3ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
ЗдравјеСтудија: Вакцината Синовак е 50,7 отсто ефикасна против т.н. бразилски сојШирењето на болеста неодамна влезе во најтешката фаза поради недостиг на федерални мерки, нерамномерна кампања за вакцинација и новата варијанта П1.Бразил, кој во изминатите седмици стана епицентар на пандемијата на коронавирус, вчера евидентираше 37.000 новозаразени, во момент кога во земјата се повеќе циркулира варијантата П1, првпат откриена во таа земја. Голема студија, спроведена во Бразил, покажа дека кинеската вакцина, која е главен избор во кампањата за вакцинација на земјата, е 50,7 отсто ефикасна во заштитата од варијантата П1. Биомедицинскиот институт „Бутантан" од Сао Паоло, кој ја тестираше и сега ја произведува вакцината „КоронаВак" од кинеската компанија „Синовак Биотек ДОО", вчера соопшти дека студија спроведена на 12.400 волонтери во Бразил открила дека вакцината е 50,7 проценти ефикасна во борбата против варијантата П1 и помалку распространета варијанта, позната како П2. Институтот информира дека ефекасноста на вакцината ќе се зголеми на 62,3 проценти доколку втората доза се одложи повеќе од две недели, а вакцината помеѓу 83,7 и 100 проценти успешно ги штити заразените од потребата од лекарска помош. Ширењето на болеста неодамна влезе во најтешката фаза поради недостиг на федерални мерки, нерамномерна кампања за вакцинација и новата варијанта П1. Во Бразил вчера од последици на Ковид-19 починаа 1.803 лица, со што смртниот биланс во таа латиноамериканска земја достигна 353.000, што ја става на второ место во светот според овој параметар, веднаш зад САД. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?Дали Бугарија го даде конечниот одговор за идејата за вклучување европски претставници како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Дали Бугарија го даде својот конечен одговор по предлогот европски претставници да се вклучат како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Оваа дилема се отвори по вчерашната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова, која како нетипични ги квалификуваше сите предлози да своевидно посредништо меѓу Македонија и Бугарија. Според Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, ваквата изјава е јасен индикатор дека можат „да пропадне во вода“ нашиот обид да се вклулчиу директно Брисел во дијалогот. Вели Бугарија во овој случај има многу по комотна улога и може да ја диктира динамиката и форматот на разговорите. На сличен став е и аналитичарпт Петар Арсовски, кој смета дека и покрај ваквиот став на официјална Софија, напорите за дијалог да продолжат и ова да не предизвика никакво разочарување во Македонија. Инаку, вчера одговорајќи на новинарско прашање, бугарскта министерка за нодворешни работи.. кажа дека Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплувањеПроменливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР. Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд. Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеВременски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месециНаглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“. При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот. Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter