Божиновска: Иновациите и новите технологии се клучни за посигурен енергетски систем и поконкурентна економија
1Божиновска: Иновациите и новите технологии се клучни за посигурен енергетски систем и поконкурентна економија
Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
2Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
ЗдравјеСтудија: Луѓето кои носат очила имаат помал ризик да се заразат со коронавирусПочнувајќи од јуни 2020 година, испитаниците неделно го пријавувале својот ковид статус, а повеќе од 11.000 од нив давале месечни примероци на крв за да утврдат дали се заразени или не со коронавирус.Луѓето кои редовно носат очила имаат умерено помал ризик од инфекција со Ковид-19, додека контактните леќи немаат дополнителна заштита, покажа големото истражување кое ја нагласува важноста на окото како пат за инфекција со коронавирус. Повеќе од 19.000 испитаници на студијата Virus Watch во Англија и Велс одговориле на прашалник за употреба на очила и контактни леќи. Почнувајќи од јуни 2020 година, испитаниците неделно го пријавувале својот ковид статус, а повеќе од 11.000 од нив давале месечни примероци на крв за да утврдат дали се заразени или не со коронавирус. Откако ги разгледале другите фактори на ризик, истражувачите откриле 15 отсто помал ризик од инфекција кај оние кои рекле дека секогаш носат очила за општа употреба во споредба со оние кои никогаш не носеле очила. Заштитниот ефект беше намален кај оние кои рекоа дека нивните очила го попречуваат носењето маски и не е забележан заштитен ефект кај луѓето кои носат контактни леќи, според извештајот објавен во medRxiv, пред научната ревизија. „Очилата треба да се сметаат како дел од пошироките стратегии за спречување на пренос на инфекција во заедницата и може да бидат вредни за разгледување во случај на идни пандемии и во занимања со висока изложеност, вклучително и здравствена заштита", велат научниците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаБожиновска: Иновациите и новите технологии се клучни за посигурен енергетски систем и поконкурентна економијаМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска го отвори Саемот за енергетика, технологија и иновации „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026“.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска го отвори Саемот за енергетика, технологија и иновации „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026“, нагласувајќи дека енергетската транзиција бара стратешко планирање, нови инвестиции, модернизација на инфраструктурата и примена на иновативни технолошки решенија. Во своето обраќање, Божиновска истакна дека енергетиката денес е многу повеќе од производство и снабдување со електрична енергија – таа е директно поврзана со економската конкурентност, енергетската безбедност, технолошкиот развој и квалитетот на животот на граѓаните. „Одлуките што ги носиме денес во енергетскиот сектор ќе влијаат врз економијата на утрешнината, нашата отпорност на глобалните кризи и можностите што ќе им ги оставиме на идните генерации“, посочи министерката. Таа нагласи дека успешната енергетска транзиција не подразбира само промена на изворите на енергија, туку и модернизација на мрежата, поголема енергетска ефикасност, дигитализација, складирање енергија и воведување паметни системи за управување. Божиновска посочи дека државата располага со значаен потенцијал за развој на обновливите извори на енергија, особено сончевата, ветерната и хидроенергијата. За целосно искористување на овој потенцијал, неопходни се паралелни инвестиции во инфраструктурата и технологиите што ќе обезбедат стабилно и сигурно функционирање на енергетскиот систем. Посебен акцент стави на улогата на иновациите, дигиталните технологии, автоматизацијата и вештачката интелигенција во унапредувањето на индустриските процеси, намалувањето на потрошувачката на енергија и поефикасното користење на ресурсите. „Вистинската вредност на иновациите се гледа тогаш кога знаењето се претвора во конкретни решенија – поефикасни компании, подобри услуги, нови инвестиции и поквалитетен живот за граѓаните“, истакна Божиновска. Министерката ја нагласи и важноста од посилно поврзување на образованието, науката, индустријата и институциите, со цел младите да добијат повеќе можности за практична примена на знаењето, учество во развојни проекти и професионален напредок во државата. „Како Министерство, остануваме посветени на создавање стабилна и предвидлива регулаторна рамка, поттикнување инвестиции и развој на енергетски сектор што ќе одговори на потребите на граѓаните и стопанството и ќе придонесе за европската интеграција на државата“, нагласи Божиновска. Таа додаде дека резултатите од енергетската транзиција треба да се оценуваат не само преку реализираните проекти и инсталираните капацитети, туку и преку сигурноста на снабдувањето, конкурентноста на индустријата, поефикасното користење на ресурсите и новите можности за идните генерации. Со отворањето на „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026“ беше истакната важноста на континуираната соработка меѓу институциите, бизнис-секторот, научната заедница и младите во создавањето современ, одржлив и конкурентен енергетски сектор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
СветЕстонија планира да изгради околу 150 бункери на границата со РусијаЕстонија планира да изгради околу 150 бункери на границата со Русија, како дел од напорите за зајакнување на одбранбената подготвеност, изјави естонскиот министер за одбрана Мартин Херем пред новинари.Бункерите ќе бидат изградени во регионот Ида-Виру, кој граничи со Русија. Околу 100 бункери ќе бидат поставени на државно земјиште, а приближно 50 на приватни парцели или на земјиште во сопственост на локалните самоуправи, рече Херем, според естонскиот медиум ERR. Министерот не даде детални информации за тоа како ќе се користат бункерите. Најновите мерки доаѓаат во време кога продолжуваат руските закани кон источното крило на НАТО. Како одговор на зголемената руска агресија во регионот, балтичките држави во последните години ставаат силен акцент на стратешката подготвеност, поттикнувајќи ја подготвеноста на цивилното население и зголемувајќи ги трошоците за одбрана. Претставници на НАТО предупредија на навлегувања на руски беспилотни летала, повреди на воздушниот простор, саботажи и други хибридни закани, додека земјите во регионот истовремено ја зајакнуваат својата противвоздушна одбрана. Откако Русија започна целосна инвазија врз Украина, НАТО го зајакна своето источно крило преку распоредување дополнителни трупи и подготовка на план за брз одговор. Претходно овој месец, естонската војска објави дека трајно ќе премести една борбено подготвена бригада поблиску до руската граница. Првата бригада треба да биде преместена во новопроширена воена база, оддалечена помалку од 50 километри од руската граница, со цел армијата подобро да се подготви за евентуален руски напад.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Илинден: Извршена есенска дезинфекција и дератизацијаВо согласност со Програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година, Општина Илинден спроведе есенска акција за дератизација на јавните површини и дезинфекција на јавните објекти .Во согласност со Програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година, Општина Илинден спроведе есенска акција за дератизација на јавните површини и дезинфекција на јавните објекти на територијата на општината. Во рамки на акцијата, извршена е дератизација на 1.073 шахти на јавните површини, со цел спречување на појавата и размножувањето на глодари. Дополнително, спроведена е дезинфекција на вкупна површина од 3.300 квадратни метри во јавни објекти, меѓу кои општинската зграда и домовите на култура. Со континуирано спроведување на превентивните мерки, Општина Илинден ја потврдува својата посветеност на зачувување на јавното здравје, одржување на хигиената и обезбедување здрава и безбедна животна средина за сите граѓани. И во наредниот период ќе продолжат активности насочени кон спречување и сузбивање на заразните болести, со посебен акцент на превенцијата и заштитата на здравјето на населението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook