Суд пресуди дека царините на Трамп се незаконски, тој порача дека царините остануваат - Канал 5

Суд пресуди дека царините на Трамп се незаконски, тој порача дека царините остануваат

Американски апелациски суд пресуди дека поголемиот дел од царините што неодамна ги воведе претседателот на САД, Доналд Трамп, се незаконски.

Суд пресуди дека царините на Трамп се незаконски, тој порача дека царините остануваат

Во својот втор мандат, Трамп ги направи царините основа на американската надворешна политика, користејќи ги за политички притисок за да договори поповолни трговски услови со земјите што извезуваат во САД.

Одлуката на Американскиот апелациски суд во Вашингтон се занимаваше со законитоста на т.н. „реципрочни“ царини на Трамп, што тој ги воведе во февруари против Кина, Канада и Мексико, а во април и кон повеќето други земји во светот.

Одлуката на судот не влијае на царините воведени врз основа на други законски овластувања, како што се царините на Трамп за увоз на челик и алуминиум.

Се очекува случајот да биде обжален до Врховниот суд на САД.

Трамп воведувањето на царините го оправда со Законот за меѓународни вонредни економски овластувања (ИЕЕПА) кој на претседателот му дава овластувања за справување со „необични и вонредни“ закани за време на национални вонредни состојби.

Трамп во април прогласи национална вонредна состојба поради фактот што САД веќе со децении повеќе увезуваат отколку што извезуваат, па смета дека огромниот трговски дефицит ги поткопува американските производствени капацитети и воената подготвеност.

Апелацискиот суд пресуди во два случаи – еден што го покренаа пет мали американски компании, а другиот 12 американски сојузни држави предводени од демократите, кои тврдат дека ИЕЕПА не дозволува воведување царини.

Според тужбите, Уставот му дава овластувања на Конгресот, а не на претседателот, за воведување даноци и царини, а секое делегирање на тоа овластување мора да биде и експлицитно и ограничено.

Американскиот суд за меѓународна трговија со седиште во Њујорк на 28 мај пресуди против царинската политика на Трамп, велејќи дека претседателот ги надминал своите овластувања кога ги вовел двата спорни пакета царини.

Друг суд во Вашингтон пресуди дека ИЕЕПА не ги одобрува царините на Трамп, а владата исто така се жалеше на таа одлука. Најмалку осум тужби ја оспорија царинската политика на Трамп, вклучувајќи и една поднесена од Калифорнија.

Набрзо по пресудата на Апелацискиот суд, Трамп преку социјалните мрежи порача дека таа пресуда е неточна и оти царините остануваат во сила.

„Сите царини остануваат во сила! Денеска еден високо пристрасен Апелациски суд неточно рече дека нашите царини треба да бидат укинати, но тие знаат дека Соединетите Американски Држави на крајот ќе победат, нагласи Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роботи со моторна пила помагаат во одржување на железничките пруги (ВИДЕО)

Јапонската железничка компанија JR East почна да користи хуманоидни роботи опремени со моторни пили за отстранување гранки од дрвја по железничките пруги, со цел подобрување на безбедноста и сигурноста на железничкиот сообраќај.

Роботи со моторна пила помагаат во одржување на железничките пруги (ВИДЕО)

Роботите беа користени во близина на станицата Нобејама во префектурата Нагано на линијата Коуми, каде што беше потребно да се отстранат гранките што растеа над шините и можеа да го попречат движењето на возовите, објавува јапонскиот портал SoraNews24.

Машините се монтирани на специјални возила што можат да се движат по железничките пруги, како и по патиштата. Роботот е опремен со држач на едната рака, со кој може да држи и поместува гранки, додека другата е опремена со моторна пила за нивно сечење.

JR East започна да ги воведува овие роботи во својата флота за одржување во март оваа година, додека JR West започна да користи слични системи во 2024 година.

Досега, работите за одржување на пругите главно се извршуваа ноќе, помеѓу последниот и првиот утрински воз, за ​​да се избегне прекин на патничкиот сообраќај.

Сепак, со зголемениот број вработени кои бараат работа во дневна смена, JR East ја разгледува можноста за почесто извршување на работата во текот на денот.

YouTube video

Компанијата предупредува дека таквата промена би можела да доведе до почести привремени прекини на сообраќајот на некои делници за време на редовното работно време на железницата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно

Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ги одложи сите натпревари од Купот на кралот закажани за среда, 28 октомври, по сериозната железничка несреќа во Толедо, во која, според шпанските медиуми, загинаа најмалку 68 лица, а 80 се повредени.

Одложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно

Трагедијата се случи кога два брзи возови се судрија помеѓу градовите Лос Хевенес и Урда, а несреќата ја потресе Шпанија.

Шпанската фудбалска федерација објави дека целиот распоред на куп натпреварите закажани за среда ќе биде одложен. Меѓу клубовите што требаше да излезат на теренот се Леванте, Алавес, Валенсија, Селта Виго и Бетис, тимови што се натпреваруваат во највисокото ниво на шпанскиот фудбал.

Сè уште не е познато кога ќе се играат одложените натпревари, додека сè уште нема официјална одлука за судбината на 14-те натпревари од Купот на кралот закажани за четврток.

Според оригиналниот распоред, Севиља, Атлетик Билбао и Хетафе исто така требаше да играат во ова натпреварување во четврток.

Одлуката за одложување на натпреварите беше донесена во сенка на трагедијата што одзеде голем број животи и остави бројни повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Казнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)

По објавено видео на социјалните мрежи, санкциониран возач кој управувал возило по велосипедска патека во Скопје.

Казнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)

По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на возачот.

По преземените мерки, возачот е идентификуван како Н.К.(46) од Скопје, кој денеска (28.10.2026) е повикан на службен разговор и е соодветно санкциониран за сторениот сообраќаен прекршок, односно управување возило по несоодветна сообраќајна површина.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер