3Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“: Утре во Драчево едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
ЗдравјеСтудија: Инфекцијата со Ковид го зголемува ризикот од згрутчување на крвта до шест месециДо три месеци по инфекцијата со Ковид постои и зголемен ризик од длабока венска тромбоза – згрутчување на крвта во пределот на долнит екстремирети, стои во студијата.Луѓето кои биле инфицирани со коронавирусот се соочувале со зголемен ризик од развој на тешки крвни згрутчувања до шест месеци по инфекцијата, дури и оние случаи што покажале благи симтоми на Ковид-19, се наведува во студијата што денеска ја објави Британскиот медицински журнал (БМЈ). И претходните истражувања покажаа дека Ковид-19 го зголемува ризикот од згрутчување на крвта, но новата студија на БМЈ покажува колку долго може да трае потенцијалната опасност од крвни згрутчувања. Истражувачите ги споредувале податоците за повеќе од милион луѓе во шведските национални регистри кои се заразиле со Ковид во периодот од февруари 2020 до мај 2021 година, со контролни групи од над четири милиони лица кои не биле позитивни. Притоа откриле дека оние со Ковид имаат поголем ризик од белодробна емболија – згрутчување на крвта што ги блокира артериите во белите дробови, и тоа до шест месеци по инфекцијата. До три месеци по инфекцијата со Ковид постои и зголемен ризик од длабока венска тромбоза – згрутчување на крвта во пределот на долнит екстремирети, стои во студијата. По разгледувањето на голем број фактори, истражувачите откриле 33 пати поголем ризик од белодробна емболија кај оние кои имале Ковид, како и петкратно зголемување на ризикот од длабока венска тромбоза. Луѓето кои имале тешки симптоми на Ковид и оние пациентите кои веќе имале такви здравствени состојби биле изложени на поголем ризик, покажуваат резултатите од студијата. Но, дури и луѓето кои имале благи случаи, на кои не им била потребна хоспитализација, имале зголемен ризик од белодробна емболија и длабока венска тромбоза. Шансите за формирање згрутчување биле поголеми за време на првиот бран на пандемијата отколку во подоцнежните фази, што според научниците се должи на покриеноста со вакцини и подобрениот медицински третман на пациентите со тек на времето. Истражувачите посочуваат дека нивните наоди значат отворен повик до лекарите за дополнителен третман за спречување на згрутчување на крвта, особено кај случаите со висок ризик. Истовремено тие нагласуваат дека резултатите од истражувањето ја покажува важноста на вакцинацијата. И научници од Универзитетот во Глазгов кои воопшто не биле вклучени во односното истражување се согласни за потребата од будност поради можни компликации после инфекциите со вирусот САРС-КоВ-2. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаСДСМ: Транспарентни 244 илјади евра во 2018 година наспроти матни 5,5 милиони евра сега Транспарентни 244 илјади евра во 2018 година наспроти матни 5,5 милиони евра сега – Обвинителството мора да постапиПрес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан Само една едноставна споредба која целосно ја разоткрива разликата меѓу домаќинско и криминално управување со народните пари. Во 2018 година, по повод поканата за членство во НАТО, Владата предводена од СДСМ организираше прослава во 15 градови низ целата држава. Целата прослава чинеше 244 илјади евра, платени од буџетот. Сè беше јавно и транспарентно објавено. Јавноста беше информирана колку чини прославата и за што се трошат парите. Така е домаќински и правилно. Сега со Мицкоски и ВМРО 5,5 милиони евра се потрошени. Дваесет и три пати повеќе пари! Пари од Државната лотарија, од нераспределената добивка која требало како дивиденда да заврши во државниот буџет. Затоа, лагата дека ова не се буџетски или народни пари не поминува. Тоа се пари на граѓаните. И мора да има одговори каде се потрошени и да има одговорност. Мицкоски прво излажа дека прославата ќе чини „нула денари“. Потоа се обиде да ја сокрие сметката, докуметните, анексите, договорите, фактурите. Наместо отчетност и транспарентност, криење, молк за провизиите и за тоа во чии џебови завршија 5,53 милиони евра. Ете ја разликата. Мицкоски организираше една вечер за 5,53 милиони евра – скриено, нетранспарентно и преку сомнителна шема со Државната лотарија. Тоа е разликата кога државата организира домаќински и кога организира банда. Овде мора да постапи Јавното обвинителство. Обвинителот Ненад Савески треба веднаш да отвори предмет, да ја обезбеди целокупната документација и да ја следи трагата на парите. Не мора само Мицкоски да го повикува на телефон за да постапува, не мора да чека да седне до него. Одговорност мора да има. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЦените на дизелот во Германија достигнаа рекордно нивоПолнењето на резервоар од 50 литри сега чини 123,55 евра. Цената на дизелот во Германија достигна ново рекордно ниво. Просечната цена по литар вчера изнесуваше 2,471 еврa, надминувајќи го претходниот рекорд од 2,453 евра, поставен само еден ден претходно. Полнењето на резервоар од 50 литри сега чини 123,55 евра. Во меѓувреме, цената на бензинот благо опадна, од 2,314 на 2,308 евра по литар. Поскапувањето е предизвикано од воената ескалација на Блискиот Исток и во Персискиот Залив, што доведе до нагло зголемување на цените на суровата нафта. Проблемите со снабдувањето дополнително се влошуваат поради дефекти и оштетувања на енергетските постројки. Автомобилскиот клуб „ADAC“ проценува дека цените на нафтата и девизниот курс на еврото само делумно ги објаснуваат исклучително високите цени на германските бензински пумпи. Владата разговара за мерки за олеснување Овие нови рекордни цени вршат притисок врз сојузната влада. Канцеларот Фридрих Мерц најави брзи мерки за олеснување, иако сè уште нема консензус во рамките на владејачката коалиција за нивната конкретна форма. Генералната секретарка на „CDU“, Франциска Хоперман, за првпат изнесе конкретни бројки во четвртокот вечерта за време на емисијата „Мајбрит Илнер“. Таа изјави дека намалувањето на цената за 21, 23 или 25 центи по литар би било забележливо. Се очекува прашањето да се разгледува на почетокот на октомври. Партиите од Унијата предлагаат намалување на даноците за енергија или на ДДВ-то за гориво. Од друга страна, министерот за финансии Ларс Клингбајл се залага за воведување европски данок на екстра-профитот на нафтните компании. Сè уште не е постигнат конечен договор. Совети за заштеда на пари при полнење гориво Возачите кои сакаат да заштедат пари треба да полнат гориво непосредно пред пладне. Од 1 април, на бензинските пумпи им е дозволено да ги зголемуваат цените само еднаш дневно – во 12:00 часот – додека можат да ги намалуваат повеќепати во текот на денот. Според податоците на „ADAC“, бензинот и дизелот генерално се најевтини во утринските часови. Цените забележливо растат токму напладне, а потоа постепено опаѓаат во текот на остатокот од денот. Се препорачува и споредување на цените, бидејќи тие можат значително да варираат помеѓу пумпите во иста област. Горивото обично е значително поскапо на бензинските станици покрај автопатот, па дури и кратко скршнување од рутата може финансиски да се исплати. Извор: Индекс.хрТагови: Германија Дизел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Холивудски пар воодушеви во ТоронтоХоливудската ѕвезда, актерката Пенелопе Круз во кожа и тантела, нејзиниот сопруг, шпанската актерска ведета Хавиер Бардем не го трга погледот од неа, холивудски пар воодушеви во Торонто.Шпанските актерски ѕвезди Пенелопе Круз и Хавиер Бардем блеснаа на премиерата на филмот „Бункер“ на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, каде што ги толкуваат главните улоги. Двојката, која важи за еден од најхармоничните парови во Холивуд, повторно привлече внимание на црвениот тепих, само неколку дена откако заедно блеснаа на Филмскиот фестивал во Венеција. Пенелопе и Хавиер ги толкуваат главните улоги во филмот „Бункер“, поради што публиката со нетрпение го очекува неговото пристигнување во кината. Нивното заедничко појавување во Венеција, а потоа и во Торонто, дополнително го поттикна интересот за филмот, кој веќе се вбројува меѓу најочекуваните остварувања во кои славните сопружници играат заедно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook