Поповски: Да се изгради национален консензус за поврзување на уставните измени со временски дефинирани придобивки од ЕУ
1Поповски: Да се изгради национален консензус за поврзување на уставните измени со временски дефинирани придобивки од ЕУ
МакедонијаСтудентите од техничките факултети со 7-минутен молк оддадоа почит на жртвите од КочаниСтудентите и професорите и денеска се собраа во знак на почит за жртвите во Кочани, овој пат во техничкиот кампус, кај Машинскиот факултет. Но, за разлика од вчерашниот собир, денеска никој од присутните не сакаше да говори. Студентите се револтирани што кај платото пред УКИМ се појавија и се обратија ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, што беше причина и за критики кон раководоство на офицајалната студентска организација. Седум минути молк во знак на почит беше оддаден од страна на студентите и професорите денес на техничкиот кампус на УКИМ, а потоа во долги редици чекаа за да запалат свеќа и да се потпишат во книгата на жалост. Студентите најавуваат дека мирните собири ќе продолжат и следните денови, утре ќе биде пред Природно математичкиот факултет и задутре пред Педагошкиот факултет. Денеска се организираа и средношколците од Кавадарци, Битола, Охрид, Штип и Струга на мирни собири и маршови, упатувајќи поддршка кон семејствата на починатите. Средношколците велат дека овој немил настан ги поттикнува да размислуваат дали и колку се безбедни ноќните клубови во кои излегуваат. Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАНавивач влезе на теренот во НБА финалето за да направи селфи?!Навивач истрча на теренот во финалето на НБА меѓу Сан Антонио и Њујорк за да направи селфи. Поради изнцидентот тој веќе никогаш повеќе нема да оди на натпревар од НБАНавивач кој истрча на теренот за време на првиот натпревар од финалето на НБА во среда вечерта за да направи селфи со ѕвездата на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, е уапсен и доживотно суспендиран од сите НБА арени. Портпарол на лигата потврди во четврток дека истата казна му е изречена и на друго лице за неговата улога во инцидентот. Натпреварот во Фрост Бенк Центарот во Сан Антонио беше прекинат поради влегување на теренот, 6 минути и 28 секунди пред крајот на четвртата четвртина, при што Њујорк Никс водеше со 92:86. Навивач со мобилен телефон во рака се стрча кон Вембањама и центарот на Никс, Мичел Робинсон, но обезбедувањето брзо го совлада и го изнесе надвор од теренот. На крајот, Никс победија со резултат од 105:95.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
ЗабаваПред натпреварот со Панама, кафе за 8.000 луѓе од џиновски ѓезве од Босна и ХерцеговинаФудбалската селекција на Босна и Херцеговина ќе игра пријателски натпревар против Панама викендов во Сент Луис, градот во кој живее најголемата босанска заедница надвор од БиХ. Сепак, нема само фудбалот да го привлече вниманието на многумина. Имено, пред натпреварот, во центарот на Сент Луис ќе биде претставен најголемиот апарат за кафе(најголемото ѓезве) во светот, од кој организаторите ќе послужат бесплатно кафе на дури 8.000 луѓе. Настанот ќе се одржи пред стадионот „Енерџизер Парк“, каде што босанската репрезентација ќе го игра својот последен тест натпревар пред почетокот на Светското првенство. Организаторите најавуваат целодневна забава со музика, традиционална храна и неизбежното локално кафе. Според американската телевизиска станица „Фрст алерт 4“, ѓезвата била испратена директно од Босна и Херцеговина за да ја придружува репрезентацијата на нејзината турнеја низ Соединетите Американски Држави. „Ќе има музика, храна, пијалоци и многу забава. Интересен факт е дека ќе има најголема босанска цезва во светот“, рече Емир Налиќ, сопственик на познатиот ресторан „Балкан трет бокс“ и еден од организаторите на настанот. Не е случајно што ваков настан се организира во Сент Луис. Овој град во американската држава Мисури со години се смета за центар на босанската дијаспора во САД. Се проценува дека помеѓу 60.000 и 70.000 луѓе од Босна и Херцеговина живеат во областа на Сент Луис, поради што многумина го нарекуваат „најголемиот босански град надвор од Босна и Херцеговина“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
ЖивотКанада забранува увоз на добиток од Тексас поради опасна муваКанада воведе привремена забрана за увоз на говеда од американската држава Тексас откако оваа недела кај телињата е откриена опасната месојадна мува. Кравите и коњите кои биле во Тексас во рок од 21 ден пред да влезат во Канада нема да можат да влезат во земјата, соопшти Канадската агенција за инспекција на храна. Одлуката дојде откако Министерството за земјоделство на САД (USDA) потврди дека паразитот е пронајден и кај второ теле во Тексас, државата со најголемо производство на говедско месо во Америка. Гувернерот на Тексас, Грег Абот, синоќа прогласи состојба на катастрофа поради „непосредната закана“ што ја претставува ширењето на инфекцијата, пишува Би-Би-Си. „Постои голема веројатност дека инфекцијата ќе се прошири во текот на летото“, изјави Абот за новинарите во петокот. Мувата црв од Новиот свет е паразит чии женки ги положуваат своите јајца во отворени рани и на мукозните мембрани на топлокрвни животни, вклучувајќи ги и луѓето. Кога јајцата се изведуваат, стотици ларви ги користат своите остри усните делови за да пробијат низ живо ткиво. Доколку не се лекува, инфекцијата може да биде фатална за домаќинот. Американските власти објавија во среда дека Тексас го регистрирал својот прв случај на болеста за 60 години, во кој се работи за тринеделно теле чии ларви биле пронајдени во неговиот папок. Откритието е направено во градот Ла Прајор, околу 30 милји од мексиканската граница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20