Студија: Изгледа дека Омикрон презел дел од генетскиот материјал на вирусот на настинка - Канал 5

Студија: Изгледа дека Омикрон презел дел од генетскиот материјал на вирусот на настинка

Според светските агенции, ова не е забележано во ниту една претходните варијанти на коронавирусот.

Студија: Изгледа дека Омикрон презел дел од генетскиот материјал на вирусот на настинка

Новата варијанта на коронавирусот Омикрон најверојатно собрала најмалку една од нејзините многубројни мутации со тоа што презела парче од генетскиот материјал на друг вирус, најверојатно оној што предизвикува обична настинка, кој е присутен кај истите заразени клетки, велат истражувачите.

Според светските агенции, ова не е забележано во ниту една претходните варијанти на коронавирусот, но е присутно кај многу други вируси, вклучително и оние кои предизвикуваат настинки, како и во човечкиот геном, велат експертите.

– Омикрон со преземањето на новиот „код", се прави себеси „почовечки", што може да му помогне да го избегне имунолошкиот систем", рече Венки Саундарарајан, експерт во Nference, компанија за анализа на податоци со седиште во Кембриџ, Масачусетс. Саундарарајан го предводеше ова истражување објавено како „препринт", што значи дека сè уште чека научна рецензија.

Откритието може да значи дека вирусот полесно се пренесува, но и дека предизвикува само блага или асимптоматска болест, што би било одлична вест за човештвото по речиси две години пандемија. Научниците сè уште не знаат дали Омикрон е позаразен од другите варијанти, дали предизвикува потешка форма на болеста или дали ќе ја надмине Делтата како најраспространета варијанта на коронавирусот.

Според претходните студии, клетките во белите дробови и гастроинтестиналниот тракт може да содржат САРС-КоВ-2 и вируси на обична настинка во исто време. Ова би овозможило рекомбинација на вируси, процес во кој два различни вируси во иста клетка домаќин меѓусебно дејствуваат додека се копираат себеси, создавајќи нови копии кои го имаат генетскиот материјал на двата „родитела".

Истата генетска низа се појавува кај човечкиот коронавирус HCoV-229E, кој предизвикува настинки кај луѓето, како и кај вирусот ХИВ, кој предизвикува Сида, наведува Соундарарајан.

Јужна Африка, каде што првпат беше идентификуван Омикрон, има највисока стапка на заразени со ХИВ во светот, а тој го ослабува имунолошкиот систем и ја зголемува подложноста на лицето на инфекции со вируси на настинка и други патогени. Има многу луѓе во тој дел од светот кај кои можела да се случи рекомбинација, рече Соундарарајан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Османи: Која задача ќе ја извршува новиот пратеник за ЕУ, Фетаи?

Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен потпретседател на опозициската ДУИ, Бујар Османи реагираше на поставувањето на поранешниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи за специјален пратеник на Македонија за Европската унија.

Османи: Која задача ќе ја извршува новиот пратеник за ЕУ, Фетаи?

Османи прашува кој ќе биде неговиот мандат со оглед дека Македонија има амбасадор и дипломати што работат во европските институции.

„Македонија има постојана мисија при Европската унија, предводена од амбасадор и составена од десетици дипломати кои секојдневно работат со европските институции. Тогаш, кој е мандатот на новиот претставник? Која задача ќе ја извршува тој, а не можат да ја извршат амбасадорот, нашата мисија, министерството за надворешни работи и министерството за европски прашања“,вели Османи и додава дека не треба да се создава паралелен политички канал во Брисел.Фетаи, кој како вицепремиер беше кадар на ВРЕДИ, на почетокот на јуни поднесе оставка од функцијата, откако претходно извесен период отсуствуваше од работа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Ви плукнаа во лице со назначувањето на Фетаи во Брисел! Како се чувствувате сега?

Награда за неодговорност, плата од народот, функција во Брисел — ова е вистинското лице на власта без осет!

ЛДП: Ви плукнаа во лице со назначувањето на Фетаи во Брисел! Како се чувствувате сега?

Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ја осудува срамната и скандалозна одлука на Владата за именување на поранешниот вицепремиер за добро владеење, Арбен Фетаи, за нов специјален пратеник во Европската Унија. Ова назначување претставува директен шамар, отворено потценување и вистинско плукање во лице на сите чесни граѓани кои секојдневно се борат за преживување.

Владата уште еднаш докажа дека нема ниту осет, ниту срам кога станува збор за трошење на народните пари и поделба на лукративни или измислени фотелји.

Граѓаните уште помнат како истиот овој “функционер” со месеци не се појавуваше на работните состаноци и ги бојкотираше владините седници, додека од џебот на најсиромашниот народ во Европа редовно му легнуваше функционерска плата.

Наместо да сноси одговорност за своето неработење, Фетаи безрбедно се потсмеваше со јавноста објавувајќи фотографии од Бангкок, за денес, од истите тие граѓани кои ги игнорираше, да биде награден со функција и привилегии во Брисел.

Премиерот не само што се посрамоти туку и капитулираше. Дополнителен срам и потврда за партиската самоволие е фактот што Фетаи за назначувањето на оваа висока државна позиција се пофали преку социјалните мрежи и му се заблагодари на премиерот во објава напишана исклучиво на вториот официјален јазик.

Каков сигнал испраќа оваа Влада до Брисел кога за специјален претставник именува човек чија единствена докажана „квалификација“ е неработењето и избегнувањето на обврските?

Ова е скандалозна порака дека во Македонија неодговорноста се наградува, а државните позиции се користат како приватен банкомат за задоволување на апетитите на власта. Истата таа неодговорност што носи трагедии, пожари, труења, епидемии и човечки жртви.

ЛДП бара итна ревизија на оваа одлука и стопирање на практиката со која дипломатијата се претвора во засолниште за партиски кадри без резултати. Граѓаните заслужуваат функционери кои ќе работат во нивен интерес, а не политичари кои си поигруваат со нивното достоинство.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија

Мицкоски ја труе цела Македонија - По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид.

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија

Гостивар. Крушево. Валандово. Булачани. Пласница. Лешок. Преглово. Маврово....

По седум градови со отровна вода, по Лепенец и Вардар, по Башино Село, сега и водата од изворите во Елшани и Велестово во Охрид не е за пиење.

Изгледа дека во Македонија веќе нема чисто место.

Мицкоски зборува за „нови бактерии“ во Гостивар.

Клековски ветува дека до крајот на неделата ќе може да се пие водата.

Секој си ја тера својата приказна.

Собирање политички поени наместо заштита на здравјето на луѓето.

Срам.

На ВМРО и на Мицкоски повеќе им е важен рејтингот отколку здравјето на граѓаните.

Ќе ја отрујат цела Македонија.

Кој знае колку уште општини и градови се загадени, а ние сè уште не знаеме?

Министерот за полиција Тошковски се занимава со хиперхлорирање како да работи во водовод.

Мицкоски ветува едно.

Клековски не презема одговорност.

Епидемија на жолтица е во тек. Сè уште нема одговорни.

Никој не ставил потпис.

Никој не ставил печат.

Никој не гарантира со своето име и презиме.

Не сакаат да кажат која институција и кое лице дало дозвола за користење на техничката вода во Гостивар.

Нема анализи.

Нема одговорно лице.

Нема име и презиме.

Само лаги, измами и префрлање одговорност.

Ова повеќе не е криза со вода. Ова е системско труење на државата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер