3Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември
ЖивотСтудија: Наместо на 130, бури во САД се очекуваат на секои 53 годиниДождовите и ветровите на ураганот Хелена, кој го опустоши југоисточниот дел на САД на крајот на септември и однесе повеќе од 230 животи, беа десет отсто поинтензивни поради климатските промени, се наведува во студија на референтна научна мрежа.Бета/АФП Дождовите и ветровите на ураганот Хелена, кој го опустоши југоисточниот дел на САД на крајот на септември и однесе повеќе од 230 животи, беа десет отсто поинтензивни поради климатските промени, се наведува во студија на референтна научна мрежа. Студијата на World Weather Attribution (WWA), исто така, вели дека поради фосилните горива, кои се главната причина за глобалното затоплување, веројатноста урагани како Хелена да се појават во областа е поголема за два и пол пати. Наместо на 130, бури се очекуваат на секои 53 години Со други зборови, наместо да се очекуваат на секои 130 години, сега е поверојатно да се случат во просек на секои 53 години. Иако бројката од десет проценти може да изгледа релативно ниска, важно е да се истакне дека мала промена во однос на опасноста навистина може да доведе до голема промена во однос на ефектите и штетите, рече Фридерике Ото, која ги предводи мрежите на WWA. Кога го проучувале ураганот Хелена, научниците се концентрирале на три аспекти – врнежите, ветерот и температурата на водата во Мексиканскиот Залив, што е еден од клучните фактори за неговото формирање. - Сите аспекти на тој настан се засилени со климатските промени во различен степен. И ќе видиме други феномени од тој тип до степен до кој планетата продолжува да се загрева, рече на прес-конференција коавторот на студијата Бен Кларк, истражувач од Империал колеџ во Лондон. - Доколку луѓето продолжат да согоруваат фосилни горива, САД ќе се соочат со уште поразорни урагани, предупреди Бен Кларк. Студијата е објавена во време кога американската сојузна држава Флорида се соочува со уште еден голем ураган, Милтон, кој го погоди копното, само десет дена по разорниот удар на ураганот Хелена. Ризик од урагани надвор од крајбрежните зони Ураганот Хелена стигна на копно на 26 септември во северозападна Флорида со ветрови од 225 километри на час. Ураганот потоа се префрли на север, предизвикувајќи обилни дождови во неколку американски држави а особено во Северна Каролина, каде имаше најмногу жртви. Авторите на студијата истакнаа дека ризикот од разорниот ефект на ураганите сега е зголемен и надвор од самите крајбрежни зони. Ураганот Хелена беше толку моќен што беше потребно долго време за да се изгуби таа енергија, и поради тоа ураганот брзо се движеше и можеше брзо да се прошири по копното, објасни метеорологот од невладината организација Climate Central, Бенадет Вудс Плаки. Мрежата WWA редовно ја проценува врската помеѓу екстремните временски настани ширум светот и климатските промени. Оваа студија ја спроведоа научници од САД, Велика Британија, Шведска и Холандија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форумПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум.Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“. Таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАM: Не ги менуваме ставовите според дневнополитичките интересиЗНАМ е државотворна политичка партија. Ние не ги менуваме ставовите од денес за утре, ниту ги приспособуваме според дневнополитичките калкулации и притисоци.Движење ЗНАМ – За наша Македонија ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата. Очигледно, некои политички структури сè уште не можат да се помират со фактот дека времето на институционалното самоволие, селективното толкување на законите и политичкото надмудрување со државните институции е завршено. Времето кога ДУИ и СДСМ ги толерираа и практикуваа таквите политики е минато. Македонија мора да функционира како правна држава, во која Уставот и законите важат подеднакво за сите. ЗНАМ е државотворна политичка партија. Ние не ги менуваме ставовите од денес за утре, ниту ги приспособуваме според дневнополитичките калкулации и притисоци. Нашиот став е јасен: почитување на Уставот, почитување на законите и заштита на институционалниот поредок на државата. Потенцираме дека во моментов не постои уставна и законска основа правосудниот испит да се полага на албански јазик. Ова не е прашање на нечии етнички чувства или политички амбиции, туку прашање на доследна примена на правниот поредок. Особено е недозволиво преку таканаречени хибридни решенија да се создаваат преседани со потенцијално далекусежни последици за правосудниот систем и функционирањето на институциите. Токму затоа претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, побара лидерска средба со коалициските партнери, на која отворено и одговорно ќе се разговара за ова прашање, ќе се дефинираат принципите и ќе се утврдат црвените линии. Ние не бегаме од дијалог, но дијалогот не смее да биде параван за заобиколување на Уставот и законите. Во однос на пораките и заканите упатени кон претседателот на ЗНАМ, вклучително и алузиите за Врање и повиците да внимава што зборува, сметаме дека ваквиот речник е несоодветен, неодговорен и недостоен за избрани народни претставници. Пратениците се избрани да ги застапуваат интересите на граѓаните во македонското Собрание, а не да испраќаат закани и да создаваат меѓуетнички тензии. Би сакале да го потсетиме господинот Ријад Шаќири дека пратеничката плата ја добива од буџетот на Република Македонија, кој го полнат сите граѓани, и Македонци и Албанци и припадници на сите други заедници. Затоа, наместо да упатува несоодветни пораки и да се занимава со други држави, би било одговорно својата енергија да ја насочи кон економскиот развој, подобриот животен стандард и решавањето на проблемите на граѓаните на оваа држава. Што се однесува до навредливите квалификации на Аднан Азизи за ЗНАМ, сметаме дека тие повеќе зборуваат за политичката нервоза во неговите редови отколку за нашата политичка позиција. Резултатите од последните локални избори во Брвеница, каде што кандидатот на ВРЕДИ не успеа да се пласира во вториот круг, се доволно јасна политичка порака. Нема потреба со навреди да се прикриваат изборните резултати и политичките слабости. Во однос на реакциите од ДУИ и најавениот бојкот на свечената седница по повод Денот на Куманово, жалиме што една свеченост посветена на градот и неговите граѓани преку шовинистички и сепаратистички наративи се користи за дневнополитички пресметки. Ваквиот пристап на ДУИ не е ништо ново, затоа што тие и досега никогаш не присуствувале на ваквите настани негирајќи ги придобивките од НОБ. Куманово е град на сите негови граѓани, а почитта и соживотот се градат со меѓусебно уважување, а не со политички ултиматуми и бојкоти. На крајот, сакаме да порачаме дека ЗНАМ нема да подлегне на притисоци, уцени и политички провокации. Ние сме за еднаквост на сите граѓани, но еднаквост во рамките на Уставот и законите. За нас нема селективна правда, нема привилегирани политички субјекти и нема хибридни решенија кога станува збор за функционирањето на правната држава. Македонија мора да биде држава на закони, а не држава на политички пазарења. Тоа е нашиот принцип, нашата одговорност и нашата црвена линија. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: Движењето ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаОпштина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември Општина Карпош објавува Јавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 5.000 денари, по повод 3-ти декември - Денот на лицата со попреченост. Оваа иницијатива произлегува согласно програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година. Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, понеделник (09.11.2026), па се до петок (20.11.2026) година. Во таа насока, право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост коишто се жители на општина Карпош. За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање: - лична карта ( подносителот да е жител на општина Карпош ) - трансакциска сметка на име на подносителот на барањето) - наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост. За таа намена, комплетната документација се поднесува во архивата на Општина Карпош. Остварување на правото на паричен надомест ќе се врши по редослед на поднесување, односно до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка во точка 8. (Одбележување на 3-ти Декември - Денот на лицата со попреченост од Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година). ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter