Стружанка победник на завршниот ракометен турнир за кадетки - Канал 5

Стружанка победник на завршниот ракометен турнир за кадетки

Женскиот ракометен клуб Стружанка е победник на финалниот турнир во кадетската лига на Македонија, откако во финалето синоќа ја победија екипата на Ѓорче Петров со 28:24.

Стружанка победник на завршниот ракометен турнир за кадетки

Завршниот турнир за најдобрите четири екипи се одигра во спортската сала ,,Методи Митевски - Брицо" во Делчево, а на него учествуваа и екипите на ЖРК Скопје и ЖРК Делчево.

- Оваа генерација заслужи да го освои овој турнир, бевме без пораз во првенството, еве и денес победивме. Еве честитки до мојата екипа и до сите екипи кои учествуваа, рече тренерот на Стружанка, Владимир Паноски.

Во натпреварот за третото место екипата на Скопје беше подобра од домаќинот ЖРК Делчево.

- Ние требаше да играме во финале, и затоа не сум задоволна од третото место, секоја година сме трето место, но се надевам дека во иднина тоа ќе се смени, истакна Андријана Будимир, тренер на екипата на ЖРК Скопје.

За тренерот на домашната екипа, самиот факт што Делчево е меѓу четирите најдобри е одличен успех.

- Единствено очекував публиката да биде нашиот осми играч, но како да имавме дополнителен притисок поради тоа што играме дома. Како и да е за нас е успех што сме меѓу најдобрите во Македонија, рече Велков.

Покрај медалите и пехарите за најдобрите три екипи, награди добија и најдобрите ракометарки на турнирот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски денес пред пратениците

Кој колку украл во министерството за земјоделство, во чие време биле поголеми корупциските скандали, долгови, разочарани земјоделци - власта и опозицијата со меѓусебни обвинување за интерпелацијата.

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски денес пред пратениците

Кој колку украл во министерството за земјоделство, во чие време биле поголеми корупциските скандали, долгови, разочарани земјоделци - власта и опозицијата со меѓусебни обвинување за интерпелацијата што СДСМ ја поднесе за министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Од опозициската партија бараат оставка од Трипуновски со критики дека за две години влада предводена ВМРО-ДПМНЕ, македонското земјоделство е доведено во катастрофална состојба, со корупција и блокирани европски средства. Тој, пак наводите од опозицијата ги оцени како невистинити, паушални и неуспешен обид за добивање политички поени.

Според Трипуновски, СДСМ и екс министерот Николовски се тие што оставиле пустош во земјоделието, хаос во институциите, неисплатени плати во јавните претпријатија и субвенции, задолжувања.

Опозициските пратеници во дебатата бараат политичка одговорност од Трипуновски, од владејачкото мнозинство со контра обвинувања за состојбите додека СДСМ биле на власт.

Дебатата за интерпелацијата за министерот Трипуновски може да трае најдоцна до полноќ, по што пратениците треба да гласаат, но извесно е дека таа нема да ја добие поддршката од владејачкото мнозинство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова

Шефицата на државата Сиљановска Давкова попладнево во Софија ќе оствари билатерална средба со бугарската престетседателка Илијана Јотова. 

Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова

На средбата на маргините на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Југоисточна Европа, Сиљановска ќе биде придружувана од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. Тој нема да има официјална средба со неговата бугарска колешка Велислава Петрова Чамова, но во рамките на состаноците дискутирале и размениле мислења. Во изјава пред средбата Муцунски порача дека суштината на средбите е на бугарската страна да и објаснат дека Македонија е заложник на неприницпипелна политика.

Претходно во изјава за бугарските медиуми прашан за впишување на Бугарите во македонскиот устав Муцунски појасни дека за земјава е важно да нема нови билатерални барања во иднина на евроинтегративниот пат и дека е убеден дека доколку се има воља може да се најде решение. Потенцира и дека Акцискиот план за малцинствата е направен во консултација со експерти од Унијата, а тоа веќе го потврдија и од самата Европската комисја.

„Наша цел како е да бидеме во ситуација во која не само што ќе ги отпочнеме преговорите, туку да знаеме дека нема да има и други билатерални прашања коишто ќе се појават по отпочнувањето на преговорите. Како прашања поврзнаи со историски комисии, тие не се европски темелни прашња и затоа велам добро е да разговараме и да расчистиме кои се очекувањата од двете страни, бидејќи сепак има еден силен билатерален елемент на сето тоа“– Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи.

На регионалниотн самит во Софија присуствуваат претседатели не шефови и влади на 13 земји од регионот. Со денешниот самит во Софија завршува претседателството на Бугарија со Процесот за соработка во Југоисточна Европа ПСЈИЕ и во наредната година со него ќе претседава Романија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мурињо во Реал за 15 милиони - Бенфика веднаш промовираше наследник

Фудбалскиот клуб Бенфика потврди дека Жозе Мурињо ќе стане нов тренер на Реал Мадрид.

Мурињо во Реал за 15 милиони - Бенфика веднаш промовираше наследник

Раководството на Реал ќе мора да Бенфика да и плати обештетување од 15 милиони евра за трансферот на Мурињо од Лисабон во Мадрид.

„Ти благодарам, Жозе Мурињо“, пишува во соопштението на Бенфика.

Веднаш потоа, Бенфика објави дека постигнала договор со Марко Силва, кој ќе биде наследникот на МУрињо на клупата на Бенфика.

Потпишан е двегодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер