Студенти од ФЛУ направија конзерваторско-реставраторски третмани врз две дела од Никола Мартиноски - Канал 5

Студенти од ФЛУ направија конзерваторско-реставраторски третмани врз две дела од Никола Мартиноски

Фалкултетот за ликовни уметности при Скопскиот универзитет соопшти дека во рамки на работилница нивни студенти направиле конзерваторско-реставраторски третмани врз две дела од Никола  Мартиноски.

Студенти од ФЛУ направија конзерваторско-реставраторски третмани врз две дела од Никола  Мартиноски

Студентите кои го имаат одбрано предметот Заштита и реставрација на Катедрата за сликарство и трансмедиумски практики на ФЛУ, под менторство на доц. м-р Марија Сотировска-Богдановска и насловен доц. м-р Маријета Сидовски, работеле на сликата од циклусот „Девојчиња“ (масло на лесонит, 52 × 70 см) и „Мртва природа - риби“ (масло на платно, 64,4 × 47 см) кои се во сопственост на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Покрај интервенции на сликите, биле исчистени, коригирани и визуелно усогласени нивните рамки.

Активностите биле реализирани на работилницата по конзервација и реставрација „Методи на чистење на уметнички дела на водена база (примена на водени пуфери и растворувачи на водена база)“, финансирана од ИКСССА 2025.

ФЛУ во соопштение наведува дека работилницата претставува значаен придонес кон развивањето на професионалните компетенции на студентите, како идни конзерватори и реставратори, обезбедувајќи им практично искуство во реални услови, со автентични уметнички дела и со примена на современи методологии.

-Сликата „Девојчиња“ беше затекната со стара интервенција и локални оштетувања, залепен акрилен лак за стаклото, подглобочувања и пожолтен заштитен слој. Сликата „Мртва природа - риби“ имаше наслаги од прашина и чад, вдлабнатини на платното и ситни оштетувања ... Овие ативности ја нагласуваат потребата од создавање подобри услови и континуирана поддршка за систематска грижа, истражување и долгорочно зачувување на уметничките дела како дел од нашето културно наследство, соопшти ФЛУ-Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче?

Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче?

Петрушевски: Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче?

Аферата со Богоев не е обична афера од 2.000 евра мито. Тоа е трагата која носи до многу поголем криминал.

Детето на Заев, несудениот негов наследник, Стефан Богоев заедно со Џемо од Прилеп ги искористиле своите влијанија и раководни позиции и си наместиле тендер од 18 милиони денари.

Јавноста преку медиумите дозна дека Богац бил подмитен со 2.000 евра од Џемо, а ние од свиркачи дознаваме дека тоа биле првите од илјадниците што требал да ги инкасира пуленот на СДС.

Го повикуваме ЈО да истражи дали е точна информацијата дека Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари или во превод 1,8 милиони денари?

Почитувани,

Богоев беше поставен од СДС. Џемо е човек од СДС. Тендерот е во државна институција. Затоа никој не смее да глуми дека ова е личен инцидент.

Ова е партиска шема, создадена од матрицата на СДС.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серија силни земјотреси во Грција: Граѓаните во паника

Серија силни земјотреси во Грција: Четири земјотреси за само четири минути- Граѓаните во паника.

Серија силни земјотреси во Грција: Граѓаните во паника

Четири земјотреси, за само четири минути, ја погодија Грција, во близина на Халкида. Најсилниот земјотрес имаше магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала.

Првиот земјотрес бил во близина на Мантуди.

Иако првичните информации беа дека бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, EMSC подоцна објави дека бил со јачина од 4,8. За неколку минути, следеа уште потреси. Како што објави EMSC, земјотресите биле со јачина од 4,3 степени, а потоа со јачина од 5,2 и 5,0.

Како резултат на земјотресот е предизвикана материјална штета. Нема повредени, а противпожарните служби вршат патроли во поширокото подрачје и отстрануваат камења од патиштата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање на 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава-твоја шанса“, се осврна на европската интеграција за Македонија 

Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање на 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава-твоја шанса“, се осврна на европската интеграција за Македонија посочувајќи дека тоа не претставува само политички процес, туку директен пат кон подобар живот за граѓаните и воспоставување на владеење на правото.

„Европа за граѓаните не значи апстрактен збор во дипломатски извештај. Европа значи поквалитетен и полесен живот. Значи помалку малтретирање и администрација при патувања, поквалитетно образование, сигурност во работата, подобро здравство, повисоки плати. Значи повеќе средства за инфраструктура, железница, енергетска трансформација, чист воздух и локален развој. Значи правила што не дозволуваат министер, директор или партиски шеф да биде над законот. Значи пофер пазар за македонските компании. Значи шанса младите да ја гледаат иднината тука, а не само во аеродромските терминали. Значи владеење на правото, подобри јавни услуги, поголема заштита на работничките и потрошувачките права и посилен отпор кон криминалните и коруптивни мрежи. Европските и прогресивните партнери деновиве јасно порачаа и уште нешто важно: реформите не се прават затоа што така бара Брисел, туку затоа што тие им го подобруваат животот на нашите граѓани и го прават општеството поправедно,“ потенцираше претседателот на СДСМ, проф д-р Филипче.

Филипче: Корупцијата цвета а власта го употребува обвинителство за реваншизам

Корупцијата цвета а власта го употребува обвинителство за реваншизам, нагласипретседателот претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава – твоја шанса“. Филипче посочи дека во правосудството нема напредок, а власта се обидува да воспостави целосна контрола на овој клучен дел од системот.

„Во правосудството нема напредок, напротив власта се обидува да воспостави целосна контрола на овој клучен дел од системот. Не само што не постои борба против коруцијата, туку додека корупцијата цвета, власта го користи обвинителството за реваншизам и напади на опозицијата. Медиумите се во многу загрижувачка состојба, опаѓа слободата на печатот, се зголемува контролата од партиите на власт. Демократијата замира во оваа наша земја“, рече Филипче.

Тој додаде зад пораките на власта за стабилност се крие сосема поинаква реалност, во која граѓаните се соочуваат со економски притисоци, институционален застој и чувство на несигурност.

„Тоа е вистинската слика на владеењето денес. Скапотија за граѓаните, самоувереност на власта, празен ПР, застој во институциите, контрола на медиумите и конфузија во стратешките прашања. Власт што зборува за стабилност, а произведува несигурност. Власт што се повикува на достоинство, а всушност ја нуди беспомошноста како државна стратегија. Власт што сака да изгледа голема на фотографија, а секојдневно станува мала пред проблемите на луѓето“, рече Филипче.

Она што е опасно како што кажа Филипче е што целата слабост, неуспех и неспособност се прикрива со националистичка реторика.

„Зашто најлесно е неуспехот да се покрие со врева. Најлесно е тешката реалност да се оттурне со наметнато чувство дека секоја критика е предавство, дека секој разумен предлог е слабост, дека секој повик за храбрa одлука е понижување. Но, држава не се води со инает. Држава се води со визија. Држава не се брани со изговори. Држава се брани со резултати“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

YouTube video

Скопје, 07.06.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер