3Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени
ЗдравјеСтрушкиот Црвен крст го надмина годишниот план за 2021 година, собрани 1871 единици крвВо двете трансфузиски станици во Струга собрани се вкупно 1.871 единица крв во текот на изминатата 2021 година или речиси за 100 повеќе од претходната.Со тоа, според секретарот на општинската организација на Црвен крст – Струга, Адуриме Даути, надминат е годишниот план. – Минатата година реализиран, односно надминат е годишниот план за дарување крв, кој во услови на пандемија го проектиравме на 1.700 крвни единици. Имаме зголемување за 94 крвни единици повеќе од претходната 2020 година, кога беа регистрирани 1.777 дарувања, изјави Даути. За оваа година, очекува нормализирање на состојбата со пандемијата, за кога се планирани 12 крводарителски акции. – За 2022 година планираме 12 крводарителски акции, но доколку има потреба стоиме на располагање за организирање вонредни. Според планот за годинава, предвидено е да собереме минимум 1.700 крвни единици, а секоја дополнителна бројка за нас е успех, додаде Даути. Упати благодарност до тимовите во двете трансфузиони станици во Струга, но и до сите хумани граѓани, кои одговараат на повиците на Црвен крст за дарување крв, секогаш кога е потребно. – Нашите хумани граѓани не ја штедеа нивната крв, туку беа подготвени на секој наш повик да дојдат да даруваат крв, да даруваат живот за оние на кои им е потребно. Апелирам да продолжи трендот на дарување крв, да им помогнеме на оние на кои им е најпотребно, нагласи Даути.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Претпоследна фаза од реконструкцијата на „Ленинова“Претпоследна фаза од реконструкцијата на „Ленинова“, асфалтиран и кружниот тек на крстосницата со „Орце Николов“.Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности во рамки на претпоследната фаза од реконструкцијата на улицата „Ленинова“. Во тек е поставување на втор слој асфалт на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до крстосницата со улицата „Илинденска“, во должина од 412 метри. Се асфалтира и кружниот тек на крстосницата со улицата „Орце Николов“. Ова сообраќајно решение останува како трајно, бидејќи се покажа како успешно во намалување на бројот на сообраќајни несреќи. Во рамки на досегашните активности, од двете страни на улицата се поставени нови пешачки патеки со вкупна должина од 825 метри. Подигнати и нивелирани се сите сливници и улични шахти, а поставени се и нови рабници. Паралелно се работи на реконструкција на постојната мрежа за јавно осветлување, додека во наредниот период е предвидено и поставување ново урбано зеленило, делумно во жардињери. Реконструкцијата на вториот дел на „Ленинова“ го опфаќа потегот од булеварот „Партизански одреди“ до објектот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во должина од над 600 метри. „Со ова го заокружуваме уредувањето на улицата „Ленинова“ како една од клучните сообраќајници во општината. Општина Центар континуирано вложува во современа, безбедна и функционална инфраструктура, со цел побезбеден и поефикасен сообраќај за сите учесници“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски. Првиот дел од улицата беше реконструиран во 2023 година, од булеварот „Партизански одреди“ до „Клубот на пратеници“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтре отворен ден во О. КарпошВо среда (29.07.2026), од 13:00 до 17:00 часот, во холот во Општина Карпош, градоначалникот Сотир Лукровски и раководителите од општинските сектори, ќе одржат средба со граѓаните на Карпош. Отворениот ден во Општина Карпош , ќе се реализира по втор пат изминатиот период.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Силен земјотрес во Јапонија: Има повредени; железничкиот сообраќај е во прекин Земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала денеска го погоди Јапонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил на островот Кјушу на југот од земјата, на длабочина од 10 километри и на 25 километри од градот Кумамото. JAPAN EARTHQUAKE MOMENT pic.twitter.com/qytUMzfCdN — 𝑫 𝑬 𝑿 𝑻 𝑬 𝑹 🇫🇷 (@fenerlitopuria) July 28, 2026 Според јапонските медиуми, неколку лица се повредени. По земјотресот, железничкиот сообраќај во регионот Кјушу, вклучително и оној на брзиот воз „Шинкансен“, беше прекинат, соопшти компанијата „Кјушу рејлвеј“, пренесе агенцијата Кјодо. Компанијата „Кјушу“ соопшти дека не се утврдени неправилности во нуклеарните централи „Генкаи“ во префектурата Сага и „Сендаи“ во префектурата Кагошима. Исто така, беше соопштено дека нивоата на радијација околу мерните станици не претрпеле промени. A few minutes ago: The stone walls of Kumamoto Castle collapsed following a magnitude 7.1 earthquake (地震 ) that struck 4 km southeast of Uki, Kumamoto Prefecture, Japan. pic.twitter.com/PwXwldRmIr — Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 28, 2026 Американскиот центар за предупредување од цунами (PTWC) соопшти дека опасноста од цунами по земјотресот поминала и дека не постои закана од цунами за јапонскиот брег. Според сведоштва објавени на веб-страницата на EMSC, се почувствувало нишање што траело неколку секунди. ▽防災カメラ 07/28 16:40ごろの #熊本県 各地のライブ映像 熊本 水俣・天草・中央区・八代 28日午後4時27分ごろ地震 気象庁は津波注意報を発表 ▼有明・八代海(予想高さ 1m) ▽【地震】熊本県で震度7 各地の #ライブカメラ (NHK)と雨雲レーダーhttps://t.co/HJcCM2sw4K https://t.co/hnwhAIGtOT pic.twitter.com/a1LjwTaqa3 — ライブカメラ検索マップ (@web_camera) July 28, 2026 Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter