Студентите од другите градови пристигнуваат во Белград пред утрешниот масовен протест (ВИДЕО) - Канал 5

Студентите од другите градови пристигнуваат во Белград пред утрешниот масовен протест (ВИДЕО)

Во главниот град на Србија вечерва пристигнуваат групи студенти и активисти кои веќе неколку дена пешки од повеќе градови во Србија пешачат кон Белград .

Студентите од другите градови пристигнуваат во Белград пред утрешниот масовен протест (ВИДЕО)

Во главниот град на Србија вечерва пристигнуваат групи студенти и активисти кои веќе неколку дена пешки од повеќе градови во Србија пешачат кон Белград за да учествуваат на протестот закажан за утре, а белградските студенти кои се на блокада им организираа пречек на Теразије.

Во Теразије најпрвин пристигнаа група студенти велосипедисти, а во блокадата ги пречекаа белградски студенти кои во Теразије пристигнаа од повеќе правци, скандирајќи и свирејќи со вувузели и биејќи тапани, како и групи граѓани.

Сообраќајот е во прекин на Теразије и околните улици, како и на плоштадот Никола Пашиќ.

Поставен е црвен тепих за студентите кои доаѓаат во Белград, а планиран е и хорски настап.

На Плоштадот на Републиката се поставени угостителски и неколку шатори за студентите кои пристигнуваат.

Нема полицајци во униформи.

Групи студенти од Нови Сад, Суботица, Крагуевац, Ниш, Краљево, Ужице, Крушевац, Вршац, Чачак, Ваљево и Лозница вечерва пеш и со велосипед треба да пристигнат во Белград.

На студентите кои пристигнуваат им се обезбедува сместување во зградите на факултетите, како и во некои средни училишта.

Студентите кои ги блокираат факултетите за утре закажаа протест пред Домот на Народното собрание.

Студентските групи од крајот на ноември ги блокираат факултетите барајќи да се исполнат четирите барања што ги поставија и кои и покрај низата чекори преземени од надлежните државни институции, тврдат дека сè уште не се исполнети, објави Телеграф.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Преку езерото“ со премиерни проекции на иранскиот филм „Коцкарот“ и краткометражните „Мртви корења“ и „ТЛСМ“

Краткометражниот филм „Мртви корења“ на режисерот Меглен Анжик Трпков, вечерва премиерно ќе биде прикажан на фестивалот „Преку езерото“ во Дојран. 

„Преку езерото“ со премиерни проекции на иранскиот филм „Коцкарот“ и краткометражните  „Мртви корења“ и „ТЛСМ“

Тој заедно со екипата од филмот денеска на прес конференција говореа за мотивите за снимање, начинот на соработката со актерите, кинематограферот, како ги избирале кадрите за снимање...

-Се почна од приказната за Силјан Штркот и тоа го поврзав со мојот живот бидејќи јас сум роден во Македонија и кратко време сум живеел тука, а сега веќе 15 години живеам во Холандија. Едноставно се идентифкував со приказната, а кинематографијата има и еден магичен свет. Урбаниот дел од филмот е сниман во Холандија, а руралниот во Македонија, бидејќи јас го живеам тој живот во Холандија, а цело време ме следеше желбата за враќање дома. Филмот е за потрагата по корењата, а во тоа голема помош имав од соработниците-актерите Христијан Крстевски, Талија Ѓорѓиева и Тони Наумовски. рече Трпков.

Публиката во Дојран, синоќа имаше ретка можност да проследи и ексклузивна светска премиера. Станува збор за иранскиот филм „Коцкарот“, кој го турка иранското жанровско кино на смела нова територија како сајбер-трилер заснован на вистински случај на дигитална војна, допирајќи се до глобалните вознемирености околу податоците, довербата и невидливите непријатели.

Филмот ја демонстрира способноста на иранската индустрија да се движи помеѓу поетскиот реализам, интимната социјална драма, мета-кинематската носталгија, етичкиот хуманизам и висококонцептуалниот трилер.

Претходно беше прикажан македонскиот краток филм „ТЛСМ“ во режија на Филип Момировски, кој предизвика бурни реакции и аплаузи кај публиката. Станува збор за филм кој ја обработува темата за врсничкото насилство, мошне актуелна тема, за која како што рече режисерот треба да се зборува. Инспирација за филмот му бил настанот во училиштето „Рибникар“ во Србија, но со оглед на тоа што и кај нас станува се почеста тема, Момировски истакна дека и родителите и училиштето и целата држава се одговорни и треба да влијаат тоа да не се повторува повеќе.

-Тоа е нов вид на насилство. За жал никако булингот да стане бајата тема кај нас, еве деновиве пак гледаме такви примери. Комплетно целото општество е одговорно и треба да влијаеме да немаме повеќе вакви случувања. Мораме сите да се вратиме на онаа филозофија декае потребно цело село за да се израсне едно дете, тоа ни е потребно и мислам дека треба да ги слушаме децата, да не ги запоставуваме и повеќе да им се посветиме, рече Момировски.

12 Јули НЕДЕЛА - Амфитеатар Дојран

КРАТКОМЕТРАЖНА СЕЛЕКЦИЈА

20:30 МРТВИ КОРЕЊА, режија Меглен Анжик Трпков / ХОЛАНДИЈА, МАКЕДОНИЈА

DEAD ROOTS / directed by Meglen Anzik Trpkov / HOLLAND, MACEDONIA / 2026 / 25 min

ОФИЦИЈАЛНА СЕЛЕКЦИЈА

21:00 ОДРАЗОТ ВО МРТВИОТ ДИЈАМАНТ режија Елен Кате, Бруно Форцани / БЕЛГИЈА / 2025

REFLECTION IN A DEAD DIAMOND directed by Hélène Cattet, Bruno Forzani / BELGIUM / 2025 / 87 min

КРАТКОМЕТРАЖНА СЕЛЕКЦИЈА

22:30 БАДНИКОВИ СВЕТИЛКИ, режија Ѓорѓи Лазов / МАКЕДОНИЈА

CHRISTMAS LIGHTS / directed by Gorgi Lazov / MACEDONIA / 2025 / 17 min

23:00 ЗА ЕВА, режија Бојан Василев / МАКЕДОНИЈА

FOR EVA directed by Bojan Vasilev / MACEDONIA / 2025 / 14 min

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Поројни врнежи и грмежи во Куманово

Поројни врнежи и грмежи во Куманово и околината!

УХМР: Поројни врнежи и грмежи во Куманово

Од УХМР информираат дека невремето се движи од запад кон исток!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Народот ќе го победи Мицкоски, ќе победи европска Македонија

​Христијан Мицкоски вчера потврди дека е подготвен да ја жртвува Македонија, и кажа збогум на Европа и порача дека ќе чека покана. Со децении да чекаме заглавени додека регионот оди напред. 

Кузеска: Народот ќе го победи Мицкоски, ќе победи европска Македонија

Мицкоски призна дека тој и неговата криминална организација ВМРО, не сакаат Македонија да биде членка на Европската Унија.

Не затоа што не веруваат во Европа, туку затоа што се плашат од тоа што Европа го носи: независно судство, европско јавно обвинителство и одговорност за сите оние што ја ограбиле и ја уништиле државата.

Од тоа се плаши Мицкоски. Нема да може повеќе да мести партиски тендери,

милионски зделки со блиски фирми, злоупотреба на буџетските пари - нема да можат да крадат народни пари.

За жал, цената за неговото заложништво ја плаќаат сите граѓани а најмногу младите кои ќе продолжат да се иселуваат.

Мицкоски дојде на власт со лаги. Лажеше за името, за Преспанскиот договор, за националните интереси.

Денес е јасно дека сите тие лаги беа само средство за доаѓање на власт.

Кога дојде време да се направат реални реформи, тој се повлече и почна да бара изговори.

Македонскиот народ јасно кажа што сака. Сака Европа.

Сака правда. Сака да живее во нормална, достоинствена европска држава.

Затоа што за граѓаните Европа значи подобар живот и повеќе пари, висок животен стандард, силна економија поттикната од странски инвестиции и пристап до европскиот пазар.

Европа значи квалитетно европско образование, развојни програми за студентите и реални можности да напредуваат дома, а не да купуваат карта во еден правец.

Европа значи пристап со развојни фондови, наместо задолжувања.

А за Владата на Мицкоски Европа значи крај на криминалните тендери и крај на неказнивоста и одговорност а одговорност е токму она од кое тие бегаат.

Додека може да се задолжува и додека има пари во буџетот, Мицкоски ќе продолжи да ја држи Македонија во изолација.

Но кога ќе му се затвори тој простор, ќе се појават нови изговори за предвремени избори, затоа што нема пари.

Мицкоски трага по алиби. Потребно му е за да продолжи со своите лаги.

Не може да признае дека ја уништил економијата на земјата. Не може да признае дека нема излез, па ќе се врати на старата националистичка кампања за „патриоти“ и „предавници“.

Само што овој пат народот знае, воопшто не е наивен.

Народот ќе победи. Европска Македонија ќе победи.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер