3Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
ЗдравјеСтудија: Трета доза Фајзер значително ја зголемува заштитата кај постарите од 60Третата доза од Фајзер/БиоНТек вакцината против коронавирус значително ја зголемува заштитната ефикасност кај лицата постари од 60 години, покажа новото истражување на израелските научници.Меѓу постарите лица кои примиле две дози вакцини десет пати почесто се развива инфекција, а 20 пати повеќе вакцинирани со две дози заболеле од потежок облик на инфекција во однос на оние кои примиле трета, бустер доза, објавија израелските научници во „New England Journal of Medicine“. Сите вакцинирани со две дози во Израел сега имаат можност да добијат и трета доза најрано пет месеци откако ја примиле втората доза. Инаку и покрај високиот процент на вакцинирани таа држава моментално се бори против третиот бран на коронавирусот. Израелските истражувачи претпоставуваат дека тоа е поради многу позаразната делта варијанта на вирусот и опаѓањето на заштитата која вакцината ја пружа на шест месеци по примањето на втората доза. Според научниците ефикасноста на вакцините опаднала на 50 отсто. Во Германија на лицата постари од 80 години ќе им се нуди трета доза Карстен Ватцл, главниот секретар на Германското друштво за имунологија, вели дека од порано се знаело дека бројот на антитела е околу десет пати повисок после третата доза на вакцината отколку после само две. Но студијата истовремено упатува и на тоа дека заштитната ефикасност на двете дози е сепак многу поголема отколку во случај поединецот да не примил ниту една доза вакцина против Ковид-19. Ватзл цели дека во рамки на студијата научниците не јапроучувале можноста за нуспојави. Но засега од Израел нема извештаи за тоа дека тратата доза може да резултира со позначителни нуспојави во однст на втората. Истовремено тој истакнува дека не препорачува бустер доза за помладите лица, туку за постарите од 80 години и за оние постари од 60 години со хронични болести. И во Германија во некои случаи на лицата постари од 80 години и лицата со ослабнат имунитет им се нуди трета доза од вакцината, пишува „Index.hr“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаМицкоски во Њујорк на говорот на Руте по повод 25- годишнината од нападите на 11 септемвриПремиерот Христијан Мицкоски денеска во Њујорк присуствуваше на говорот на генералниот секретар на НАТО Марк Руте по повод 11 септември.Говор на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по повод одбележувањето на 25 години од нападите на 11 септември 2001 година врз Соединетите Американски Држави и првата и единствена примена на членот 5 од Северноатлантскиот договор (НАТО), објави на ФБ премиерот Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалХаос во Боливија: Голман не сака да брани пенал (ВИДЕО)Неверојатни сцени се видени на натпреварот од Купот на Боливија помеѓу Атлетико Индепендиенте Кочабама и Вилстерман Кооператива.При нерешен резултат 2-2 во судиското продолжение, домашниот тим притискаше силно, но аргентинскиот голман на гостинскиот тим успеа да го спаси својот гол со три спектакуларни одбрани. Сепак, и покрај ова, главниот судија Карлос Артеага досуди пенал за Индепендиенте, по што на теренот избувна општа врева. Следеше пауза од речиси дваесет минути, за време на која револтираните гости протестираа и го убедија судијата да ја промени својата одлука, но тој остана непомирлив. Потоа во центарот на вниманието се најде голманот на Вилстерман, Густаво Тесоноте, кој одлучи да го бојкотира изведувањето на најстрогиот пенал во знак на протест. Неговиот револт се манифестираше со прво свртување на грбот кон теренот, а потоа ноншалантно потпирање на стативата, мирно гледајќи го Ернест Адири како постигнува гол и му носи триумф на домашниот тим. A crazy moment in Bolivia as Argentine goalkeeper Gustavo Tesonotte refused to attempt to save a penalty in protest. The Bolivian football federation's National Referees Commission later suspended referee Arteaga. https://t.co/2eXhTye33a — Sky Sports (@SkySports) September 24, 2026 Овој необичен инцидент брзо стана вирален на интернет, алармирајќи ја Боливиската фудбалска федерација и локалната судиска организација да преземат итни мерки. Подоцнежната анализа потврди дека нема прекршок што заслужува највисока казна, што резултираше со суспензија на судијата на неодредено време.Тагови: Боливија голман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МетеоУтре врнежливо и постудено време со температури од 4 до 23 степениУтре времето ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 11 Попова Шапка, 14 Крушево, 18 Берово, 19 Претор, Маврови Анови, 20 Крива Паланка, Прилеп, 21 Охрид, Битола, Виница, 22 Тетово, Штип, 23 Кавадарци, 24 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, Струмица, 25 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Утрото беше ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од западен и северозападен правец. Во вечерните часови облачноста постепено ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје, облачно и постудено. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат со умерен до повремено засилен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 18 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во сабота ќе се задржи постудено време, а претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Потоа следува период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Наместа ќе има зголемена облачност и услови за повремен дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook