Студија од САД: Лек базиран на антитела го намалува ризикот од зараза со корона за 93% - Канал 5

Студија од САД: Лек базиран на антитела го намалува ризикот од зараза со корона за 93%

Резултатите од клиничкото испитување сугерираат дека коктелот со моноклонални антитела Regeneron може да се користи како превентива и да се обезбеди силна заштита при намалување на ризикот од симптоматски инфекции на ковид-19.

Студија од САД: Лек базиран на антитела го намалува ризикот од зараза со корона за 93%

Ова е особено ефикасно кога се дава на луѓе кои живеат во домаќинство каде има лице заразено со коронавирус .

Истражувањата покажале дека REGEN-COV, комбинација на касиривимаб и имдевимаб, ги штити контактите во истото домаќинство по изложувањето на САРС-КоВу-2, а компанијата објавила во понеделникот дека ќе побара одобрување од регулаторното тело на САД.

Во првата недела, заштитата од симптоматска инфекција била 72 проценти, а потоас до дури 93 проценти, според студијата објавена од компанијата.

Во посебна студија, Регенерон објавил дека употребата на лекот го намалува вкупниот ризик од влошување на симптоматскиот ковид-19 за 31 процент и за дури 76 проценти на третиот ден од неговата употреба.

Лекот може да стане втора линија на одбрана од сите оние кои не се заштитени со вакцинација, а споменатите резултати се нов доказ дека ваквите лабораториски произведени лекови не само што го спречуваат најлошиот исход на болеста кога се применуваат доволно рано, туку и помагаат во заштитата од заболување.

Лековите како „Регенерон“ можат да им овозможат на здравствените работници нов начин за заштита на ризичните групи невакцинирани лица или оние кои не реагираат добро на вакцината, како што се луѓе кои се лекуваат со лекови што го ослабуваат нивниот имунолошки систем.

Ова би можело да биде важно заради се поопасните варијанти на коронавирус, на кои не влијаат некои вакцини.

Администрацијата на компанијата „Регенерон“ соопштила дека ќе побара итно одобрување од Управата за храна и лекови на САД (ФДА) за превентивна употреба на лекот за ризичните групи луѓе кои се заразиле со ковид, но не биле хоспитализирани.

Во САД, но и на глобално ниво, има многу луѓе погодни за земање на овој лек за превентивни цели, според др. Мирон Коен, научник од Универзитетот во Северна Каролина, кој работи на истражување на моноклонални антитела за мрежата за превенција на Ковид, како дел од иницијатива под покровителство на Националниот институт за здравство.

Д-р Рајеш Ганди, инфектолог од Општата болница во Масачусетс, кој не учествувал во студијата, смета дека резултатите ветуваат за оние кои сè уште не биле вакцинирани. Сепак, тој посочува дека студијата не вклучувала луѓе кај кои треба да се процени дали лекот може превентивно да се користи во случај на пациенти со ослабен имунолошки систем, пишува Си-Ен-Ен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Наглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. 

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“.

При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот.

Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард

Секој ден се повеќе СДС личи на расипана грамофонска плоча за ширење на лаги и дезинформации. 

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард

Народната банка и гувернерот се тие кои носат одлуки за банкарскиот систем, а не премиерот и Владата. Не е вистина дека било кога и било каде гувернерот Славески кажал дека одлуката за Алта банка ја донел Мицкоски.

Така да, ова е уште една лага на СДС и со цел да се шири паника и да се прави саботажа со банкарскиот систем на земјава.

Таквата саботажа на СДС, ја потврдува нивната неконструктивна улога од која штета имаат бизнисите, економијата и граѓаните. Премиерот не носи банки. Но очигледно, тие се поучени од времето кога братот на експремиерот Вице Заев, со неговите бизнис партнери земаа кредити без покритие од Еуростандард банка, со што ја уништија банката и ги украдоа граѓаните. Е тоа е криминал.

Разликата помеѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја украдоа банката, а во случајот со Алта, проблемот е увезен односно престана да постои нејзината матица која е во друга држава. Но за среќа, решение ќе има и граѓаните нема да се дозволи да бидат оштетени, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уште 20 институции влегуваат во системот за електронска архива

Во наредните три месеци уште 20 институции се приклучуваат на системот за електронско управување со документи. 

Уште 20 институции влегуваат во системот за електронска архива

Наместо шетање и чекање по шалтери и канцеларии со куп документи во рацете, со неколку клика граѓаните ќе можат да си ги завршат административните обврски – министерството за дигитална трансформација најави дека уште 20 институции во наредните три месеци ќе се приклучат на централниот систем за електронско управување со документи и електронска архива. Министерот Стефан Андоновски вели дека се повеќе институциите ги разменуваат податоците интерно, наместо граѓаните тоа да го прават физички, а месечните трансакции за размена на податоци, од 700.000 во 2024, изнесуваат 5,2 милиони до октовмри годинава.

„Ова е важна промена во начинот на кој што работи државата, барањето можеби некогаш стигнува електронски, но ако потоа се печати, се носи од канцеларија до канцеларија, се чува во фиока или се чека физички потпис, постапката останува бавна. Со ЕДМС работиме на целиот тек на предметот, прием, распределување, постапување, потпишување и електронско архивирање. За раководителот тоа значи јасен увид каде се наоѓа предметот, за вработениот, работата му е поорганизирана, а за граѓанинот побрзо постапување. “

Во меѓувреме, според министерот, дигиталниот паричник, односно М-Услуги станува се повеќе популарен кај граѓаните, односно, личните документи, како и дел од јавните услуги веќе се префрлаат на телефоните. Апликацијата е водечка во преземања во категоријата „утилитис“ во Македонија и до денеска ја презеле речиси 29,500 граѓани. Андоновски вели ова е само старт на апликацијата, која заеднички, со забелешките на граѓаните ќе се унапредува.

„М-Услуги“ е на врвот на листата на најпреземани апликации во Македонија, што е потврда за големиот интерес на граѓаните и бројот на корисници кои ја преземаат.“

Андоновски вели дека напредокот е нотиран и од ЕУ. Ограничениот напредок од 2021 до 2024 година, во изминативе две години, според него, е евидентен, и во последнава година е оценет како добар напрадок од ЕК, а зад тоа, вели стојат, законски измени, воспоставени системи и услуги, но и претстои многу работа.

„Европската комисија констатира добар напредок во поглавјето 10, дигитална трансформација и медиуми, истовремено, нивото на подготвеност за прв пат на државата во овој дел е подигнато од умерено ниво, на меѓу умерено и добро ниво на подготвеност. Ова е значаен резултат за Македонија.“

Секоја нова електронска услуга носи и одговорност за нејзината сигурност, каде граѓаните очекуваат податоците да им бидат заштитени, па од таму, се работи на соодветна сајбер-безбедност, односно формиран е тим кој работи организирано, се обучува постојано согласно барањата на технологијата, со цел навремено препознавање на заканите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер