Владејачката руска партија ,,Обединета Русија “ наиде на неочекувано слаби резултати на регионалните избори. И покрај тоа што победи , резултатите не се според очекувањата , а главен виновник е реформата во пензискиот систем со зголемување на старосната граница за одење во пензија за пет години .
Четворица кандидати на оваа партија ќе треба да одат во втор круг , двајца завршија на второ место зад комунистите и националистите и двајца кандидати на оваа партија опсвоија прво место , но не добија над 50 проценти од гласовите.
За време на изборите , што се одржаа викендов,низ Русија имаше голем број протести на кои демонстрантите се противеа на воведувањето пензија од 60 на 65 години за мажи и од 55 на 60 годиниз а жени .
Полицијата уапси над 1 000 демонстранти , наведуваат од организацијатаз а човекови права.