ЛДП за скандалот со Ива Михајлова: А да го укинеме судството, ионака не добива пари колку треба од Владата, а и министерствата не функционираат?
1ЛДП за скандалот со Ива Михајлова: А да го укинеме судството, ионака не добива пари колку треба од Владата, а и министерствата не функционираат?
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
2Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
ЗдравјеСтудија: Стевијата убива канцерогени клетки, а притоа не штети на здравитеРастителната замена за шеќер, стевија, би можела да се користи за лекување на еден од најтешките видови рак, без несакани ефекти, покажа ново истражување објавено во списанието International Journal of Molecular Sciences,.Растителната замена за шеќер, стевија, би можела да се користи за лекување на еден од најтешките видови рак, без несакани ефекти, покажа ново истражување објавено во списанието International Journal of Molecular Sciences, иако тестирањата засега се спроведени само на лабораториски примероци. Стевијата е позната како природен засладувач без калории, но истражувачите од Универзитетот во Хирошима откриле дека таа крие далеку поважни потенцијали. Стевија ферментирана со бактерии од листови на банана покажала извонредно антиканцерогено дејство на клетките на ракот на панкреасот – еден од најагресивните и смртоносни тумори денес. Ова откритие отвора можности за развој на таканаречени пробиотички терапии за рак. На прв поглед, терминот пробиотичка терапија може да звучи како дел од непотврдена алтернативна медицина, но станува збор за научно поткрепен пристап што користи живи микроорганизми, најчесто лактобацили и бифидобактерии, за влијание врз биолошките процеси во организмот – од регулирање на имунолошкиот одговор до намалување на воспаленија и, сè почесто, таргетирано дејство на туморските клетки. Во случајот на најновата јапонска студија, бактериите од банана биле користени за да се добие нов соединение од стевија со антиканцерогени својства. Тука пробиотичките култури не делуваат самостојно како лек, туку служат како биолошка алатка за создавање на посилни молекули што организмот инаку не би ги произведувал. Таквиот пристап – познат како микробна биотрансформација – отвора врата за развој на сосема нови терапии. Со петгодишна стапка на преживување помала од 10 отсто, ракот на панкреасот е меѓу најсмртоносните видови карцином. Тешко се открива во рани фази, брзо се шири и често не реагира на конвенционалните методи на лекување, како хемотерапија, радиотерапија или хирургија. Затоа научниците низ светот бараат нови терапевтски опции. Истражувачкиот тим предводен од проф. Масанори Сугијама и вонреден проф. Нарандалај Даншитсудол покажа дека ферментацијата на екстрактот од стевија со сојот Lactobacillus plantarum SN13T драстично го менува неговиот хемиски состав. Се создава нов соединение – метилен естер на хлорогенската киселина (CAME) – кое покажува силно цитотоксично дејство на клетките на ракот на панкреасот (линија PANC-1), но не штети на здравите клетки на бубрезите (HEK-293). Бубрезите се особено чувствителни на токсичноста на лековите, особено хемотерапевтските. Многу цитотоксични терапии (на пример, цисплатин) предизвикуваат нефротоксични несакани ефекти, што значи дека можат сериозно да го оштетат бубрежното ткиво. Затоа во преклиничките студии често се тестира штетноста на клетките на бубрезите. Покрај тоа, клетките на бубрезите HEK-293 се стандардна линија на човечки ембрионални бубрежни клетки и широко се користат како модел за нормални, нетуморски клетки. Нивната отпорност во тестирањето значи дека потенцијалната терапија би можела да го таргетира туморот без сериозни несакани ефекти врз здравите ткива.CAME, создаден со микробиолошка трансформација, е значително поефикасен од неферментираната стевија и дури и од самата хлорогенска киселина од која потекнува. Клучна улога во овој процес имаат ензимите што ги произведуваат специфичните бактерии од банана. Во контролирани лабораториски услови, научниците ги споредиле ефектите на ферментираниот и неферментираниот екстракт од стевија. Се покажало дека ферментираниот екстракт (FSLE) значително подобро ги уништува клетките на ракот на панкреасот и истовремено не предизвикува оштетување на здравите клетки, дури и при високи концентрации. Освен што предизвикува апоптоза – природен механизам на клеточна смрт – CAME, исто така, има потенцијал за селективно таргетирање на туморските клетки, што е исклучително важно за развојот на безбедни антиканцерогени терапии. Постојат неколку објаснувања зошто некои антиканцерогени соединенија делуваат селективно на туморските, но не и на здравите клетки. Главното објаснување лежи во разликите меѓу метаболизмот на туморските и здравите клетки. Имено, туморските клетки имаат забрзан метаболизам и поголема потреба од енергија, што ги прави посензитивни на соединенија што предизвикуваат стрес во митохондриите и ја нарушуваат рамнотежата меѓу оксидансите и антиоксидансите, пренесува Индекс. CAME, новото соединение од стевија, веројатно предизвикува оксидативен стрес или нарушување на сигналните патишта што се специфично активирани во туморските клетки. Покрај тоа, мембранските рецептори и ензимите што го препознаваат или метаболизираат соединението можат да бидат повеќе изразени во туморските клетки, па тие можат да апсорбираат повеќе од активната супстанца одошто здравите клетки. Со тоа ефектот се насочува селективно кон туморот. Конечно, апоптозата, програмирана клеточна смрт, во здравите клетки е построго регулирана, додека туморските клетки често се поблиску до прагот на активирање на овој механизам и полесно влегуваат во апоптоза кога ќе наидат на стресен стимул, како CAME. Во самата студија се наведува дека највисоката концентрација на FSLE (ферментиран екстракт од стевија) предизвикала минимална токсичност кон здравите HEK-293 клетки, што потврдува селективна цитотоксичност – клучен услов за развој на безбедни и таргетирани лекови против рак. Следниот чекор во истражувањето треба да бидат тестирања на животински модели што ќе помогнат во утврдувањето на ефикасноста, безбедноста и оптималните дози на CAME во вистински биолошки системи. Според проф. Нарандалај Даншиитсудол, ова истражување не само што го продлабочува разбирањето на микробната биотрансформација на растителните екстракти, туку и поставува основи за употреба на пробиотици како природни антитуморски агенси. Хрватскиот гастроентеролог д-р Бошко Радиќ вели дека употребата на ферментација за создавање нови или посилни биоактивни соединенија не е нов пристап и дека станува сè почеста во индустријата на додатоци во исхраната и козметиката. - Целта е да се избегне исцрпувањето на природните ресурси, да се осигура 'зелено' производство и да се овозможи индустриска изводливост. Затоа е исклучително интересно што авторите го примениле овој принцип на клетки на рак на панкреасот – еден од терапевтски најотпорните карциноми – и добиле многу селективен, антиканцероген ефект на соединение создадено со микробна ферментација. Се разбира, патот од ваков in vitro модел до готов лек е долг, неизвесен и скап, но ова е елегантен пример како со насочена ферментација можат да се генерираат функционални молекули со потенцијал за прецизна идна терапевтска примена во медицината, објаснува Радиќ. Тагови: канцер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаЛДП за скандалот со Ива Михајлова: А да го укинеме судството, ионака не добива пари колку треба од Владата, а и министерствата не функционираат?Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува длабока огорченост од секојдневните скандали кои ја потресуваат македонската јавност, а кои укажуваат на натамошно пропаѓање на државните институции и градење систем на неправда. Случајот со Ива Михајлова го апстрахираме од етничкиот предзнак и нема да им дадеме простор на тие зовриени национал-шовинистички глави во регионот да си прават етно-популистички кампањи на човечки трагедии. Пораките од Софија се скандалозни и грозни и говорат за земја во која постои целосно помрачување кога станува збор за владеење на правото, а уште помалку за европски систем на правда. Михајлова сега треба да биде гонета за ново кривично дело, а скандалот да биде уште поголем, нејзиниот адвокат изврши кривични дела и пред бугарската и пред македонската правда со јавната изјава дека си ја „зеле судбината во свои раце“. Каква правна хаварија! Во овој случај, вистинска трагедија во Македонија е тоа што целосниот крах на функционирањето на институциите доведе до тоа лице, кое е осомничено за предизвикување смртни последици во сообраќајна несреќа, наместо да се соочи со правдата и да ги почитува судските забрани, добива статус на наводна жртва и шоу-ѕвезда, како од некое одвратно евтино реално шоу. Нема човек во Македонија кој не е згрозен од фактот што вакво нешто беше воопшто возможно. Живееме во држава во која би требало да има функционална полиција, безбедносни камери на граничните премини и служби што осигуруваат дека лица на кои им се одземени пасошите и имаат забрани за излез, ќе бидат достапни на органите. Ако сѐ тоа е нефункционална фарса, пораката е кристално јасна: во Македонија можете да убивате, да крадете, да уништувате и на крајот, слободно да си прошетате во странство и да се сликате како жртва. И тоа се случува во земја каде што власта има апсолутна контрола – со целосна законодавна власт, уставно мнозинство, целосна контрола на локалната власт, доминација над медиумскиот простор, па дури и целосен преглед на безбедносните камери. Пораката која ја добија криминалците во власта со менувањето на Кривичниот законик и ослободувањето од вина на функционерите беше дека од позиција на власт може да прават што сакаат. А сега, пораката која ја добија останатите криминалци со скандалот Михајлова е дека слобода на акција имаат и тие. Ова неодоливо личи на почеток на општ хаос и анархија. Имаме ли сѐ уште моќ да го спречиме ова пропаѓање? ЛДП верува дека во народот постои огромен бес, кој заедно наскоро ќе мора да го изразиме и да му ставиме крај на ова секојдневно државно тонење. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДојава за бомба на лет од Њујорк кон Израел: Патниците евакуираниПатниците на летот на „Делта ерлајнс“ од Њујорк кон Тел Авив утринава беа евакуирани по слетувањето на израелскиот аеродром „Бен Гурион“ поради анонимна дојава за бомба, пренесува „Мирор“.Според дојавата, наводно во авионот имало експлозивна направа, што довело до итно спроведување на безбедносни процедури. Патниците биле евакуирани во терминалната зграда, а авионот е преместен на оддалечен дел од аеродромот за безбедносните служби да можат да извршат темелна проверка. Израелските власти изјавија дека немало непосредна опасност за патниците. При проверката на авионот не било пронајдено ништо сомнително. „Инцидентот е завршен“ Израелскиот весник „Џерусалим пост“ објави дека првичните проценки укажувале на лажна закана со бомба. Безбедносните служби потоа извршиле детална проверка на авионот, но не пронашле ништо сомнително, објави израелскиот информативен портал „Ynet“. „Инцидентот заврши без никакви необични наоди. Операциите се вратени во нормала“, соопшти Управата за аеродроми на Израел. Извор: Индекс.хрТагови: авион Бомба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во СофијаНародот гледа дека се работи под маса и „под радар“. Гледа што договарал Тимчо Муцунски на средбите во Софија.Гледаме дека едно се кажува пред граѓаните, а далеку од очите на јавноста, Ива Михаилова, обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, е пуштена преку граница. Иако судот ѝ ги одзел двата пасоша. Самата вели дека ја поминала границата легално, со лична карта, и дека службениците на границата знаеле. МВР вели дека нема евидентиран излез. Граѓаните не се наивни. Гледаат и знаат сè. Вака се договараат бегствата од правдата. Со Мицкоски, Тошковски и ВМРО, границата е решето и за 5 тони дрога и за бегалци од правдата. Класичен шаблон на ВМРО — организираната криминална група. Оставка веднаш од Панче Тошковски. По сите скандали, тој прв треба да понесе одговорност. СДСМ бара да се утврди кој сè е вмешан во ова договорено бегство и сите да понесат одговорност. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08