3Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУ
СветСтудентка исчезна на одмор во Доминикана, САД и уште две држави во голема потрага Властите на Доминиканската Република трагаат по 20-годишна американска студентка која исчезна во Пунта Кана.Судикша Конанки последен пат била видена на 6 март во зори на плажата во близина на хотелот. Таа е студентка на Универзитетот во Питсбург. Според претставници на Цивилната заштита, потрагата по Конанки продолжила во неделата. Исчезнатата студентка била на одмор со неколку пријатели кога последен пат била видена. Властите започнале масовна операција за пребарување на брегот и околните области. Универзитетот во Питсбург е известен за исчезнувањето на својата студентка и му дава поддршка на нејзиното семејство. Пријателите и семејството се загрижени и се молат за нејзино брзо враќање. Потрагата продолжува со надеж дека ќе биде пронајдена жива. Таа последен пат била видена на надзорните камери со уште седум лица како влегуваат на плажата во хотелот Рио, во Пунта Кана, нешто по 4:15 часот по локално време. Девојката била пријавена за исчезната откако не се вратила од плажата. Во потрагата се вклучени власти од Доминиканската Република, Америка и Индија, а кучињата трагачи, дронови и хеликоптери интензивно ја пребаруваат областа. „Мојата ќерка е многу добро девојче. Таа е амбициозна. Би сакал да продолжи да се занимава со медицина“, изјави таткото Субарајуду Конанки за Си-Ен-Ен. Инаку, семејството Конанки дошло во САД од Индија во 2006 година и се населиле во Вирџинија. „Поминаа пет дена и сите сме многу загрижени“, вели семеен пријател кој ја познава девојката од нејзината тригодишна возраст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лицаКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица осомничени за случајот со злоупотреби околу тендер за чистење на граничните премини и терминалите, во периодот од јули 2023 до март 2024 година.Oсомничените преку фаворизирање на одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 18 милиони денари од обвинителството велат и дека во рамките на истрагата се обезбедени докази и за примање и давање награда за противзаконито влијание и дека првоосомничениот примил награда во износ од 111.600 денари за искористување на својата службена положба. По распитот обвинителката соопшти дека барањето за притвор е заради опасност од бегство и влијание врз сведоци...Тагови: Кривичен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВучиќ: „Не ме исплашија ниту ме фасцинираат заканите“Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не се плаши од закани и дека е целосно посветен на напредокот на земјата и подобар живот за нејзините граѓани. „Скинете му ја главата на Вучиќ - ниту се плашам ниту ме фасцинираат заканите. Единственото нешто што ме интересира е како нашите луѓе живеат подобро и како Србија може да биде уште поуспешна“, рече Вучиќ. View this post on Instagram A post shared by Александар Вучић (@avucic) Вака реагира претседателот на Србија, Вучиќ на предупрадувањето да не патуват на самитот во Тиван во Црна Гора од српската безбедносна агенција БИА. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУнгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУУнгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер.Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер, односно група преговарачки поглавја за пристапување на Украина во Европската унија. Договорот претставува потенцијален пробив во долготрајниот спор околу правата на малцинствата, кој ги затегна односите меѓу Будимпешта и Киев и ја комплицира поддршката за пристапувањето на Украина во ЕУ. „Постигнавме напредок во разговорите со Украина за јазичните, културните и образовните права на етничкото унгарско малцинство“, напиша Маѓар на фејсбук. Во вторникот тој рече дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Зеленски следната недела за да отвори ново поглавје во односите, доколку се постигне договор за правата на малцинствата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook