Суарез со два гола го „расипа“ дебито на Левандовски за Чикаго - Канал 5

Суарез со два гола го „расипа“ дебито на Левандовски за Чикаго

Уругваецот, Луис Суарез го одбележа својот јубилеен, 100-ти настап за Интер Мајами со два гола и му го расипа дебито на Роберт Левандовски во дресот на Чикаго Фајар.

Суарез со два гола го „расипа“ дебито на  Левандовски за Чикаго

Тимот од Флорида победи со 3:2, иако играше без Лионел Меси.

Интер Мајами оствари важна победа во МЛС благодарение на одлично расположениот Луис Суарез, кој постигна два гола во триумфот над Чикаго Фајар (3:2).

Лионел Меси не беше дел од тимот од Мајами бидејќи сè уште престојува во родниот Росарио, каде што одмора по поразот на Аргентина во финалето на Светското првенство против Шпанија.

Уругвајскиот напаѓач го одигра својот 100-ти натпревар во дресот на Интер Мајами и го одбележа јубилејот на најдобар можен начин.

Прво, беше сигурен изведувач на пенали во првото полувреме, а потоа во остатокот од натпреварот уште еднаш ја затресе мрежата за водство на својот тим од 2:1. Сепак, Чикаго успеа да израмни и сериозно се закани со пресврт во неколку наврати.

Победата за Интер Мајами ја донесе младиот Престон Пламбек, кој во 85-тата минута го постигна решавачкиот гол за конечни 3:2.

YouTube video

Првиот настап на Роберт Левандовски за Чикаго Фајр привлече големо внимание. Полскиот напаѓач, кој пристигна од Барселона ова лето по истекот на договорот, немаше забележителен настап и го напушти теренот околу 60-тата минута.

Беше воочливо дека тој сè уште се прилагодува на специфичниот ритам на МЛС, кој се одликува со брза и отворена игра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бебе спасено од урнатините по земјотресот во Колумбија

Бебе старо шест месеци е извлечено живо и здраво два дена по земјотресот што ја погоди Колумбија..

Бебе спасено од урнатините по земјотресот во Колумбија

Детето било спасено, откако маж кој бил исто така заробен под урнатините во градот кали барал помош, алармирајќи дека покрај себе има мало бебе.. Граѓани и спасувачи веднаш почнале со голи раце да ги отстрануваат парчињата бетон додека не стигнале до него и бебето.

YouTube video

Според официјалните податоци, во земјотресот од 7,4 рихтерови степени, досега потврдена е смртта на над 200 лица, додека спасувачките тимови трагаат по околу 3.000 луѓе..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици.

Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело против животната средина и идентификувани сторители, јавното обвинителство ќе постапи согласно надлежностите за кривичен прогон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија стави два авиона за гаснење пожари на располагање на ЕУ

Македонија се вклучи во заедничкиот европски систем за одговор при елементарни непогоди, ставајќи на располагање два противпожарни авиона за поддршка на земјите погодени од летните пожари.

Македонија стави два авиона за гаснење пожари на располагање на ЕУ

Преку механизмот за Цивилна заштита на Европската унија, кандидатите и земјите партнери од Западен Балкан ги здружуваат силите со членките на Унијата за побрза координација и реакција на терен.

Покрај воздушната поддршка од Западен Балкан, на терен се распоредени 777 пожарникари од 14 европски земји, меѓу кои се и противпожарните тимови од Молдавија.

Овие ресурси се претходно позиционирани во високоризичните зони во јужна и централна европа за да овозможат брзо локализирање на огнот во почетната фаза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер