Студентите бараат санација на инфраструктурните проблеми во студентските домови - Канал 5

Студентите бараат санација на инфраструктурните проблеми во студентските домови

Нефункционални лифтови и немањето топла вода се најчестите проблеми со кои се соочуваат студентите кои живеат во студентските домови во Скопје. 

Студентите бараат санација на инфраструктурните проблеми во студентските домови

Од Универзитетското студентско собрание при УКИМ велат дека кон министерството за образование е испратено барање за итно решавање на проблемите за нивно полесно движење и функционирање, посебно за лицата со намалена подвижност.

-Во студентскиот дом Пелагонија најчесто жалбите се во врска со топлата вода, односно бојлерите и трансферот на истата, како и лифтовите. Лифтовите исто така се проблем и во Гоце Делчев студентскиот дом. Тие се најголемите проблеми кои студентите апелираат да се средат и затоа ние апелиравме, како до МОН, така и до студентските домови пред почетокот на следната академска година да пробаат да ги санираат овие проблеми.- Адела Асани

Во склоп на Државен Студентски Дом „Скопје“ се домовите Стив Наумов, Кузман Јосифовски Питу и студентскиот дом Гоце Делчев кој во моментов е единствен во функција. Директорот Александар Каровски за Канал 5 рече дека во моментот во студентскиот дом Гоце Делчев во функција се шест од осум лифтови и дека се работи на поправка на останатите два кои ќе бидат ставени во функција до крајот на месецов. Во однос на топлата вода, рече дека се работи за поголем дефект и дека до крајот на неделата ќе биде решен истиот. Каровски вели дека останатите два дома кои се реновираат би требало да започнат со прием на студенти од септември 2026 година.

Директорката на студентскиот дом Пелагонија, Адријана Даци, пак, вели дека е саниран проблемот со топлата вода и дека три од четирите лифта во домот се во функција.

-Претходно имаше проблеми со топла вода. Сменивме, ставивме нова пумпа за топла вода. Сега моментално и овие денови и ќе има, и има, со сигурност ви потврдувам дека има и топла вода, и лифтовите и во женска, и во машка зграда се во функција.

-Една зграда, машка зграда има два лифта, женска зграда има еден лифт.

-Во женска зграда тој е единствениот лифт и е во функција.

Во Скопје има вкупно пет студентски домови, од кои во моментот се функционални само Гоце Делчев, Пелагонија и Томе Стефановски Сениќ. Според министерката за образование, Весна Јаневска, домовите Кузман Јосифовски Питу и Стив Наумов кои се реновираат се очекува да започнат со работа од јануари 2026 година, а сите пет дома имаат вкупен капацитет од 4.639 легла.

YouTube video

Ковачки: Целта на Бугарија е бришење на јазикот и удирање на идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволуваше истото

Вчера на површина излегоа сите лаги на СДС и на Бугарија. Сите тези дека само да влезат Бугари во Устав и влегуваме во ЕУ се покажаа како целосна невистина.

Ковачки: Целта на Бугарија е бришење на јазикот и удирање на идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволуваше истото

Гласањето во ЕП за бришење на термините македонски јазик и идентитет од Извештајот за напредокот на Македонија, покажа дека Бугарија нема намера да застане кај внесувањето на Бугарите во Уставот. Всушност, тоа е само изговор за се друго.

Целта не била Бугари во Устав туку бришење на јазикот и удирање по идентитетот. Бугарија е разоткриена.

Вчера пропаднаа и сите лаги на СДС, чии политики не донесоа до ова дереџе, и кои кога подававме рака за соработка и заедничка национална стратегија не прифатија, туку тераа по свое, продавајќи се што може.

И сега, кога го избришаа Македонскиот јазик и идентитет од Извештајот на ЕП, СДС не чекаа ниту минута, и тргнаа да се ситат.

Се е на виделина, веќе нема ништо сокриено. Политиките на Заев и Филипче на ,, еден народ, две држави" и ,,Делчев е Бугарин" сега го земаа својот данок.

Жално е што тоа што ние го говоревме, а за жал се случи вчера, го знаеја и во СДС и свесно првин потпишаа штетен договор, а потоа и со сите сили сакаа да ја обезличат нацијата ставајќи ја во процес кој требаше да заврши со целосна негација на Македонскиот јазик и идентитет.

ВМРО-ДПМНЕ во таа игра не влезе, и нема да влезе. Само противењето на ВМРО-ДПМНЕ од сам почеток уште кога СДС го потпишуваше договорот ја спаси државата од целосен срам и бришење на идентитетот.

Воедно ќе остане запишано и за векови запаметено дека европскиот извештај со македонски идентитет и македонски јазик помина на АФЕТ, на Комитетот за надворешна политика при Европскиот парламент и пред да се донесе срамниот амандман, се најде на масата на сите европратеници коишто гласаа во рамките на Европскиот парламент.

Почитувана македонска јавност,

Вистинските цели на Бугарија од вчера се на чисто, тие сакаат бришење на Македонскиот јазик и идентитет, бришење на историјата и бришење на вистината.

Трагично е што за своите шовинистички политики се обидуваат да ја користат ЕУ.

Пораката од ВМРО-ДПМНЕ е јасна, ние нема да дозволиме ново предавство и нема да отстапиме од заветот на ВМРО.

YouTube video

Прес-конференција на Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Европратениците ја отфрлија иницијативата за недоверба на Европската комисија

 Европскиот парламент на денешното продолжение на овонеделната сесија во Стразбур со големо мнозинство го одби предлогот на романскиот европратеник Георге Пипереа за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен. 

Европратениците ја отфрлија иницијативата за недоверба на Европската комисија

„За“ прифаќање на иницијативата гласаа 175 европратеници, 360 беа „против“, а 18 се воздржаа од гласање.

За да биде прифатена иницијативата требаше да биде поддржана од најмалку две третини од европратениците што учествуваа во гласањето, при што нивниот број требаше да биде поголем од половина од вкупниот број членови на Европскиот парламент.

Дебатата по иницијативата се одржа во понеделникот, при која Пипереа ја обвини Европската комисија за недостиг на транспарентност, непочитување на правдата, избегнување на дебати и за заобиколување на одлуките на Европскиот парламент.

- Во последните шест години Комисијата на злоупотребувачки начин им ги одзеде овластувањата на земјите членки и го игнорираше Европскиот парламент во неговите главни одлуки. Недемократската концентрација на моќ во рацете на претседателката на Европската комисија е спротивна на принципите на контрола и рамнотежа. Процесот на донесување одлуки стана нетранспарентен и дискреционен, што предизвикува страв од злоупотреби и корупција, изјави Пипера.

Според него, политиките на Евромисијата резултирале со пропаѓање на мали компании, ризици по суверенитетот на државите и со фрагментацијата на заедничкиот пазар, зголемувајќи ги разликите меѓу земјите членки на ЕУ, а сиромаштијата и регресот во образованието станале нормалност.

Во обраќањето на дебатата во понеделникот Фон дер Лајен ги отфрли обвинувањата на Пипереа, оценувајќи дека иницијативата претставува груб обид за внесување раздор меѓу институциите на ЕУ и меѓу проевропските и продемократските сили во Европскиот парламент. Фон дер Лајен нагласи дека Европската комисија секогаш ќе биде подготвена да соработува со европратениците од проевропските и продемократски сили во Европарламентот за изнаоѓање заеднички решенија, бидејќи, како што рече, духот на компромис е суштина на демократијата.

- Но, не треба да имаме илузии за заканите со кои се соочува нашата демократија. Влеговме во ера на борба помеѓу демократијата и нелиберализмот. Ја гледаме алармантната закана од екстремистичките партии кои сакаат да ги поларизираат нашите општества со дезинформации. Нема докази дека тие имаат какви било одговори, но има доволно докази дека многумина се поддржани од нашите непријатели и од нивните марионети во Русија или на друго место. Ова се движења поттикнати од заговори, од антиваксери, па до апологети на Путин, рече Фон дер Лајен.

Инаку, Фон дер Лајен не присуствуваше на денешното гласање, бидејќи учествува на Конференција за поддршка на Украина во Рим.

Фон дер Лајен отпатува за Рим синоќа, откако постигна договор со лидерите на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) за одвојување на вреди околу 150 милијарди евра во следната Повеќегодишна буџетска рамка на ЕУ, наменети за стручно усовршување на работниците и за мерки за социјална инклузија.

Постигнувањето договор беше значајно за Фон дер Лајен, затоа што СД се закани дека ако не бидат прифатени овие барања, нејзините пратеници ќе се воздржат од гласање при изјаснувањето по иницијативата на Пипереа.

Иако, воздржувањето на социјалдемократите од гласање немаше да доведе до прифаќање на иницијативата, сепак тоа ќе манифестираше слаба поддршка за Еврокомисијата од партиите на центарот и пад на влијанието на Фон дер Лајен во Европарламентот.

Французинот Одифред нов ракометар на Еурофарм Пелистер 2

Повратникот во македонската ракометна Суперлига, Еурофарм Пелистер 2 ги засили своите редови за новата прволигашка сезона со францускиот десен бек Баптист Одифред.

Французинот Одифред нов ракометар на Еурофарм Пелистер 2

„Дваесетишестгодишниот Одифред, висок 199 сантиметри, е одличен и ракометар со важна улога и во играта во одбрана“, соопшти битолскиот клуб.

Одифред доаѓа во Еурофарм Пелистер 2 со драгоцено меѓународно искуство од настапите Диферданж од Луксембург и јапонски Даидо Стил, откако претходно во Франција настапуваше за Дижон и Безансон.

Одифред потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер 2 и ќе му се приклучи на тимот на крајот на овој месец на почетокот на подготовките за новата сезона.

притисни ентер