Студентите од Србија кои „патуваат за правда“ стигнуваат во Брисел - Канал 5

Студентите од Србија кои „патуваат за правда“ стигнуваат во Брисел

Српските студенти кои на 25 април од Нови Сад го започнаа штафетниот ултрамаратонот низ Европа, попладнево пристигнуваат во Брисел. 

Студентите од Србија кои „патуваат за правда“ стигнуваат во Брисел

Во рамки на ултрамаратонот насловен „Од Нови Сад до Брисел - Патување од 1.950 километри за правда“, 21 студент од Србија, пред да стигнат до Белгија, со штафетно трчање минаа низ Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Франција и Луксембург.

Маратонот е дел од шестмесечната кампања за барање одговорност и правда за 16-те загинати при уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година.

Предвидено е за време на престојот во Брисел студентите-маратонци да се сретнат со претставници на повеќе европски институции за да разговараат за „нивните барања за одговорност, правда и демократија“.

Студентската иницијатива, што започнаа со 16-минутен протестен молк во чест на 16-те изгубени животи на железничката станица во Нови Сад, изминативе месеци прерасна во масовно протестно движење со барање одговорност за трагедијата, транспарентност во работата на државните институции и крај на системската корупција во Србија. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Српскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа во Турција

По двегодишна пауза, српскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа на тренерската работа и го презема турскиот Бахчешехир.

Српскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа во Турција

Како што објави Eurohoops, поранешниот селектор на Србија и Кина веќе ги договорил сите детали за соработката со клубот од Истанбул.

Ѓорѓевиќ ќе го наследи српскиот стручњак Марко Бараќ на клупата, а главна цел на клубот во следната сезона ќе биде пласман во Евролигата. Иако во изминатите недели се шпекулираше дека би можел да го преземе амбициозниот проект во Рим, кој го поддржува Лука Дончиќ, Ѓорѓевиќ на крајот реши да ја прифати понудата од Турција.

Неговиот последен ангажман беше на клупата на кинеската репрезентација, која ја напушти во 2024 година.

Во меѓувреме, тој беше поврзуван со неколку европски клубови и проектот Дубаи, но чекаше соодветно враќање на тренерската сцена. Ова ќе биде негово враќање во Истанбул, каде што веќе го водеше Фенербахче и ја освои титулата турски шампион во текот на сезоната 2021/22.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: ЗНАМ повторно ја брани изолацијата на Македонија, Мицкоски и неговата криминална група

ЗНАМ денеска излезе со соопштение во кое вели дека ЕУ интеграцијата мора да се темели на реформи, а не на „нови условувања“.

СДСМ: ЗНАМ повторно ја брани изолацијата на Македонија, Мицкоски и неговата криминална група

Ова е класична манипулација.

Нема нови условувања.

Уставните измени се дел од европската преговарачка рамка уште од самиот почеток. Тоа не е „уцена“, туку основен услов за отворање на преговорите - што вчера јасно го потврди и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Реформи оваа власт не спроведува.

Нека го прочитаат извештајот на Вајц и Комитетот на Европскиот парламент.

Таму јасно се вели дека нема напредок, нема владеење на правото и дека постои странско мешање.

ЗНАМ, партијата создадена и финансирана од Мицкоски за да ја разбие опозицијата, повторно ја брани политиката на изолација.

Наместо да им кажат на граѓаните дека без уставни измени нема напредок, тие повторно играат на картата на лаги - „национално достоинство“ и „уцени“.

Ова е истата приказна што ја турка и ВМРО-ОКГ со месеци.

Целта е јасна: да се спречи Македонија да влезе во ЕУ, за да може криминалната група на Мицкоски и Максим Димитриевски да продолжат да работат без контрола и без одговорност.

СДСМ уште одамна рече: поддржуваме само една работа - внесување на малцинствата во Уставот. За сè друго - не сме и нема да бидеме дел од оваа криминална структура.

Доста е со лаги и манипулации.

Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица

Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица осомничени за случајот со злоупотреби  околу тендер за чистење на граничните премини и терминалите, во периодот од јули 2023 до март 2024 година.

Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица

Oсомничените преку фаворизирање на одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 18 милиони денари од обвинителството велат и дека во рамките на истрагата се обезбедени докази и за примање и давање награда за противзаконито влијание и дека првоосомничениот примил награда во износ од 111.600 денари за искористување на својата службена положба.

По распитот обвинителката соопшти дека барањето за притвор е заради опасност од бегство и влијание врз сведоци...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер