Студентите во блокада го повикаа Универзитетот во Белград на радикализација - Канал 5

Студентите во блокада го повикаа Универзитетот во Белград на радикализација

Студентите во блокада синоќа апелираа Универзитетот во Белград „да излезе со порадикални мерки на отпор“, во форма што ја сметаат за соодветна, јави дописникот на МИА од Белград.

Студентите во блокада го повикаа Универзитетот во Белград на радикализација

Апелот е објавен за да може „сега синхроно студентите и претставниците на Универзитетот да истапат како хомогено тело“ што „се бори за честа и достоинството на академската заедница“.

Во објава на социјалните мрежи тие посочуваат дека повикот е неопходен „за да се врати заслужениот кредибилитет на Универзитетот“.

Тие ги осудија „изјавите, навредите, клеветите и заканите упатени до ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ѓокиќ и деканите на високообразовните институции“ и, како што наведоа, клевети и физички напад врз деканката на Филозофскиот факултет во Ниш, Наталија Јовановиќ.

Студентите во блокада ги осудуваат „сите обиди за заплашување на Универзитетот“ и наведуваат дека „ваквите постапки на носители на јавни функции бараат итна реакција“.

„Да беше државата тело, образованието ќе беше основна единица на структурата и функцијата на здравото тело, студентите ќе беа срцето, а Универзитетот ќе беше мозокот кој вози сè“, додаваат тие.

За жал, како што наведоа, се сведоци на „потценување и пропаганда што се шири во општеството последниве денови“.

Презентирана програмата на годинешното издание на „Охридско лето“ пред делегатите на ЕФА

Директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, пред  делегатите на Европската асоцијација на фестивали (ЕФА) во Единбург ја презентираше програмата на годинешното 65-то издание на Фестивалот „Охридско лето 2025“.

Презентирана програмата на годинешното издание на „Охридско лето“  пред  делегатите на ЕФА

„Посебно сум горд што работејќи посветено и професионално, успеавме да ги завршивме подготовките за претстојното фестивалско издание во делот на програмата и на нешто помалку од три месеци со гордост да ја објавиме, но и да ја презентираме богатата и квалитетна уметничка програма и врвните уметници и пред фестивалската елита, тука, во Единбург на Самитот на фестивалите“, посочи Цуцковски на годишниот Самит на уметнички фестивали во Шкотска.

Во рамки на Самитот во Единбург ќе се одржи и 73. Генерално собрание на ЕФА, како и Средба на бордот на членови на Одборот на ЕФА.

Меѓу темите на дискусија во рамки на Самитот ќе бидат и глобалните перспективи и локалните контексти, како можност за поврзување и откривање на диверзитетот на различните култури, како и унапредување на соработката на европските фестивали.

Во обраќањето пред учесниците на собирот Цуцковски уште посочи дека е создадена „нова, модерна и креативна културна вредност како дел од вековната традиција на Фестивалот, една нова форма на креативно изразување која ни го отвора патот на успешна соработка со врвните фестивали во иднина“.

На програмата на Самитот на ЕФА во Единбург се и повеќе работилници што ќе се реализираат паралелно на различни локации, а на кои ќе бидат обработени различни теми поврзани со модерните предизвици во областа на културата и придобивките од вештачката интелигенција. Една од темите е и фокусот на диверзитетот, еднаквоста, инклузивноста, пристапноста и припадноста на различните фестивали- членки на ЕФА.

Европската фестивалска асоцијација вклучува над 140 фестивали од 40 земји, во која „Охридско лето“ членува од 1994 година.

На маргините на Конгресот на ЕПП, средба на Мицкоски со делегација на Србија

Претходно, делегацијата на ВМРО - ДПМНЕ учествувала на панел во организација на ЕПП.

На маргините на Конгресот на ЕПП, средба на Мицкоски со делегација на Србија

На маргините на Конгресот на Европската народна партија (ЕPP), остварив средба со делегација на Србија, претставувана од СНС и нејзиниот претседател, Милош Вучевиќ, објави на фејсбук претседателот на ВМРО - ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, кој ја предводи партиската делегација на Конгресот на Eвропската Народна Партија (ЕПП) во Валенсија, Шпанија.

- Разговаравме за регионалната соработка, европската перспектива на нашите држави и заедничките предизвици со кои се соочуваме. Ваквите средби се значајни за унапредување на добрососедските односи и градење стабилна и просперитетна иднина за целиот регион, напиша Мицкоски на фејсбук.

Претходно, делегацијата на ВМРО - ДПМНЕ учествувала на панел во организација на ЕПП, посветен на одговарањето на демографската криза, тема која бара итно внимание и заеднички ангажман за обезбедување одржлива иднина за граѓаните на Европа.

- Панелот ги покри темите поврзани со поддршка на мајките, децата и семејствата, како и домувањето за младите, даночната политика, изградбата на нови градинки, намалувањето на иселувањето и депопулацијата. Се очекува утре конгресот на ЕПП да донесе посебна резолуција за демографијата, објави Мицкоски на неговиот фејсбук профил.

Мицкоски, ја предводи со партиската делегација составена од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски, како и преставници на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ предводени од претседателката Жаклина Пешевска и претставници на Унијата на млади сили, кои денеска и утре ќе присуствуваат на Конгресот на Eвропската Народна Партија (ЕПП) во Валенсија.

Најавено е дека Мицкоски ќе има и свое обраќање на првата пленарна сесија. Претседателот на партијата Мицкоски ќе одржи и неколку билатерални средби, меѓу кои со Австрискиот премиер и претседател на сестринската партија ОВП, Стокер, како и со претседателот на Српската напредна странка и поранешен премиер на Србија, Вучевиќ, со претседателот на Демократската партија на Албанија и поранешен премиер и претседател на Албанија, Бериша и други европски лидери.

Исто така, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе присуствува и на вечерата организирана за лидерите од Европската народна партија.

ДУИ: Продолжувањето на притворот за Бектеши е јасен пример за селективна правда

Продолжувањето на притворот за поранешниот министер Крешник Бектеши, додека другите инволвирани во истиот случај – вклучително и градоначалниците на Кочани – се наоѓаат вжна слобода, претставува јасен пример за селективна правда.

ДУИ: Продолжувањето на притворот за Бектеши е јасен пример за селективна правда

Продолжувањето на притворот за поранешниот министер Крешник Бектеши, додека другите инволвирани во истиот случај – вклучително и градоначалниците на Кочани – се наоѓаат вжна слобода, претставува јасен пример за селективна правда.

Ова не е само двоен правен стандард – туку отворена политичка, етничка и партиска дискриминација, што претставува навреда за секој граѓанин на Република Македонија.

Дополнително, иако сведоците и родителите на жртвите јасно ги имаат посочено вистинските виновници, само поранешниот министер Бектеши сè уште се држи изолиран – за да се заштитат вистинските виновници.

Транзакциското обвинителство и актуелната власт продолжуваат брутално да ги кршат сите правни, морални и човечки принципи.

Премиерот, откако го заплаши обвинителот дека ќе изведе луѓе на улица против него, сега целосно го има потчинето и се однесува истовремено и како обвинител и како судија.

Ако улицата е решението, тогаш време е сите граѓани да им се придружат на семејствата на жртвите од Кочани и да побараат правда – на мирен, но решителен начин, на улица.

ДУИ

притисни ентер