Студот донекаде е полезен за човековото здравје - Канал 5

Студот донекаде е полезен за човековото здравје

Покрај вообичаените опасности и ризици, студот донекаде е и добар и корисен за човековото здравје - секако, при умерена изложеност. Следат неколку придобивки што телото и умот ги имаат од ниските температури.

Студот донекаде е полезен за човековото здравје

Мозокот работи подобро

Битните одлуки се носат „со ладна глава“, вели една изрека. Но, и според стручњаците, на повисоки температури луѓето многу поретко носат поголеми, посложени, важни одлуки. Топлото време побрзо ги исцрпува резервите на гликоза, а бидејќи телото ја користи гликозата во умствените процеси, недостатокот влијае на човековата способност за одлуки.

Повеќе енергија

Прошетка на ладно време го исполнува човекот со енергија и тоа дејство трае со часови по враќањето на топло. Студот поттикнува енергија, но не треба долго време да се биде изложен на студ.

Подобро дишење

Поради почистиот, зимски воздух во некои подрачја, подобро се дише, велат стручњаците. Свежиот и чист воздух е идеален за време поминато во природа, долги прошетки и длабоко дишење.

Студот ги намалува воспаленијата и отстранува инфекциите

Воспалението на мускулите често се ублажува со нанесување мраз на отокот или местото на болката. И ниските температури на воздухот го имаат истиот ефект. Спортистите, на пр., користат тн. криотерапија, т.е. терапија со мраз, што значи изложеност на екстремно ниски температури, при лекување на воспаленија и повреди. Да се ​​биде надвор го прави човекот поотпорен поради бројот на клетки што се борат против инфекции.

Подобар сон

Луѓето кои патат од несоница, честопати имаат повисока телесна температура, па затоа спиењето во малку разладена просторија - на совршена температура од 16 до 20 Целзиусови степени, ќе им помогне на оние со покревок сон. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алиу со отчет за сработеното како министер за здравство

Алиу на заминување кажа дека успеал да реализира многу за кратки 13 месеци.

Алиу со отчет за сработеното како министер за здравство

Отворени 15 закони поврзани со здравство, вкучувајќи ги и донесените измени за секој што сака да може да стане потенцијален органодарител, медицински факултет да овозможи студии за парамедицинари и тие лекари да бидат постојано вработени во Итната медицинска помош, старт за дигитализација, а и здравството да има пристап до пари и искуство од ЕУ. Ова е само дел од тоа што, Азир Алиу, министерот во заминување вели дека го остава зад себе за 13 месеци работа, по најавената реконструкција на владата со која го отстапува секторот на Сашо Клековски. Еден од законите кој формално се уште ги нема минато сите „филтри“ за да стапи на сила е оној за заштита од пушење, и не е донесен поради 8 амандмани или забелешки.

Во однос на проблемот со недостатокот на кадар за Итната медицинска помош, Алиу вели дека она што било до него, завршил во однос на процесот за да има студии за парамедици, а околу два месеци чекал сенатот на УКИМ да се произнесе. Со ова на долг рок би се решиле проблемите недостаток на кадар во оваа служба.

Во однос на тоа што сакал, а не успеал да направи како Министер тој посочи дека жали што немал време како фукционер да издејствува „парите да го следат пациентот“, односно секој граѓанин да може да си ги искористи финансиите што ги плаќа секој месец за здравствено и во приватна болницва, односно каде што сака.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм во Битола: Дивоградба загрозува куќа заштитена како културно наследство

Нов случај на уништување на куќа заштитена како културно наследство. 

Аларм во Битола: Дивоградба загрозува куќа заштитена како културно наследство

На улицата Мирче Ацев во Битола соседите бараат да се заштити и зачува најубавата стара куќа која е оригинална, а не да се ставаат нови фасади и да се градат други објекти. Тие со петиција реагирале до општина Битола и до конзераватарскиот центар, но велат дека и покрај забраните новиот сосед продолжува да ги врши градежните активности.

Битолската установа за заштита на културно наследство за Канал 5 потврдија дека се работи без одобрение и е известена и општина Битола.

„Надлежната јавна установа за заштита на културното наследство, согласно законските надлежности и своите овластувања навремено ја извести наделжената инспекциска служба при Управата за заштита на културно наследство за изведување на градежни работи без одобрение“.

Од општина Битола за Канал 5 потврдија дека станува збро за дивоградба и дека се реагирало на терен и со аситенција со помош на полиција. Но до емитување на прилогот од општината не потврдија кои мерки ќе се превземат и дали ќе има санкции. Во октомври минатата година при извршување на градежни работи се урна спомен куќата на Владо Малески, вековната куќа симобол на струшкиот традиционална архитектура.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Следната година се пуштаат првите километри од автопатот Тетово-Гостивар

Следната година ако се продолжи со оваа динамика на работа ќе бидат пуштени во употреба првите километри од автопатот Тетово Гостивар, прокет кој го работи конзорциумот Бехтел и Енка, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски: Следната година се пуштаат првите километри од автопатот Тетово-Гостивар

Очекува до крајот на 2028 овој автопат да биде и целосно завршен, а дополнително, како што најави, преку планот за раст со ЕУ на коридорот 8 се работи и на документација за железничко поврзување на Скопје со Тетово и Гостивар во прва фаза, со Кичево во втора и во трета фаза со Охрид, Струга и Албанија.

„Добро оди работата на автопатот Тетово Гостивар. Решени се сите прашања со експропријација. Сега се решаваат прашањата кои се поврзани со дислокација на вододви. Паралелно се работат и натпатниците односно мостовите. И доколку продолжиме со оваа динамика веќе следната година ќе ги видиме завршени првите километри, а до крајот на 2028ма целосно ќе биде завршен авотпатот Тетово – Гостивар. “-Александар Николоски – министер за трнаспорт и врски

Откако пред неколку дена ЈПДП и Европската банка за обнова и развој, потпишаа договор за изгрдба на автопатот Скопје – Блаце, во план е Македонија со Косово да се поврзе и преку автопат Тетово – Призерен. Николовски вели основниот проект од македонска страна е завршен, во моментов вели се работи на проектирање на тунелот кој се очекува да биде најдолг во земјава и ќе поминува низ Шар Планина.

„Градежен факултет веќе основниот прокет го заврши зборувам за нашата страна од проектот побараа дополнитлени информации во делот на тунел, должината и точката на спојување ние тие информации ги доставивиме имајќи предвид дека ќе има најдолг тунел во државата, тунелите се најсложени инженерски зафати и веднаш штом завршат со прокетирање ќе почнеме со обезбедување средства. “-Александар Николоски – министер за трнаспорт и врски

Министерот инфорираше и дека согласно податоците за првите 6 месеци годинава аеродромите во земјава опслужиле околу 2 милиони патници, а до крајот на 2026та очекува оваа бројка да надмине 3,5 милиони, за во перидот кој следи да достигне и 4 милиони патници.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер