Студентите ги блокираа РТС и студиото во Кошутњак, ТВ Нова не може да емитува утринска програма - Канал 5

Студентите ги блокираа РТС и студиото во Кошутњак, ТВ Нова не може да емитува утринска програма

Студентите кои синоќа ги блокираа РТС и сите влезови на оваа телевизија на улицата Таковска и Кошутњак ноќта ја минаа пред влезот и од утрово не дозволуваат на никого да влезе.

Студентите ги блокираа РТС и студиото во Кошутњак, ТВ Нова не може да емитува утринска програма

Поради оваа блокада, телевизијата Нова С, чии простории се и во рамките на комплексот РТС во Кошутњак, не може да ја емитува утринската програма „Пробуди се“ бидејќи на новинарите не им е дозволен влез во просториите, соопшти телевизијата.

-Почитувани гледачи, ве известуваме дека не можеме да ја емитуваме утринската програма „Пробуди се“ поради студентската блокада на РТС, која го блокираше и влезот во просториите на ТВ Нова, се вели во соопштението на ТВ Нова. Тие додадоа дека гледачите можат да ги следат на страницата на Инстаграм.

Во координирана акција, студенти од Белград и Нови Сад синоќа ги блокираа зградите на Радио телевизија на Србија (РТС) и Радио Телевизија Војводина (РТВ) и најавија дека таму ќе останат до понатамошно известување.

Како што јавува Н1, на блокадата на РТС учениците ќе дежураат во смени, а поставен е и шатор пред зградата на улицата Таковска каде граѓаните можат да оставаат донации.

Провладините медиуми ја окарактеризираа студентската акција како тероризам, а кога екипата на Информер се појави во близина на РТС, обезбедувањето застана меѓу граѓаните и новинарите од тој медиум за да спречат конфликт.

Студентите се собраа и пред студијата на РТС во Кошутњак, каде им оддадоа почит на загинатите во несреќата кога се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Академиците пристигнаа на Кошутњак нешто по 22 часот, а набрзо пристигнаа и припадници на полициската бригада. Сообраќајот во тој дел од градот се одвива нормално, додека Таковска е блокирана.

Новосадски студенти синоќа влегле во магацинот на РТВ и направиле барикади од сценoграфијата, блокирајќи ги влезовите на јавниот сервис, објавено е на социјалните мрежи. Им дозволија на работниците кои беа во зградата да си заминат.

Додека работниците на РТВ заминуваа, обезбедувањето и полицијата беа во ходникот на зградата. Откако вработените ја напуштиле зградата, обезбедувањето повторно ја заклучило вратата.

Академиците тврдат дека јавните медиумски сервиси не известуваат вистинито и дека тоа е причината за оваа блокада.

-Јавниот медиумски сервис работи против сите нас. Бидејќи Регулаторното тело за медиумски услуги не постои, никој не може да ги скроти. Протестот ќе трае додека не се распише нов конкурс за РЕМ или додека РТС не се затвори, напишаа студентите во објава на Инстаграм.

Студентите од Белград и Нови Сад вечерта на 10 март ненајавено се собраа пред јавните медиумски служби и ги блокираа сите влезови барајќи објективно известување за протестите, а ова е втор пат да организираат ваква ненадејна координирана акција. Нивната прва блокада траеше околу 20 часа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски се сретна со повредените од „Пулс“

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал средба со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој самиот информираше за средбата на неговата фејсбук-страница.

Клековски се сретна со повредените од „Пулс“

– Државата е тука – на долги стази – нагласува Клековски во објавата.тој посочува дека разговарале за нивната состојба, за потребите и за грижата што им е потребна и понатаму. Ги најавив можностите и следните чекори. Со нас беа и д-р Катарина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева, од работната група на министерство за здравство, чија цел е оценка, советување, организација и следење на третманите на секој пациент. Тоа е основа за натамошна грижа прилагодена на потребите на секој од нив. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Вадко Грозданов – додаде министерот во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијано Роналдо казнет со 255 евра!

Фудбалската федерација на Португалија покрена дисциплинска постапка против Кристијано Роналдо, а тој е и парично казнет поради својот испад. 

Кристијано Роналдо казнет со 255 евра!

Од федерацијата соопштија дека Роналдо е суспендиран од националниот тим во траење од 30 дена, како и дека е должен да плати 255 евра. Да, добро прочитавте – 255 евра, а не 255 илјади евра.

Роналдо, всушност, призна дека ја заслужил казната, но нема сомнеж дека таа е далеку под очекувањата со оглед на инцидентот што го предизвика.

Роналдо дебитираше за Португалија во 2003 година, а досега има одиграно 234 натпревари и постигнато 146 голови. Со националниот тим, тој го освои Европското првенство во 2016 година, како и трофеите во Лигата на нации во 2019 и 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина, можна е средба со Путин и Си Џинпинг

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот лидер дека не сака да ја заврши војната. Тој истакна дека Украина, во просек, губи од 25.000 до 35.000 војници секој месец.

Трамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина, можна е средба со Путин и Си Џинпинг

Москва не гледа можност за завршување на војната без учество на „некој претставник од Киев“ кој е подготвен да „преземе одговорност“, соопштија од Кремљ.

Украинскиот преговарачки тим добил сигнал од американската страна за подготвеност за одржување средба, а разговорите би можеле да се одржат во вторник или среда, изјави претседателот Володимир Зеленски.

Во меѓувреме, американскиот претседател повторно го обвини Зеленски дека не сака да ја заврши војната и дека не прави многу за да помогне. Тој сугерираше дека можеби е време некој друг да преговара во име на Украина.

„Овој конфликт можеше да биде решен уште одамна. Да ме беше послушал – се сеќавате ли како беше во Овалната соба? Ова можеше да се реши уште пред многу време. Време е некој друг да преговара во име на Украина. Можеби е време Украина да номинира некој друг, а не Зеленски, за мировните преговори“, им рече Трамп на новинарите пред Белата куќа.

Според Трамп, Русија се однесувала соодветно кон Украина: „Искрено кажано, Русија се однесуваше сосема нормално кон Украина. Не направија ништо што би било надвор од вообичаеното“.

Тој најави дека е отворен за разгледување на можноста за трилатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг. „Би разговарале за нуклеарното оружје и нуклеарното разоружување. Ако претседателот Си сака да се одржи средбата, јас би учествувал“, рече Трамп.

Папата Лав XIV го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да соработува со цел да се овозможи достава на хуманитарна помош и евакуација на цивили од Олешки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер