберат сите 435 членови на Претставничкиот дом на САД – кои имаат двогодишен мандат – како и 35 од 100-те американски сенатори, кои се избираат со шестгодишен мандат. Американците, исто така, ќе избираат гувернери во 36 сојузни држави, членови на државните законодавни тела, а ќе одлучуваат и за бројни прашања ставени на гласање.

Изборите во средината на мандатот традиционално се сметаат за референдум за поддршката на претседателот и неговата партија. На овие избори, партијата на претседателот често губи пратенички места, а промената на мнозинството во Конгресот може значително да го ограничи просторот за политичко маневрирање на претседателот.

Според најновиот просек од анкетите на „RealClearPolitics“ (RealClearPolitics), Демократите имаат предност во испитувањата за тоа која партија гласачите би ја поддржале на изборите за Конгресот. Кон крајот на октомври, овој просек изнесуваше 51,5 отсто за Демократите и 43,1 отсто за Републиканците.

На изборите одржани пред две години, гласаа приближно 155 милиони луѓе. На претходните избори во средината на мандатот, на гласање излегоа околу 122 милиони од вкупно повеќе од 240 милиони регистрирани гласачи. Излезноста на ваквите избори е традиционално помала отколку на претседателските избори.

Интересот за овогодинешните избори е очигледен и преку предвременото гласање. До завршната фаза од кампањата, десетици милиони Американци веќе го искористија своето право на глас, при што бројот на предвремени гласови се приближува до 50 милиони, според податоците објавени од „Асошиејтед прес“.

Претседателот Трамп, исто така, веќе гласаше. Во текот на целата кампања, тој ги повикуваше гласачите од Републиканската партија да се однесуваат како тој самиот да е на гласачкото ливче.

Сепак, претседателот не се кандидира на овие избори.

Демократите моментално имаат 214 места во Претставничкиот дом, додека републиканците го држат мнозинството. За да се обезбеди контрола врз овој дом, кој брои 435 пратенички места, потребни се најмалку 218 места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар Богојески

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни

Според УХМР времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²).

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност од денес до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има во недела и во вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m². Од среда и во деновите потоа ќе се задржи стабилно време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер