СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите - врз кои параметри е одобрена употреба на техничка вода во Гостивар?
Преживеан босански планинар од Елбрус, каде му загинаа петмина пријатели: Не бевме неподготвени, прогнозата беше погрешна (ВИДЕО)
1СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите - врз кои параметри е одобрена употреба на техничка вода во Гостивар?
2Преживеан босански планинар од Елбрус, каде му загинаа петмина пријатели: Не бевме неподготвени, прогнозата беше погрешна (ВИДЕО)
3ВМРО-ДПМНЕ: За случувањата во Гостивар СДС правилно да ја лоцира одговорноста и да побара оставка и кривична одговорност од Лимани
МакедонијаСтудено време со врнежи од дожд и снегДенеска попладне и во текот на ноќта, во западните, а утре во источните делови ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 л/м2), соопшти УХМР.Во сабота ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе има брз продор на студена воздушна маса од север и ќе има врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува засилен северен ветер, температурите значително ќе опаднат и врнежи од снег се очекуваат и во некои од пониските места. Во понеделник наместа ќе има провејување на слаб снег, а утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни. Потоа следува период на стабилно и постудено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула. Во Скопје, попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни (10 - 15 л/м2). Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремен дожд. Во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, а во недела ќе биде претежно облачно, ветровито и студено со повремени врнежи од дожд. Во вечерните часови во повисоките делови од котлината ќе има услови за повремен слаб снег.Тагови: УХМР пороен дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаСДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите - врз кои параметри е одобрена употреба на техничка вода во Гостивар?Наместо минисерот за здравство, денеска Панче Тошковски - министерот за хиперхлорирање, најави техничка вода во Гостивар.Но, резултати и анализи за водата не се објавени, Тошковски се повикува на „потврда од експерти“. Техничката вода се користи за миење улици, наводнување паркови, противпожарни системи и за испирање тоалети. За туширање и лична хигиена тоа зависи исклучиво од микробиолошките наоди. Врз основа на тие наоди здравствените власти може да препорачаат таа вода дали може или не може да се користи, особено кај деца, постари лица и други ранливи категории граѓани. Одговори треба да дадат надлежните здравствени институции а не министерот за полиција. Прашањето е следното: Врз основа на кои параметри од анализите заклучија дека водата може да се користи како техничка? И дали граѓаните можат безбедно да ја користат за лична хигиена? Второ: За ова не може да зборува инженер од животна средина или раководител на сектор за санитарна контрола од Водовод Скопје. Институтот за јавно здравје и Марија Андоновска треба да излезат и јасно да објаснат за што точно смее да се користи оваа „техничка“ вода. Кој стои зад оваа одлука? Нека Тошковски и владата на Мицкоски го објават официјалниот документ со анализите на водата. Кој го потпишал? Кој институт? Објавете го официјалниот документ. Граѓаните имаат право да знаат, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
БалканПреживеан босански планинар од Елбрус, каде му загинаа петмина пријатели: Не бевме неподготвени, прогнозата беше погрешна (ВИДЕО)Харис Адиловиќ, еден од двајцата преживеани алпинисти од босанско-херцеговската експедиција на Елбрус, ги опиша околностите на трагедијата во која животот го загубија петмина негови колеги. Во интервју за руските медиуми, тој тврдеше дека несреќата се должи на неточна временска прогноза, а не на недостаток на подготовка. Неточна прогноза Адиловиќ за рускиот медиум Известија изјави дека тимот бил добро обучен, но временските услови се покажале потешки од очекуваното. Тој рече дека проблемите започнале уште од самиот почеток на искачувањето. Групата немала водич, а веќе во почетната фаза еден од учесниците почнал лошо да се замрзнува, па водечкиот тим морал да се врати назад. „Другиот тим продолжил да се искачува, но по околу 100-150 метри и ние решивме да се откажеме од искачувањето. Кога ги обезбедивме јажињата на дел од рутата и се искачивме повисоко, видовме дека ситуацијата на врвот е уште полоша. Решивме да се вратиме“, се присети тој. Искуството не беше спорно Тој нагласи дека сите членови на тимот се искусни и добро се познаваат. Објасни дека во Босна и Херцеговина, алпинистите тренираат речиси секој викенд бидејќи планините се блиску до нив. „Значи, не стануваше збор за недостаток на подготовка. Алпинистите неколку дена пред искачувањето Мислам дека главната причина беше неточната временска прогноза“, рече Адиловиќ. Пет алпинисти од Зеница загинаа во трагедијата на Елбрус: Мелиха Чаушевиќ, Алма Окановиќ, Денис Окановиќ, Алмир Кривдиќ и Нермин Талам. Еден од преживеаните се симнал од планината сам и побарал помош, додека другиот подоцна бил пронајден од спасувачите. Руските спасувачки служби сè уште спроведуваат сложена операција за извлекување на телата, а нивната работа е отежната од снежна бура, силни ветрови и екстремно ниски температури.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: За случувањата во Гостивар СДС правилно да ја лоцира одговорноста и да побара оставка и кривична одговорност од ЛиманиНе не чудат лицемерието и двојните аршини на СДС, кои со настаните во Гостивар повторно излегоа на површина.СДС недела дена креира хаос во јавниот медиумски простор, со цел креирање заблуда кај граѓаните за надлежностите и вистинските одговорни лица за загадената вода во општина Гостивар. Водоводните системи и контролата на квалитет на водата за пиење е под надлежност на локалната власт и тоа СДС многу добро го знаат. Затоа ги прашуваме, како на СДС до сега не им текна да бараат оставка и кривична одговорност за случувањата во Гостивар од градоначалникот Валбон Лимани, како најповикан и најодговорен за целата ситуација. Или пак, двојните аршини повторно стапија на сила кога се работи за нивни кадри, лица блиски до СДС или пак поддржани лично од претседателот на партијата, Венко Филипче. Затоа што, Филипче на последните локални избори силно го поддржаа и ги повика, и така малку останати членови и симпатизери, на СДС да го поддржат Лимани, за на тој начин да станат дел од локалната власт. Или сега дојде тешкото, па СДС се прават како да имаат амнезија. Ако сакаат СДС да повикаат на одговорност за Гостивар, ги упатуваме одговорноста да ја лоцираат онаму каде што се наоѓа, а тоа е во нивните редови и во луѓето кои силно ги поддржаа, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter