ЗдравјеСтудија: 96 проценти од британците развиле антитела по првата дозаНе бројте антитела по примени две дози на вакцини, она што е потребно да се брои е колку луѓе се вакцинирани, со порака германскиот професор и инфектолог Андреј Трамупуж. Тој за канал 5 вели дека најважно во моментот е било која вакцина да се прими, бидејќи сите даваат заштита од тешки заболувања и смрт. Велика Британија денеска излезе со истражување дека скоро 97 проценти Британци развиле антитела во период од 28 до 34 дена по првата примена доза, 14 дена по втората доза од приеманта вакцина скоро 99 проценти развиле антитела. За професорот не е важно да се бројот антитела. „Во Германија не ги проверуваме антителата во крвта по вакцинацијата , бидејќи не покажуваат каков е имунитетот. Антителата не се единствен знак за добиен имунитет, туку имунитетот на клетките кои не можеме да ги видиме. Затоа мораме два пати сега да се вакцинираме и по шест до 12 месеци да ја ставиме и третата доза, но најверојатно ќе треба и четврта доза“. Есента и зимата ќе може да одмориме од тешките последици на корона вирусот. Најверојатно нема да има четврт бран каде ќе има тешко болни и голем број на починати од опасниот Ковид 19, објаснува за Канал 5 германскиот инфектолог професор Андреј Трампуж. Тој вели дека од шест до 12 месеци ќе треба да се прими и трета доза на вакцина. „Сите вакцини штитат од тешки инфекции. И кај сите вакцини заштитниот ефект трае од шест до 12 месеци. Значи кај сите вакцини ќе мора да има примање на трета доза и наредната година најверојатно четврта доза . Така да бидеме заштитени за сите наредни години“, вели Трампуж за Канал 5. Тој вели дека дека потребно се уште да се носат маски и да се внимава на дистанца. И оние кои се вакцинирани може да имаат благи симптоми од вирусот, но заразата може да ја шират и на удар ќе бидат повторно невакцинираните. Потребно е 70 проценти од населението да се вакцинира за да маските останат минато. Професорот се уште го нема одговорот колку години ќе се вакцинира човештовото против ковид 19. Она што е потребно и се очекува како добра вест е дека ќе се направи поефикасна вакцина против корона вирусот на долг рок на траење. Тој со порака дека вакцините може да се мешаат, ако некој примил две дози Спутник за половина година може да прими било која друга вакцина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПроект „Топлотен бран“ во Кисела Вода: Грижа за граѓаните при високи температуриГрижата за здравјето на граѓаните во услови на летните високи температури, е во фокусот на заедничкиот проект „Топлотен бран“, кој Општина Кисела Вода го реализира во соработка со Општинската организација на Црвен крст-Кисела Вода. Проектот се реализира преку Секторот за месна самоуправа при општината. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со претставници од општинската администрација, тимови на Црвениот крст и медицинско лице, на најфреквентните локации, парковите и автобуските постојки низ општината делеа шишиња со ладна вода, со цел да им се олесни движењето на граѓаните кои имаат неодложни обврски на отворено. Истовремено, стручните лица даваат медицинска помош и совети, а по потреба се врши и транспорт на ранливите лица до нивната крајна дестинација. -Грижата за нашите жители, особено во вакви екстремни временски услови, е наш врвен приоритет. Свесни за опасностите што ги носат високите температури, преку проектот „Топлотен бран“ излеговме на терен за директно да им помогнеме на граѓаните кои мораат да бидат надвор од своите домови. Заедно со нашите докажани партнери од Црвениот крст, обезбедуваме вода за освежување, но и стручна медицинска поддршка и безбеден транспорт за оние на кои им е најпотребно. Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат препораките на здравствените институции, да избегнуваат излегување во најтоплите делови од денот и да се грижат за своето здравје-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.Тагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишено од слобода едно лице во Скопје, пронајдена и одземена дрогаД.П. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Ѓорче Петров, каде по насоки на јавен обвинител е задржан за понатамошна постапка. На 04/05.08.2026, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на бул.„Партизански одреди“ во Скопје извршен е преглед на Ј.Б., С.В. и Д.П.. При тоа, кај Д.П. се пронајдени и одземени две тегли во кои имало вкупно 25 пакувања марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана. Д.П. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Ѓорче Петров, каде по насоки на јавен обвинител е задржан за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против Д.П. ќе биде поднесена Кривична пријава по член 215 ст.1 од Кривичниот законик.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаОпштина Карпош: Вонредни инспекциски надзори и контроли во ЗлокуќаниСекторот Инспекторат на Општина Карпош, во соработка со полициски службеници на Полициска станица Карпош, спроведе вонредни инспекциски надзори во УЗ Злокуќани.Во фокус на контролите беа дивоградбите во овој дел на општината при што, општинскиот градежен инспектор утврди неправилности во делот на бесправно изградени објекти и за истите започна соодветна инспекциска постапка согласно законските надлежности. Во исто време, општинскиот комунален инспектор, во координација со службите за одржување на јавната хигиена и соодветна механизација, отстрануваа кабаст отпад од јавна површина во реонот на градската ул. Скупи како и во внатрешноста на населбата. Во рамки на акцијата, беа опоменати повеќе физички лица и домаќинства поради неправилно одлагање отпад и нарушување на јавната чистота. Истовремено, инспекциските служби разговараа со жителите на Злокуќани за нивните комунални проблеми и предизвици. Општина Карпош информира дека редовните инспекциски контроли продолжуваат секојдневно, а заедничките акции на Секторот Инспекторат со полициските службеници ќе бидат засилени и во наредниот период, со цел воспоставување поголема контрола и одржување на јавниот ред, чистотата и законитоста во УЗ Злокуќани. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter