Студија открива шокантна количина микропластика што ја вдишуваме секојдневно - Канал 5

Студија открива шокантна количина микропластика што ја вдишуваме секојдневно

Студија открива шокантна количина микропластика што ја вдишуваме секојдневно

Според научниците, секојдневно во нашите бели дробови може да влезат повеќе од 70.000 честички од миктопластика, што е значително повеќе од она што досега се веруваше. Уште позагрижувачки е фактот дека повеќето од овие честички се доволно мали за да навлезат длабоко во белодробното ткиво, пишува ScienceAlert.

Пластиката стана еден од најактуелните еколошки проблеми на нашето време, загадувајќи сè, од водните патишта до нашите крвни садови. Ситните честички ги внесуваме во нашите тела не само преку храната и пијалаците, туку и преку воздухот што го дишеме.

Француска студија открива алармантни бројки

Научниците од Универзитетот во Тулуз во Франција спроведоа студија за прецизно мерење на количината на пластична прашина што ја вдишуваме. Тимот анализирал 16 примерока воздух од домови и автомобили користејќи раманова спектроскопија.

Резултатите изненадиле. Просечната концентрација во становите била 528 честички микропластика на еден кубен метар, додека во автомобилите оваа бројка скокнала на неверојатни 2.238 честички. Дури 94 проценти од овие честички биле помали од 10 микрометри, што им овозможува длабоко да навлезат во белите дробови.

100 пати повеќе од претходните проценки

Врз основа на овие податоци, тимот проценил дека возрасен човек во затворен простор вдишува околу 71.000 честици микропластика секојдневно, од кои 68.000 се помали од 10 микрометри.

„Концентрацијата што ја откривме е 100 пати поголема од претходните екстраполирани проценки“, наведуваат авторите на студијата. „Луѓето поминуваат просечно 90 % од своето време во затворен простор, вклучувајќи домови, работни места, продавници, транспорт итн., и сето тоа време се изложени на микропластично загадување преку вдишување без дури и да помислат на тоа.“

Кои се здравствените последици?

Иако сè уште не е сосема јасно што точно микропластиката им прави на нашите тела, научниците се сомневаат дека последиците се далеку од безопасни. Неодамнешните истражувања ја поврзаа изложеноста на микропластика со зголемен ризик од одредени видови на рак, проблеми со плодноста, мозочен удар и мноштво други здравствени проблеми.

Затоа, итно се потребни повеќе истражувања за да се утврдат биолошките ефекти на овие честички, како и пронаоѓање начини за намалување на изложеноста. Истражувањето е објавено во списанието PLOS One.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“

Безбедноста мора да биде пред адреналинот - наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига.

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети „Мото Илинден Урбан драјв“ фестивалот, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а чиј фокус, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот.

Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно управување со мотоцикл, едукација на почетници, правилна употреба на заштитната опрема, како и запознавање на учесниците со законските прописи од областа на сообраќајот. Во едукативниот дел од настанот е вклучен и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Тошковски ја поздрави иницијативата, потенцирајќи дека токму едукацијата, личната одговорност и почитувањето на сообраќајните правила се клучни за поголема безбедност на мотоциклистите, кои се меѓу најранливите учесници во сообраќајот.

„Љубовта кон моторите, адреналинот и слободата што ја носи мотоциклизмот секогаш мора да одат заедно со одговорноста. Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност – тие спасуваат животи. Затоа ваквите настани се важни, особено за младите и за оние кои првпат влегуваат во светот на мотоциклизмот“, истакна Тошковски.

Министерството за внатрешни работи континуирано спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, вклучително и контроли насочени кон возачите на мотоцикли и мопеди, со посебен акцент на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, употребата на заштитна кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила.

Дополнителен исчекор во оваа област е системот „Безбеден град“, кој ги детектира и прекршоците сторени од возачи на мотоцикли, а со помош на вештачката интелигенција системот наскоро ќе може да ги казнува и оние кои не носат кацига и така го загрозуваат својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот.

Тошковски потенцираше дека резултатите од новиот пристап во сообраќајната безбедност веќе се видливи. Во првите девет месеци од годинава има 33 помалку жртви во сообраќајот во споредба со истиот период минатата година, односно околу 30 проценти помалку загубени човечки животи, додека бројот на повредени лица е намален за околу 19 проценти. Во позитивниот тренд се вклучени и сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а целта е тој тренд дополнително да се засилува.

„Овие резултати не се само бројки. Зад секоја бројка стои човечки живот, семејство и нечија иднина. „Безбеден град“, засилените контроли, едукацијата и, пред сè, одговорното однесување на граѓаните покажуваат дека можеме суштински да ја промениме сообраќајната култура. Нашата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и што е можно помалку загубени човечки животи“, порача министерот Тошковски.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи паралелно со превентивните активности, едукацијата, засилените контроли и примената на современи технологии, со единствена цел – побезбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер