Уапсени се 17 возачи: Десетмина немале возачка, петмина возеле пијани- еден дури со 3,35 промили алкохол во крвта
2Уапсени се 17 возачи: Десетмина немале возачка, петмина возеле пијани- еден дури со 3,35 промили алкохол во крвта
МакедонијаСтуденти од Турција на средба со претставници од СВР-Штип за навремено добивање дозволи за престојПретставници од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и студенти од Турција денеска имаат средба со преставници од Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип со цел полесно и побрзо да добијат дозволи за престој во државата.Професорот на Филолошкиот факултет при УГД-Штип, Махмут Челик, рече дека средбата се организира со цел да не се создава гужва пред полициска станица и турските студенти полесно и побрзо да ги добиваат потребните документи за престој во државата и за студирање на УГД Штип. Во изминатиот период пред СВР Штип студентите се соочуваа со проблем да чекаат во редици за документи. -До пред две до три години немавме никаков проблем со престојот. Студентите редовно за кратко време добивале дозволи за престој. Но, за жал, од лани има проблеми, на пример со студенти кои задоцниле со престојот и не успеале да добијат престој па биле и депортирани, изјави Челик. Околу 500 студенти од Турција студираат на УГД-Штип, но дел од нив не успеале да ги положат сите испити, а околу 40 турски студенти се депортирани бидејќи навреме немале извадено документи за престој во државава. -Има некаде околу 500 студенти, активни студенти, но некои кои не успеале да ги полагаат потребните испити се откажаа. Некои од нив биле и депортирани и очекуваме тие студенти да се вратат назад на УГД- Штип, изјави Челик. Целта на ваквите средби е да им се помогне на странските студенти навремено да добијат дозволи за престој, како и да ги решат проблемите со иднексот.Тагови: Штип Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаШтрајк на 400.000 работници во Германија- бараат поголеми плати Повеќе од 400.000 работници во автомобилската, машинската и електроиндустријата во Германија излегоа на улиците и организираа предупредувачки штрајкови откако пропаднаа неколку рунди преговори за плати, објави синдикатот IG Metall.Според AFP, податоците на синдикатот покажуваат дека околу 413.000 работници учествувале во штрајкови од минатиот викенд до петок, пренесе Кликс. Првите собири пред фабричките порти започнаа во недела, 1 ноември, на полноќ, кога истекоа претходните договори за плати. Со нивното истекување, заврши и законската обврска на синдикатите да се воздржат од штрајкови. Штрајкови во повеќе од 2.000 компании Синдикатот IG Metall најави предупредувачки штрајкови во повеќе од 2.000 компании низ Германија само за оваа недела. Барањата на синдикатот се фокусирани на: • Зголемување на платите за седум проценти, со дополнителни подобрувања за работниците со најниски приходи. • Зачувување на постојните работни места и локации за производство. • Учество на вработените во распределбата на профитот на компанијата. Од друга страна, за време на втората рунда преговори, работодавците презентираа понуда за трајно зголемување на платите од 1,3 проценти, со имплементација дури од јули 2028 година. Синдикатот го окарактеризираше таквиот предлог како провокација која, како што наведуваат, всушност би им донела на работниците вистински пад на приходите. „Работниците се борат за иднината на своите семејства и своите работни места. Тие очекуваат значително зголемување на куповната моќ и поконкретно преземање на обврските и инвестициите на работодавците“, рече главниот преговарач на IG Metall, Надин Богуславски. Богуславски додаде дека синдикатите излегле со фер и флексибилна понуда и дека во овој момент потегот зависи од работодавците. Преговорите меѓу двете страни ќе продолжат следната недела. Синдикатот предупредува дека штрајковите ќе траат значително подолго доколку работодавците не одговорат на барањата. Во овие преговори директно се вклучени повеќе од 3,7 милиони работници вработени во еден од клучните сектори на германската економија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаУапсени се 17 возачи: Десетмина немале возачка, петмина возеле пијани- еден дури со 3,35 промили алкохол во крвта 17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило.Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишиле од слобода 17 лица додека со едно лице е извршен службен разговор, поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Десет лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Е.С.(34), Р.Ш.(18), Б.К.(19), кој управувал мотоцикл, Б.А.(49) и П.И.(29), сите од Скопје, А.А.(37) од Гостивар, Д.Л.(34) од Прилеп и Е.В.(53) од Струга. Во Виница, 14-годишен малолетник, пред да се стекне со право на управување со моторно возило, изгубил контрола над мопедот и паднал. Исто така, службен разговор бил извршен со Е.Е.(19) од Велес, кој учествувал во сообраќајна незгода со мотоцикл без регистарски ознаки и две други возила, а претходно не се стекнал со право на управување со моторно возило. Пет лица управувале возило под дејство на алкохол. Кај К.К. биле измерени 3,35 промили алкохол во крвта, кај И.А.(52) од Куманово 2,17 промили, кај Н.Ѓ.(33) од Куманово 1,55 промили, кај С.Ј.(34) од Битола 1,60 промили, а кај Х.П.(28) од Охрид 1,68 промили алкохол во крвта. Две лица управувале возило и покрај активна забрана за управување со моторно возило. Станува збор за А.Ш.(39) од село Обедник, демирхисарско, и Р.Л.(55) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода управувајќи патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки. Г.Р.(53) од село Мусинци, општина Могила, управувал возило без положен возачки испит и под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на активна забрана за управување. Особено апелираме до родителите да не им дозволуваат на малолетни лица да управуваат моторни возила пред да се стекнат со законско право за тоа. Одговорното однесување во сообраќајот е од суштинско значење за спречување на сообраќајни незгоди и заштита на човечките животи, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаУапсен е охриѓанец- во неговиот дом се пронајдени дрога и пари Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдена дрога и пари.На 07.11.2026 година, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(49) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три опаковки со бела прашкаста материја и пари. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter