СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува
2СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува
Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
1Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
БалканСтудентите во блокада официјално поднесоа барање до Собранието во врска со РТС„Протестот ќе трае додека не го исполните“.Студентите во блокада на високообразовните институции во Белград испратија отворено писмо до Комитетот за култура и информирање на Народното собрание на Република Србија и најавија колку ќе трае протестот пред РТС, јави дописникот на МИА од Белград. „Бараме од вас, Комисијата за култура и информирање, да го повторите процесот на избор на членови на Советот на Регулаторното тело, со откажување на претходниот Јавен повик и објавување на нов, со транспарентен процес пред јавноста. Протестот пред РТС ќе трае додека не објавите јавен повик за избор на членови на Советот на РЕМ“, стои во писмото на студентите во блокадата на високообразовните институции во Белград. Пред зградата на Радио-телевизија Србија во центарот на Белград и кај студиото на Кошутњак се уште се протестира од студентите во блокада и дел од вработените не можат да стигнат до своите работни места.Студентите кои ги блокираа влезовите во зградата на Радио-телевизија Војводина (РТВ) утрово околу 5.30 се разотидоа откако жандармеријата поставо кордон, со што на вработените им е дозволен влез во зградата. Полицијата во Нови Сад соопшти дека во соработка со обвинителството, во тек е идентификација на сите лица кои сториле кривични дела и прекршоци, а против нив ќе бидат поднесени соодветни прјави. Синоќа по 22 часот беа блокирани сите влезови на тие медиуми, а студентите во блокада, како причина за потегот - изјавија дека јавните сервиси, „не известуваат вистинито“. „Полицијата насилно ги потиснува луѓето, за да можат вработените во РТС да влезат зградата. Соочени со оваа полициска бруталност, вработени во РТС се откажаа од влегување. Остануваат надвор, меѓу студентите и граѓаните...И покрај се, има чесни луѓе во РТС“, беше објавено на Икс на ФДУ во блокада. Главна вест на порталот на РТС утрово е блокадата на јавниот сервис, при што РТС нагласува дека „студентите во блокада незаконски ги блокираат зградите на РТС“. Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти утрово дека внимателно ја следи ситуацијата околу блокадата на зградите на Радио и телевизија на Србија и доколку има какво било кривично дело, сторителите ќе бидат идентификувани и кривично гонети согласно законот. Обвинителството очекува и сите други надлежни државни органи да преземат дејствија и мерки од нивна надлежност за заштита на безбедноста на новинарите кои ги извршуваат своите работни задачи, како и правата на сите граѓани. Блокадата на влезот на зградите на РТС во улицата Таковска во центарот на Белград и на Кошутњак почна синоќа по 22 часот и се уште трае. Нови шатори синоќа беа поставени пред Домот на народното собрание на булеварот „Крал Александар“. Слични шатори таму беа поставени минатиот викенд на народното собрание „Не ја даваме Србија“, пред бината од која претседателот на Србија им се обрати на присутните на централната манифестација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница на 1 ноември очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот кругВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница на 1 ноември очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот круг, СДС на чело со Филипче е декласиран со 4 спрема 1.ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во Брвеница со предност околу 800 гласа во однос на кандидатот на ДУИ. Во однос на СДС победивме со разлика поголема од 4 спрема 1. Од 6 кандидати, Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 2945 гласови. СДС и Венко Филипче доживеја уште еден изборен дебакл во Брвеница. СДС според резултатот во Брвеница доживеа уште еден сериозен изборен неуспех. СДС се наоѓа на четвртото место, со повеќекратно помала поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. На СДС им го честитаме освоеното четврто место и им посакуваме уште многу вакви резултати со Венко Филипче на чело. И покрај дебаклот во низа на СДС, Венко Филипче не треба да си поднесе оставка бидејќи се додека тој управува со СДС и е послушник на Заев, граѓаните тоа ќе го препознаваат и ќе се одлучат за работа и резултати, и борба за иднина каква нуди Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со работа, одговорност и јасна цел, победа на 1 ноември и иднина со повеќе резултати за сите граѓани на Брвеница, без разлика на нивната етничка припадност. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е Брвеница да биде општина на сите нејзини жители, со подобри услови за живот, нови можности и конкретни проекти што ќе донесат вистински напредок. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжуваДодека пациентите чекаат со месеци за дијагностика, апаратите и скренерарите не работат, терапиите доцнат, нема лекови Владата на Мицкоски со новиот ребаланс ги намалува парите за здравството.Од капиталните инвестиции се кратат 100 милиони евра. Помалку пари се предвидуваат за болниците во Штип и Кичево, но и за ретки болести и за инсулин. Власта ги намалува парите за здравјето на граѓаните, во услови кога здравствениот систем веќе е во хаос. Три недели во Клиничкиот центар не работеше ниту еден компјутерски томограф. Пациентите чекаат прегледи неопходни за навремена дијагноза и лекување. ПЕТ-скенот, неопходен за онколошките пациенти, во изминатите две години е проследен со дефекти и прекини во работата. По последното пуштање во употреба работел само неколку дена, па повторно се расипал. Пациентите чекаат и по пет месеци за преглед од кој зависи понатамошното лекување. Само минатата година биле дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка. Наместо навремена дијагностика и сигурна терапија, онколошките пациенти во повеќе наврати остануваа со месеци без потребните лекови поради административна неодговорност и незаинтересираност на власта. За овие пациенти секое одложување на прегледот или терапијата може да има животозагрозувачки последици. Дел од клиниките работат со само една операциона сала, со недостиг на медицински персонал и со апарати чија исправност е неизвесна. Граѓаните редовно плаќаат здравствено осигурување, а потоа лутаат од една во друга болница и чекаат со месеци за основна здравствена услуга. Во Гостивар 5.000 луѓе се отруја. До денеска нема одговорност, а јавноста сè уште нема објавени резултати за водата, нема Извештај ниту за Гостивар ниту за над 50 населени места. Во 21 век, додека здравствените системи вложуваат во нови технологии и современо лекување, власта на ВМРО не обезбедува ни исправни основни апарати, редовна терапија и навремени прегледи. Ова е потфрлање во најважната обврска на секоја влада – заштитата на здравјето и животот на граѓаните. Мицкоски и Клековски не можат да побегнат за хаосот во здравството. Клековски треба да поднесе оставка. Скопје, 20.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедностПретседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедност, соопштија норвешката влада и ко-домаќинот Финска.Ројтерс вчера објави дека специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, ќе отпатува во Норвешка оваа недела на рунда преговори за прекин на војната во Украина и дека се очекува да присуствуваат Зеленски и европски претставници. „ Зеленски побара од Норвешка и Финска да закажат состанок како дел од тековните дипломатски напори, во ова критично време за Украина“, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере. Финскиот претседател Александар Стаб изјави дека ќе присуствува на состаноци со Зеленски и Стоере за да разговараат за „нелегалната агресивна војна на Русија против Украина и целокупната безбедносна ситуација во Европа“. Во изјавите од Норвешка и Финска не се споменуваат никакви американски или европски делегации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook