ДОМ: Наместо правна сигурност и засилени еколошки стандарди, граѓаните повторно добија институционална конфузија и закана по животната средина околу Иловица
1ДОМ: Наместо правна сигурност и засилени еколошки стандарди, граѓаните повторно добија институционална конфузија и закана по животната средина околу Иловица
3Финансиската полиција поднесе кривична пријава: Се стекнале со противправна имотна корист од 50 милиони денари
Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
1Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
БалканСтуденти ги блокираа автобусите со поддржувачи на Вучиќ, полицијата насилно ги отстрани (ВИДЕО)Со развиорување на државното знаме долго 200 метри и широко 10 метри долж двете централни улици на Белград, вчера започна тридневниот „народен митинг“ наречен „Србија нема да ја дадеме“.Со развиорување на државното знаме долго 200 метри и широко 10 метри долж двете централни улици на Белград, вчера започна тридневниот „народен митинг“ наречен „Србија нема да ја дадеме“, на кој српскиот претседател Александар Вучиќ ги покани своите приврзаници по повод основањето на Движењето за народот и државата. Централната манифестација ќе се одржи денеска од 19 часот, а бината е поставена на платото пред српскиот парламент каде се очекуваат десетици илјади приврзаници на Вучиќ, објави Индекс. Во текот на денот студентите ги блокираа автобусите со поддржувачите на Вучиќ, кои доаѓаат од Нови Пазар, а полицијата насилно ги отстрани. Тагови: Вучиќ студенти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
МакедонијаДОМ: Наместо правна сигурност и засилени еколошки стандарди, граѓаните повторно добија институционална конфузија и закана по животната средина околу ИловицаДемократска обнова на Македонија (ДОМ) изразува сериозна загриженост за најновата пресуда на Вишиот управен суд со која се поништува одлуката на Владата за престанок на важењето на одлуката за спојување на концесиите за рудникот Иловица.Ова е само уште една потврда за длабоката институционална недоследност и правната нестабилност во управувањето со минералните суровини во државата кој укажува на потенцијално менување на одлуките во корист на компанијата „Еуромакс Рисорсис“. Како што е јасно наведено во образложението на Судот, претходната владина одлука за раскинување на концесиите паднала на суд бидејќи била донесена со клучни процедурални пропусти. Институциите во актот не навеле соодветни правни елементи, не понудиле формално образложение и користеле термини што не се предвидени во Законот за општата управна постапка. За ДОМ се недозволиви ваквите пропусти од страна на Владата која иако со пресудата е упатена повторно да одлучува и да ја исправи процедуралната грешка, свесно ги пропушта законските рокови за реакција. Со ваквата пасивност таа директно му овозможува на концесионерот да го добие судскиот спор. Потсетуваме дека ДОМ во периодот 2017-2019 година активно учествуваше во унапредување на законската рамка за минерални суровини преку конкретни иницијативи и конкретни законски измени со кои се: заоструваат условите за доделување и користење на концесии за експлоатација; ограничува можноста за злоупотреби преку поврзани и зависни правни субјекти; зајакнува заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните како приоритет над економскиот интерес; воведува повисоко ниво на институционална одговорност во процесот на одлучување; отвора простор за поголема транспарентност и јавен надзор врз концесиските постапки; Овие законски измени беа насочени кон: · заштита на животната средина; заштита на здравјето на луѓето во рударски региони; спречување на употреба на опасни технологии; гледање на екосистемот како „една целина“ (не локален ризик); Ова беше првпат во македонската законска регулатива во областа на минералните суровини заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните да бидат толку јасно и експлицитно вградени како клучни принципи при одлучувањето за концесии. Најостро се спротивставуваме на новите законски измени чија цел е олеснување на експропријацијата на земјиштето за потребите на приватни концесионери, како и интензивната секојдневна пропаганда за отворање на рудникот. Ги повикуваме сите политички чинители да се вратат на ветувањата што им ги дадоа на граѓаните во 2023 и 2024 година дека рудник во Иловица нема да има. Наместо административни импровизации кои оставаат простор за профитерски тужби, Владата мора итно да постапи по укажувањата на Судот и во повторна постапка да донесе правно издржана одлука за заштита на Струмичката котлина. Ставот на ДОМ останува непроменет: компромис со здравјето и со чистата животна средина на сметка на граѓаните не смее да има во ниту еден случај. Рудник во Иловица не смее да се гради! ДОМ Тагови: ДОМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
МакедонијаМинчев и Пауновиќ разговараа за нови чекори во спроведувањето на Меморандумот за соработкаЗаедничката работна група бележи значителен напредок.Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на јавната администрација, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија, Снежана Пауновиќ. На средбата беше потврден заедничкиот интерес за натамошно продлабочување на институционалната соработка и размена на искуства во областите од заемен интерес, особено во делот на професионалниот развој на административните службеници. „Заедничката работна група, формирана со цел координација и реализација на активностите од Меморандумот, активно работи и бележи значителен напредок во повеќе области од заемен интерес. Резултатите што досега се постигнати претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на соработката“ истакна министерот Минчев. Посебно внимание беше посветено на унапредувањето на системот за обуки и градењето професионална, ефикасна и современа администрација. Во таа насока беше нагласено значењето на искуствата и добрите практики на Националната академија за јавна администрација на Република Србија, која претставува препознатлив пример во регионот за систематски пристап кон континуираниот професионален развој на јавните службеници. Во фокусот на разговорите беше и дигиталната трансформација на процесот на учење и обука. Беше разгледан напредокот во размената на искуства поврзани со системите за управување со учење (LMS), развојот на електронски модули и воведувањето современи дигитални решенија кои ќе обезбедат поголема достапност, ефикасност и квалитет на обуките во јавниот сектор. Средбата уште еднаш ја потврди посветеноста на двете министерства кон практична и плодна соработка, која преку конкретни активности придонесува за јакнење на институционалните капацитети и за унапредување на квалитетот на јавните услуги во интерес на граѓаните на двете земји. Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаТагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФинансиската полиција поднесе кривична пријава: Се стекнале со противправна имотна корист од 50 милиони денариПријавените лица, во својство на надзорни инженери, постапувајќи спротивно на законските одредби, ги пречекориле границите на своите службени овластувања.Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави против пет физички лица: Б.Г., Г.Ф. во својство на надзорни инженери, и Е.Н., М.Г. и Н.М., сопственици и управители на две правни лица, како и против самите правни лица, за сторени кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 од КЗ на РМ, „Фалсификување или уништување на деловни книги“ од чл. 280 од КЗ на РМ, „Измама на штета на средствата на Европската Унија – во обид“ од чл. 249-а од КЗ на РМ и „Употреба на исправа со невистинита содржина“ од чл. 380 од КЗ на РМ. Пријавените лица, во својство на надзорни инженери, постапувајќи спротивно на законските одредби, ги пречекориле границите на своите службени овластувања, извршиле технички преглед на објекти и изготвиле завршни извештаи со невистинита содржина, спротивно на член 33 и член 90 став 3 од Законот за градење, со што им овозможиле на правните лица да ги впишат недовршените објекти во Агенцијата за катастар на недвижности и да се стекнат со противправна имотна корист. Сопствениците и управителите на правните лица, иако биле свесни дека објектите не се завршени и не ги исполнуваат законските услови за ставање во употреба, ги употребиле завршните извештаи со невистинита содржина како основ за упис на објектите во јавните книги на Агенцијата за катастар на недвижности, со цел да создадат привидно исполнување на условите за користење и да овозможат исплата на одобрената финансиска поддршка од Програмата за рурален развој во рамки на Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија (ИПА 3 – ИПАРД 2021–2027) и да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 50.141.528 денари. Управа за финансиска полицијаТагови: финансиска полиција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41