Студија: Главоболка и течење од носот се главни симптоми на индискиот сој на корона - Канал 5

Студија: Главоболка и течење од носот се главни симптоми на индискиот сој на корона

Главоболки, болки во грлото и течење на носот се едни од најчесто пријавените симптоми на индискиот сој на коронавирус во Велика Британија, пишува Би-Би-Си.

Студија: Главоболка и течење од носот се главни симптоми на индискиот сој на корона

Според истражувањето на професорот Тим ​​Спектор, симптомите на таканаречениот индиски сој на вирусот наводно се разликува од оние предизвикани од претходните варијанти на коронавирус, а сè повеќе пациенти тврдат дека не го изгубиле чувството за мирис и вкус и немале треска, туку чувствувале симптоми на силна настинка со течење на носот, болки во грлото и главоболки.

Податоците биле собрани врз основа на истражување на примерок од илјадници испитаници кои ги пријавиле своите симптоми преку апликација.

"Немаме добри вести, гледаме експоненцијално зголемување на бројот на пациенти, особено на северо-западот на Англија и Шкотска. Повеќето од нив се млади луѓе на возраст од 20 до 29 години и малку постари од 40 до 49 години, популација која не е вакцинирана или е вакцинирана само еднаш, што, се разбира, не постигнува соодветен имунитет. Смртноста е малку пониска отколку кај британскиот сој, но она за што треба да се загрижиме е сè уште т.н. втор ковид, така што Велика Британија дефинитивно има проблем “, рече професорот.

Токму овие неспецифични симптоми пациентите не ги припишуваат на вирусот ковид-19 и продолжуваат со вообичаените животни и социјални навики, одат на работа и се забавуваат, мислејќи дека е сезонска настинка.

Професорот апелира на потребата од добивање втора доза на вакцина и останување дома кога ќе се забележи првиот симптом во однос на главоболка, воспаление на грлото и течење на носот.

90% од сегашните случаи во Велика Британија, наводно, се поврзани со делта варијантата на вирусот, пишува Би-Би-Си.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од украинскиот град Херсон, кое го прикажува моментот кога операторот на руски дрон FPV буквално брка и напаѓа цивилен продавач на зеленчук.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

Видеото го прикажува дронот како кружи околу тезга и бело комби, додека несреќниот продавач панично се обидува да го избегне дронот. Операторот на дронот го следел долго време и го натерал да трча околу возилото, пред да го насочи дронот директно кон него и да ја активира експлозијата.

Во експлозијата тој претрпел потрес на мозокот, повреди од експлозија и повеќекратни рани од шрапнели.

Тој моментално е во болница под медицински надзор, но неговиот живот е надвор од опасност.

Руско „сафари“

Руските војници наводно го објавиле видеото сами и го признале делото, отворено фалејќи се со нападите врз цивили што ги нарекуваат „сафари“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, се огласи за овој настан, осудувајќи го секојдневниот терор врз жителите на Херсон и повикувајќи ја меѓународната заедница да реагира порешително.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди областа во близина на Пиза во централна Италија утрово, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Во соопштението се вели дека земјотресот се случил во 10:15 часот наутро, со епицентар седум километри западно од Пиза, на длабочина од осум километри, објави Анса.

Земјотресот бил почувствуван низ северна Тоскана, во соседните провинции Лука и Маса-Карара, како и до провинцијата Фиренца.

Засега нема извештаи за повредени или штети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер